Број 3490  среда, 26 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Мислења

Суетата на касапот Ѓуро Сатарот

Нано Ружин

На тој начин се одржува долговечноста на партискиот ајатолах. Затоа суетата не е само терапија против депресија, туку и полезен медикамент за секој партиски шеф

Касапот Ѓуро Сатарот од Волково бил многу суетен човек. Меѓутоа, тој не се родил таков ниту знаел што значи да се биде суетен. Имал релативно среќно детство.Татко му Мите Чонч бил фудбалер во селскиот клуб Ракета, но и земјоделец и најмногу одгледувал ран зеленчук и зелка во Бардовци. Дедо му Крстан бил касап и бистар човек. Наместо убавите зелени полиња на Волково, Ѓуро повеќе го привлекувало скромното месарско дуќанче на дедо му Крсте. Дедо му го прифатил малиот Ѓуро да работи како чирак и освен на занаетот, го подучувал и како да се однесува со муштериите. Кога ќе му продаваш на муштеријата, гледај го право в очи и убеди го дека тоа парче си го чувал токму за него. Секој муштерија е суетен. Тоа го научив во Лесковац од месарот Панта Шумадинац. „Дедо, што значи да си суетен?“, му се обратил малиот Ѓуро на својот дедо. Стариот Крстан се замислил и му одговорил: „Па, вака - ако на полицаецот Ламбе му кажеш дека е глуп, тој ќе биде суетен и ќе ти удри еден пендрак. Ако на партискиот секретар на СКМ, Јосе, му кажеш дека пожарникарот Миле од Трубарево е попаметен и попопуларен, Јосе може да биде суетен и да го отпушти Милета од работа, а тебе да те прогласат за антидржавен елемент“. Куриозитетот на Ѓуро бил голем: „Дедо, а мама дали е суетна?“ Стариот Крстан се почешал по келавата глава и како за себе промрморил: ако татко ти продолжи да ја пегла шнајдерката Милица, мајка ти ќе стане суетна и ќе го скрши сукалото од неговиот грб.

Со текот на времето Ѓуро Касапот почнал да сфаќа што значи суетен муштерија. Дедо му Крстан му го препуштил дуќанот, а тој не престанал да ги гледа муштериите в очи, да им фрла по некој комплимент и да им продава на избраните муштерии посебни парчиња месо што ги чувал „скриени“ зад тезгите. До 1991 работите на касапите биле едноставни и јасно подредени: најубавото парче за Јосе и за останатите членови на Комитетот, за докторот Ацо, за директорот на кооперативата, за инженерот Стојимир, за марвин-докторот Столе, за првоборецот Бузо и за Анѓа од АФЖ.

По стекнувањето на независноста на РМ и воведувањето на повеќепартискиот режим, работите за касапскиот пресеанс се усложниле. Во селото биле формирани пет партии на чие чело застанале многу суетни лидери. Со својата суета се издвојувале двајцата брадести лидери Паун Тиквата од СДСМ и Тодор Камшикот од ВМРО-ДПМНЕ.

Касапот Ѓуро мака мачел како да им најде две свежи телешки глави во ист ден на двајцата лидери што имале слични гурмански апетити, а тој колел по едно теле на 15 дена. Освен тоа, и двајцата барале телешки џигер и ребра за Велигден, цревца, мозок, јазик, копита за Водици. Најнепријатниот ден за Ѓуро Сатарот бил кога двајцата функционери стигнале во касапницата во придружба на своите сопруги Рула и Фанула за да купат месо, а тој имал само еден заклан вол. Проработиле суетите.Ти велев дека овој касап е масно комунистичко прасе, негодувала Фанула затоа што на истотот место се сретнале со Паун Тиквата од СДСМ. Ѓуро размислувал рационално и воловската глава ја добил локалниот лидер на владејачката партија Тодор Камшикот од Општинскиот комитет на ВМРО. На тоа реагирала Рула, сопругата на локалниот лидер од СДСМ: „Виде ли бе Паунче дека касапов е вмровче?“.

