|
|
|
|
|
|
Попатно
Не, јас не сум
Нина Нинеска-Фиданоска
Што да прават оние чии мозок одбива да биде третиран во машини за перење колку и да се тие модерни и надградени со најсовремените спин-алатки
Не, не, јас не сум А1. Или сум? И која сум навистина јас? И кој повторно се обидува да го пере мојот мозок? И мозоците на кутрите граѓани на оваа држава, кои и досега ги переше кој како ќе стигне. Жално е што тоа перење продолжува секој ден, секој час, секој миг, се' посилно и секој нареден пат повулгарен од претходниот. А луѓето се збунети. Неверојатно збунети.
Не мислам притоа на оние јасно обоени ликови од едниот или од другиот табор на црно-белиот македонски политички свет. За нив нема забуни, нема нејаснотии, нема непознатости. Не мора дури ни да размислуваат ако не сакаат. А и зошто да го прават тоа кога партијата знае најдобро.
Ако матицата каже дека тутунарите се аздисани, значи аздисани се. Ако таа, пак, „пресече“ оти се онеправдани, измачени и измамени, тогаш сигурно мора да е така. Ако централата пресуди дека се' живо мора да се лустрира, тогаш што чекаме - одиме сите веднаш да лустрир��ме. Колку повеќе, толку подобро...
Но, што да прават оние што некако тешко се вклопуваат во ваквите еднострани шеми. Оние чии што мозок, едноставно, одбива да биде третиран во разните машини за перење, колку и да се тие модерни и надградени со најсовремените спин-алатки. Како тие во ова сеопшто лудило да му пркосат на перењето? Како да го задржат здравиот разум, како да продолжат нормално и логички да резонираат, а притоа да не бидат етикетирани од првиве или од вториве. Зошто тие, војниците од двата одреда, едвај чекаат некој да измрда од нивните закатанчени клишеа. Веднаш ве пуштаат на уште појака програма во нивната машина. Се' додека не успеат целосно да ве исперат, се' додека нивната вистина не ви ја наметнат и како ваша.
Еве, на пример, Владата не отстапува од намерата да ме убеди мене и, веројатно, уште многу тврди глави како што е мојата дека девојчето од 17 години не треба ни да се посомнева дали да го роди своето неочекувано и несакано дете. Не, никако, советуваат некои паметници од најновата реклама. Напротив, тоа треба да „избере живот“. Иако на својот слободно ќе може да заборави, барем во наредните неколку години. Ако се суди според упорноста со која Владата си ја турка кампањата во медиумите (одбивам и воопшто да дискутирам за крајно невкусната споредба на илјадарката потрошена за кафеана со онаа за пелени), полека ми станува јасно дека некој таму хронично „работи“ на перење на нашите мозоци. И сака во нив да го вгради чипот на неговата вистина наспроти нашите досегашни убедувања.
Има и една уште позагрижувачка варијанта, а таа е дека преку беспредметната и бескорисна дебата за абортусот можеби треба да се покријат некои малку поопасни теми, на пример, онаа за ветените и никогаш недојдени милионски странски инвестиции. Или прашалниците што висат околу властите за тоа како ќе ги трошат парите од монетарците и од новата еврообврзница што планираат да ја издадат, бидејќи, онака попатно, доста добро ќе не' заглават со новите задолжувања.
Или тутунарската сага да ја земеме за пример. Едните велат дека овие несреќни земјоделски производители се ограбени, а другите оти имале шанса да „ќарат“ од тутунот како никогаш досега. Првата телевизија ве убедува оти власта е во спрега со откупните компании и оти со заеднички сили ги мамат тутунарите, но само за половина час следуваат нови вести, каде што досегашните тутунарски жртви се трансформираат во политички активисти или изманипулирани наивковци, кои намерно кројат заговор против владиниот главен адут - земјоделските субвенции.
И кому сега да му верувате. Кои од перачите се во право, а кои не се. Не само што нема квалитетна, туку нема никаква дебата за вистинските причини зошто дојде до ваквиот дебакл во годинешнава тутунарска приказна. Ретки беа оние што се обидоа, онака со здрава глава, да ги разгледаат сите аспекти на случајот и да се обидат да дадат сериозен одговор зошто политиката на субвенционирање остана безуспешна и зошто на крајот пазарот беше тој што им „пресуди“ на тутунарите.
И лустрацијата ја испревртија за свои потреби. Иако јас никогаш докрај не разбрав зошто воопшто ни треба такво прочистување и чепкање по духовите од минатото наместо еднаш засекогаш да се свртиме кон иднината и кон посветлата перспектива што таа би можела да ни ја донесе, уште повеќе сум зачудена што наскоро, веројатно, сите ние ќе станеме предмет на обработка. Не можам да разберам како владините претставници мртви ладни изјавуваат оти целта на новиот законски предлог била „да се прошири опфатот на лустрацијата“. Зошто да се прошири, објаснете ми луѓе мои. Немаме ли друга попаметна работа отколку сите до еден да се лустрираме меѓу себе.
