Број 3490  среда, 26 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Слабејте како познатите ѕвезди

Актерката Деми Мур, жената за која сите тврдат дека во петтата деценија изгледа многу подобро отколку во своите млади години, секојдневно објавува необработени фотографии на социјалната интернет-мрежа „Твитер“, со кои на целиот свет сака да му докаже дека нејзиниот изглед не е резултат на естетската хирургија. Имено, Деми веќе долго се бори против гласиштата дека била подложена на хируршки зафати, цврсто тврдејќи дека за младешкиот изглед може да му се заблагодари на помладиот сопруг Качер, но и здравиот начин на исхрана. Со оглед на тоа што веќе наполни 48 години, а притоа тешко може да и се најде замерка на витата фигура и совршениот тен, диетата на Деми Мур станува светски хит. Таа тврди дека „свежата“ убавина и идиличната телесна тежина ги одржува без гладување.

Програма на „Чистење“

Деми Мур ја следи т.н. програма на чистење, план за исхрана на американските нутриционисти, во кој не е вклучена брзата храна, а ниту спроведува строга детоксикација на организмот. Тајната е во здравите, нискокалорични намирници, кои, главно, се подготвуваат на посебен начин за да останат во полупечена состојба, во обичн��, негазирана вода и свежи исцедени овошја. Овие продукти го снабдуваат организмот со сите потребни хранливи состојки и притоа, на тој начин, ја одржуваат вашата посакувана тежина.

Деми Мур не е единствениот поборник на ваквата диета. Неа ја следат и други славни убавици, како Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез, но и бившата „спајсица“ Гери Халивел, која пред неколку години успеа да симне десетина килограми и до ден денес да ја одржи посакуваната тежина. Поради тоа, на многу интернет-страници ја нарекоа „холивудската диета“, која функционира по принципот „отстранување на нездравата храна - губење непосакувани килограми“. Елиминирање на пржени компири, колачи, бисквити и висококалорични грицки богати со масти и вештачки шеќер, притоа фокусирајќи се на овошје и на зеленчук, но и месо подготвено на здрав начин.

Без гладување

Диетата не вклучува гладување, што, всушност, и' додава посебен шарм, па многу лесно ги привлекува холивудските ѕвезди. Не постои ригорозен режим на исхрана на кој треба да се придржувате, единствено, потребно е да размислите за секој залак што ќе го ставите во уста. По неколку „внимателни“ оброци човекот станува свесен за се’ она што го внесува во себе, па полесно е да се откаже од маснотиите и слатките производи. Баш поради тоа, за разлика од другите видови диети, многу побрзо се уочуваат резултатите од слабеењето. Во оваа диета нема простор за паника или самоказнување, па славните дами тврдат дека не е воопшто страшно доколку испиете чаша вино или изедете некое парче торта. Таквите „излети“ и тоа како се дозволени, но само доколку ја одржувате рамнотежата помеѓу здравата и нездравата храна, така што предност им давате на продуктите што го „штитат“ телото од штетните материи.

Гвинет Палтроу изјави дека нејзиниот режим на исхрана е прилично едноставен, а веќе неколку години кога ќе седне во некое кафуле, не мисли двапати што ќе пие - минерална, негазирана вода е нејзиниот најдобар избор.

Десет златни правила


1. Ограничете го внесувањето на брза храна, грицки, газирани пијалаци и храна што содржи адитиви

2. Намалете со кофеинот

3. Пијте вода пред секој оброк - така ќе се чувствувате сити

4. Самите подготвувајте ги своите оброци, на тој начин ќе знаете што, всушност, јадете.

5. Во секој ваш оброк место нека најдат овошјето, зеленчукот и различни семиња

6. Намалете ги количините алкохол. Пред да почнете да пиете алкохолен пијалак, јадете здрав оброк.

7. Направете рамнотежа во порцијата. Порцијата место или риба не треба да биде поголема од кутија за карти, а количината на јаглехидратите од стисната тупаница.

8. Јадете најмногу шест грама сол во текот на денот

9. Намалете со внесување „лоши“ маснотии како што е маргаринот

Не практикувајте „диетална храна“, затоа што има мала нутриционистичка вредност и обично е полна со адитиви


#
Статијата е прочитана 1528 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Не, јас не сум
Коалициски пазарења за фотелјата во Судски совет
„Кралскиот говор“ поведе со 12 номинации
Сите на улица!
Чии кодоши крие(ла) тајната полиција?
Марти ја подели македонската делегација во Стразбур
Последен воз за откуп на дворовите
Изиграни рекреативци
Бизнисот бара чист простор
Суетата на касапот Ѓуро Сатарот
Лук и белки од јајца против сезонски настинки
Операцијата е успешна! А пациентот?
Брат му живее во сиромаштија
Универзитетските професори на протести
Карикатура
Училиштата и градинките на штрек поради грипот
Прва жртва на свински грип во Македонија
Експлозии во Атина и на Закинтос
Митровиќ труен со бензин, олово и арсеник
Автомобил бомба во Дагестан, 4 загинати
Бајруш Сејдиу доби 12 години затвор