Меѓу 2002 и 2006 телешката глава била резервирана за Паун Тиквата од СДСМ. Постепено и кај Ѓуро почнала да работи суетата особено кога од спротивната страна на улицата се отворила новата месарница „Копитото на Букефал“ на Дуле Касапот, во која зачестено навраќала Фанула на Тодор Камшикот од ВМРО. Овој пат телешката глава на „Копитото на Букефал“ била резервирана за вмровецот. На тој начин и според логиката на политиката, и касапите и касапниците се поделиле партиски. Ѓуро Сатарот станал СДСМ-овец, а Дуле касапот ВМРО-вец. Во 2006 по изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, секој касап си останал со својата партија, а секој лидер си добивал соодветна телешка глава од партискиот касап. Политизацијата на касапите се интензивирала .

Паун Тиквата го повикал Ѓурота да присуствува на изборниот состанок на СДСМ, каде што меѓу повеќе кандидати се избирал нов член на Централниот одбор на СДСМ. На состанокот на партијата Ѓуро не препознал ниту еден од поранешните, па и од посвежите кадри на СДСМ. Ниту наставникот Коле, ниту инженерот Стоимир, ниту Љубе уметникот, ниту надежната Стојка не биле присутни. Каде се основачите на партијата? Го запрашал Столе плашливиот марвин - докторот Столе. Тишина да не дојде до ушите на Паун. Ги исчисти луѓето оти му пречеле. И мене ќе ме поткачеше, ама јас му го знаев табиетот. Ако престане да те гледа во очи кога зборува со тебе, тоа е знак дека си ти следниот. Суета Ѓуро,,суета.,Само на Миле Географот му верува, бидејки тој го чека и по шест часа како куче пред праг за да му се умилкува и патем некого да оцинкари. Во меѓувреме, почнала изборната конференција. Членството било поделено се' додека Филимена, близок човек на лидерот Паун, не прошетала со кандидатот Добрил и седнала до него. Тоа бил знакот за кого да гласа членството. На Ѓуро ништо не му било јасно, само сфатил дека партијата станала многу чудна.. Ебати политиката, не знаеш кој е налудничав, кој збунет, а кој суетен.

Слична приказна се случила и на изборниот состанок на ВМРО-ДПМНЕ. Дуле Касапот како еден од спонзорите на партијата бил присутен на состанокот. Кога влегол во Домот на културата каде што се одржувала конференцијата имал чувство дека влегол во средното земјоделско училиште „Пав��л Шатев“. Кандидат за нов член во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бил внукот на Тодор Камшикот, 15-годишниот Кики Цуцлата, кој се истакнал во кампањата на партијата „И Аристотел е наш“. По извршени консултации со лидерот од жолтата куќа во Скопје, Цуцлата станал дел на највисокиот орган на ВМРО-ДПМНЕ. Дуле бил задоволен. Добро е овој нема да ми се мота низ касапница и да бара мркви барем првите десет години. А можеби ќе оди и за амбасадор.

Зошто така одлучиле функционерите, се прашувале касапите. Така одлучиле шефовите, бидејќи во идниот состав им требало што помлади, полојални и што попослушни кадри. Логиката на лидерите на СДСМ и ВМРО е едноставна. Во партиската пирамида меѓу првите стотина што го сочинуваат Централниот одбор или Комитет требало да се избираат догматски заслепени членови, кои се полесни за манипулација, слично како во комунизмот. За останатата партиска структура тоа не е ни битно. Дури лидерите не мораат да уживаат поголема популарност меѓу илјадниците членови. Најбитни се овие стотина во форумот. Тие не смеат да критикуваат никого од партијата, освен од спротивниот камп или да си вршат добронамерни самокритики меѓу сопартијците. Не смеат да даваат изјави за медиумите или да учествуваат во дебатни телевизиски емисии. Тие ја цементираат власта на лидерот. Како ќе каже лидерот, така ќе мораат да размислуваат овие најпослушни, најмлади и најлојални членови. Тоа што тие ќе кажат, така ќе размислува и останатото членство. На тој начин се одржува долговечноста на партискиот ајатолах во владеењето со сопствената партијата. Затоа суетата не е само терапија против депресија, туку и полезен медикамент за секој партиски шеф.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 1575 пати.