Додека ние ги вадиме од архива правливите документи за да се местиме едни со други, умните во светот градат патишта, мостови, хидроцентрали, реновираат болници и училишта... Ама не, некому изгледа ќе му одговара на одреден временски тајминг да лиферува по некое досие. Не оди ли нешто работава со тутунот - дај еден кодош, граѓанството пак прашува до каде сме во спорот за името - пушти уште еден... И се' така до бескрај. Најновиот фазон сега е што секој ги брои кодошите во туѓите редови. Ќе не' замајуваат уште долго време со таквото непродуктивно пребројување.
И уште не завршил еден од обидите за перење, како да следува нов. „И јас сум А1“ е најновиот проект смислен во нечија работилница (притоа воопшто не конкретизирам во чија, бидејќи покрај двете главни, има и неколку помошни погони), повторно, веројатно, со главна цел да се испере, да се изврти, да се искриви вистинската перцепција што без манипулации би можеле да си ја формираат луѓето.
И прашувам сега зошто и јас треба да бидам А1? Затоа што ако си бил А1, ќе си влезел заедно со нив во битката за демократијата и, замислете, „во битката за нашата држава“. А што ако не се потпишеш, веднаш ли ќе значи тоа оти си контра демократските процеси? Дека си застанал на страната што ја задушува слободата и критичката новинарска мисла и на страната што не си ја сака својата држава?
Е нема да може така. Јас одбивам да бидам А1. Одбивам да го ставам својот потпис за „поддршка во овие тешки моменти“. И не сакам никој да ми припишува дека затоа што одбивам, не се залагам за демократија. Напротив, им давам целосна поддршка на оние што вистински се борат за демократијата, но кои притоа немаат никакви други, скриени мотиви.
Каков што би бил, на пример, оној да се врши замена на тези и да се одвлече вниманието од истрагата што се води во фирмите на „Перо Наков“. Таа не смее да биде попречена се' додека судот не го каже својот последен збор. Колку и да имаше дилетантизам во одредени постапки на инспекциите што јас лично најжестоко го критикував, сомнежот за криминал мора до крај да се расчисти. Затоа, сепак, јас не сум А1. |
#
|
Статијата е прочитана 1924 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ace |
Датум: 26.01.2011 12:15:46 |
|
pa iskreno ne ni mozes da bides a1, zosto daleku si od toa nivo na objektivnost |
|
|
|
|
|
|
Од: Oskar |
Датум: 26.01.2011 12:36:48 |
|
G-go Fidanovska, napisot Vi e sosema na mesto, potpolno ste vo pravo, od zbor do zbor. Graganite se sosema izludeni so sprotivstaveni informacii koi cesto nemaat nisto zaednicko so vistinata, a bez vistinska informacija nema ni vistinski odgovor.
Prasuvam sto ke se sluci vokolku se dozvoli da se unisti TV A-1 i ostaneme na informaciite sto ni gi nudi MTV i Sitel. |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 26.01.2011 12:40:48 |
|
НИНА-Те разбирам и до некаде те сваќам.Но сепак требаше да си го оставеш за СЕБЕ,Она дали и ти си или неси за а1.Секој си има свое РАЗМИСЛУВАЊЕ.Некои си имат вгадено Чипче од самото РАЃАЈНЕ.Некому му вградуват сега.Те прашувам Јавно дали треба јас и ВИЕ да влеземе во конфликт што не размислуваме исто.Исто се РАЗМИСЛУВА од СТРАВ или ИНТЕРЕС,Трето нема.Ако дошло некој да не натера исто да размислуваме,Тоа значи имаме проблем сами со себе. |
|
|
|
|
|
|
Од: zvonko karov |
Датум: 26.01.2011 12:41:09 |
|
Na{i lu|e-va{ potpis
Respektiraniot gra|anin “od slu~aj do slu~aj”se nao|a vo dilema kako da se odnesuva koga “po{tarite” }e mu zazvonat na vratata.Toga{ koga }e go napravat “va`en”A takvi partisko-mediumski “po{tari”}e gledame.Nema da bide va`en samo na{iot potpis(~itaj podr{kata),tuku i na{eto odbivawe .Akciite “I jas sum ….”,Ti si …”so poka`an prst kon nas }e ne vklu~at vo aktivni ili pasivni ~initeli vo op{testvoto,vo demokrati i nedemokrati,solidarni ili sebi~ni,privrzanici ili protivnici,,patrioti ili predavnici.Onie,ovlastenite,koga }e “zatropaat”}e ne smestat tamu kade }e ocenuvaat “na{ite”i koga nema da bideme doma ili koga }e im objasnime deka staveniot potpis ne e za demokratija kako {to tie ja zamislile,tuku za ne{to {to se razlikuva od nivnata i deka ne e “blanko”. za nekakvi akcii koi }e sledat ,a ne mo`eme da gi predvidime za {to se i za kogo se.No,za takvi doobjasnuvawa nema vreme.Im se brza,ima mnogu vrati za pominuvawe.