Испрати коментар

Од: крт
Датум: 26.01.2011 14:21:17
Силна ви е поентата со КОПИТАТА. Не газат секојдневно. А копито си е копито, од која страна и да доаѓа.
Од: Митко
Датум: 26.01.2011 14:31:40
Браво Г-н Ружин ! Само се сомневам дека некој тие „млади кадри“ (јас би додал и „постари полтрони и послушници“ ) може да го разбере сижето од оваа колумна. А лицето Б.Ц. не верувам дека ќе чита твоја колумна. Поздрав !
Од: serdarot
Датум: 26.01.2011 14:31:43
Odlicno!! slikovito, kako vo makedonskite prikazni.Me iznasmeja a voedno i kazavte se sto treba da se kaze.Mnogu porazlicno od dsegasnive kolumnisti me" osvezivte". Pozdrav!!
Од: belomorec3
Датум: 26.01.2011 14:46:02
Nisto neobicno i cudno sto eden kasap go pravel toa.Potseti se Ti samiot sto pravese odnosno kako gi menuvase partiite za da stasas pretstavnik na RM vo Nato i da bides kandidat za pretsedatel na RM na poslednite izbori.Koj e za zalenje.
Од: ајатолах
Датум: 26.01.2011 16:52:38
Си беше еден суетен ајатолах, ама покрај суетноста имаше премногу памет,така да по рокот на употреба ги менуваше своите потрчковци, кои освен полтронството имале неограничени суети.На крај си формирале друштво на оставени љубовници.
Од: Миле - Охрид
Датум: 26.01.2011 17:13:09
Да пости барем и малку слобода во Македонија, би можеле ваквите да ги наречеме со вистинското име. Но, на жалост, ја нема. Нвредите, клеветите, непристојниот речник, личните дискфалификации, поттикнувањето на национална, верска омраза се дозволени за подржувачите на грчките шовинистички уцени, а на сметка на оние (Македонците) кои одлучиле да се борат за своето право да постојат. Малубројни се, но добро се распоредени, подржани (со закани) и стимулирани од непријателите на државата на македонскиот народ. И овој напис го доживувам како дел од Акциониот план - Македонија да се прикаже како земја која не заслужува да постои, па затоа треба да се укине со промена на името.
Од: Професорка до Миле - Охрид
Датум: 26.01.2011 19:38:18
Миле, па тоа е страшно. Ти сиромав ништо не си разбрал. Ве научиле во партијата за се иста плоча да вртите. Каде бре виде “велеидајство“ на Македонија? Те учеле ли тебе што се метафори, сатири и други стилски форми? Да не си завршил на некој дисперзиран факултет на пастирот ти или си во тие рекордни 95.5% средношколци (читај и диво и сурово) кои успеале да влезат во високото образование? Не е страшно што ти лично вака мислиш, страшно е што има насекаде твои клонови. Ај, доста те учев за без пари.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 26.01.2011 21:56:10
Незгодно е човек да прашува некого кој се окористил од двајца,,ајатоласи,,.Кај првиот се правеше политичка кариера и се стигна до врвот на ајатолското опкружување. Каде вториот своевремено некој стана амбасадор во НАТО.Е сега се поставува прашањето кога се погреши во проценката кон ,,ајатоласите,, тогаш или сега.Зошто дозволивте да правите кариери со помош на ,,грешните ајатоласи,,
Од: mene
Датум: 26.01.2011 22:09:43
Bravo profesore, ke ti kazev bravo profesore da go pisuvase ova koga bese so ednite pa potoa i so drugite.A vaka sega koga snema teleski glavi za takvite kako vas, ne ste za veruvanje deka go mislite toa sto go pisuvate. jas licno mislam deka se nadevate da se otvori treta kasapnica pod nekoe novo ime za da ima teleska glava i za vas. Sepak bravo, bar ste iskren na indirekten nacin.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Не, јас не сум
Коалициски пазарења за фотелјата во Судски совет
„Кралскиот говор“ поведе со 12 номинации
Сите на улица!
Чии кодоши крие(ла) тајната полиција?
Марти ја подели македонската делегација во Стразбур
Последен воз за откуп на дворовите
Изиграни рекреативци
Слабејте како холивудските ѕвезди
Бизнисот бара чист простор
Лук и белки од јајца против сезонски настинки
Операцијата е успешна! А пациентот?
Брат му живее во сиромаштија
Универзитетските професори на протести
Карикатура
Училиштата и градинките на штрек поради грипот
Прва жртва на свински грип во Македонија
Експлозии во Атина и на Закинтос
Митровиќ труен со бензин, олово и арсеник
Автомобил бомба во Дагестан, 4 загинати
Бајруш Сејдиу доби 12 години затвор