Tokmu koga na{iot gra|anin “zaspa”za sv |
|
|
|
|
|
|
Од: Jas ne sum A1 |
Датум: 26.01.2011 13:08:31 |
|
Kade se tie od A1 da im kazam deka jas ne gi podrzuvazm. A1 e momentalno najlosata, najpristrasnata i najneslobodnata TV vo Makedonija! |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 26.01.2011 13:20:44 |
|
Mene pak site mediumi mi se isti , bez ogled na politickata opredelba, ureduvackata koncepcija, bez ogled na nivniot intelektualen ili prostacki pristap kon nastanite i sostojbite, bez ogled na verski, nacionalni etnicki ...bla bla,bla....! Megjutoa, ako analiziram kolku od site mediumi zaedno sum ja dobil "demokratijata" ili "vistinata" i "objektivnosta", mozam samo da zapadnam vo depressija! Germanskiot i Francuskiot ambasador javno se pozalija na vakva sostojba , deka morale celo vreme da gledaat vesti na razni televizii za da bidat objektivno informirani , i da ja doznaat vistinata! Jas tvrdam deka se vo zabluda ako mislat deka dosle do vistinata iako gi gledaat site vesti , iako gi citaat site vesnici! Kampanjata na A1 , sekako e izraz na "ocajot" , a "ocajot "e mnogu pomasovna sostojba vo nedostigot na demokratijata , na ovie prostori! Ako ne ste A1, togas sigurno ste UV, sto ne e loso ama ne e dovolno |
|
|
|
|
|
|
Од: kade e hedi? |
Датум: 26.01.2011 13:56:54 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: Mitko |
Датум: 26.01.2011 14:21:59 |
|
Мила Нина ! И јас не сум А1 , ама ќе се потпишам и ќе застанам на страната на А1 во борбата за демократија и против диктатурата во зачеток (ама подоцнежна фаза - 4-5 година ) за да не ни се случува Романија , Тунис , Либија , Зимбабве , или СССР од времето на Сталин . Па ти драга и симпатична „глодур-ке“ размисли за твоите ставови. Што ако беше и ти од таа страна на барикадите. Дали немаше да бидеш А1. Јас сум А1 бидејќи сум мобиран и шиканиран од пред се политички причини како неподобен. Заради тоа ќе се борам против оваа зла власт , не дека сум А1 или симпатизер на лицето Б.Ц. кое е узурпатор на најголемата опозициска партија како да е негова дедовина, ама припаѓам на таа опција (СДСМ) . За да не биде доцна , за да не го запалат Рајхстагот и да изѕидаат конц-логори како Аушвиц. После е доцна. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 26.01.2011 14:23:35 |
|
Ubav tekst, no jas ce kazam deka sum A1 i ce ja podrzam A1 samo zatoa sto taa TV monemtalno, naglasuvam momentalno e edinsvenata koja se bori za demokratijata i koja e na udar od Vlasta so cel fasizacija na zemjata. Koe pravosudstvo ce presudi pravedno vo ovoj slucaj? Sudikata Lidija pod diktat na Grujo i Manevski? Vo Makedonija ne postoi sudski sistem, postoi partisko pravosudstvo. Podrska do A1!!! Ne deka e idealna, no momentalno e na branikot na slobodata. |
|
|
|
|
|
|
Од: dd |
Датум: 26.01.2011 15:54:50 |
|
драга нина, ќе беше во право за последниот збор на судот, доколку ова беше нормална држава каде одлучуваат нормални и независни судии...арно ама, веќе на сите им е јасно, а би требало и на тебе, дека во оваа држава не одлучува судот, туку пастирот....затоа ти препорачувам, биди и ти а1, зашто не е далеку денот кога че направат и ти да бидеш а1 |
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 26.01.2011 17:59:46 |
|
Г-ѓо ве рачунав за малку послободна во своите написи и верувања , ама ... Ова не ви е прв напис против вашите колеги од А1, ама се надевам дека ќе ви биде последен !! Не знам што А1 ви има згрешено , ама не треба тоа јавно и од вашата позиција , да го изнесувате вака...Јас би внимавал да сум на ваше место ?! Веќе му засметавте на премиерот , не вие , ами Утрински , па рачунаје дека А1 падне , ВИЕ СТЕ СЛЕДНИ !!!! Е тогаш и јас нема да бидам УТРИНСКИ !!! Или сепак ќе бидам , бидејќи сум за А1 и за слободата на говорот и изразувањето !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: pravda |
Датум: 26.01.2011 19:36:12 |
|
Nemam namera da zastanam zad kriminalot na Pero Nakov pod uslov da bide otkrien i kaznet,no sekogas ke bidam za slobodata na govorot,pravoto na demokratija i prezumcija na nevinost.Onaka kako sto ke zastanam zad A1 ke zastanam i zad bilo koj medium vrz koj bilo koja vlast vrsi opstrukcija,zal mi e sto prepukuvanjata na vasata firma MPM i A1 dovedoa do toa da objektivnosta kaj novinarite od dvete kuci se svede na medjusebno prepukuvanje.I pocituvana Fidanska ne mora da bidete A1,mozete da bidete MTV,Sitel,Kanal 5 ili bilo koja TV,pravoto na izbor e individualen i licen,i toa nemam namera da vi go sporam,no objektivnosta vo novinarstvoto denes vo RM morate da priznaete e vo racete na gazdite a,ne na novinarite,pa izborete se za samite sebe,nie kako citateli ili gledaci koi sakaat objektivnost sekogas ke zastaneme so vas,do vas ama Vie ke morate sepak da bidete prvi! |
|
|
|
|
|
|
Од: patriot |
Датум: 26.01.2011 20:47:11 |
|
ne se plasete komunjari za demokratijata vo makedonija uste pomalku od diktaturata na gruevski, problem vo mak. i mak. novinari e neobjektivnista,lagite ,manipulaciite i red drugi raboti(kriminalot na primer)sekako i jas bi gi podrzal site kritiki kon vlasta ama so fakti a ne zatoa sto mozokot od liderot vi B.C e zastanat nekade vo sreden vek.uste pomalku zosto toj taka smetal .bravo nina |
|
|
|
|
|
|
Од: pikolo |
Датум: 27.01.2011 00:16:24 |
|
пишувањево е на место
до кога црно бело, мора ли да бидеме за едните или за другите???
Ако сме само обични луѓе, само обични Македонци, Има три вистини: Моја; твоја и правата господова вистина |
|
|
|
|
|
|
Од: boris |
Датум: 27.01.2011 00:56:52 |
|
Аj што си убава, убава си. Ама и памет имаш. Мислата ти е чиста, јасна и остра. Би сакал, навистина би сакал да Ве има повеќе. Ја красите државата и професијата. А за темава има една народна..: ,, да не речат оти кучето е бесно...,, и да не е ќе почнат да го избегнуваат. За а1 не само што рекоа дека е бесна туку и ...навистина побесне. Бесно куче не брани туку напаѓа. Поздрав |
|
|
|
|
|
|
Од: Дони |
Датум: 27.01.2011 01:18:19 |
|
Сигурно сите граѓани кои ќе се потпишат за А1 не се А1 и не се потпишуваат заради некаква телевизија, исто така сите тие не се за СДСМ или Обединети. Граѓаните ќе се потпишат за одбрана на демократијата и слободата на медиумите („Не се согласувам со твоите зборови, но до смрт ќе го бранам твоето право да ги кажеш“). Се чини дека нашата влада која е избрана за подобрување на економската состојба, намалување на невработеноста, поголеми плати, го заборава народот кој ја изгласал, ним им е добро додека животот станува се полош и тоа најмногу го чувствуваат сиромашните. Најлошо од се е што не сака ни да го слушне гласот од народот и да ја менува насоката според неговите потреби. А препукувањата меѓу А1 и Утрински оставаат грда слика и за едните и за другите. |
|
|
|
|
|
|
Од: Od Cicko |
Датум: 27.01.2011 07:48:35 |
|
ama pranje mozoci toj sto e ima muvata na kapata uvek ja brka.................... |
|
|
|
|
|
|
Од: Зевзекмен |
Датум: 27.01.2011 10:20:53 |
|
поред желбата да се прикаже А1 како единствена телевизија и единствено мерило, ( а самите зборуваат против едноумието), најголемата демагогија е што од А1 се прави некој штит кој треба да дава апсолутен имунитет за криминалот на фирмите од Перо наков б.б., а во исто време ќе тврдат и дека немаат врска со тие фантомски фирми. Патем, некако во исто време се случи и акцијата на ФБИ против мафијата. Интересно, не е на тапет само дилањето на дрога, проституција и слично, туку и перењето пари и даночното затајување. А тоа се деликти кој најлесно се докажуват, т.е. не треба ниту да се докажуват, секој кому ќе се открие таен кеш или пари на сметки без потекло и без платени даноци е Виновен... така е секаде во западниот свет, но кај нас некој не сакаат тоа да се применува. Почнувајки од тајкуните до политичките партии, а и адвокатите и поповите никако да се фискализираат |
|
|
|
|
|
|
Од: anja |
Датум: 27.01.2011 10:44:51 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|