Број 3490  среда, 26 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

„Кралскиот говор“ поведе со 12 номинации

„Човекот наречен Храброст“ на браќата Коен изби на врвот на листата со 10 номинации, а зад него се „Социјална мрежа“ и „Почеток“ со осум

Сунчица Уневска

Британскиот филм „Кралскиот говор“ на Том Хупер, сосем очекувано, поведе во трката за 83. награди „Оскар“ со 12 номинации, вклучувајќи ги оние за најдобар филм, за најдобра режија и за водечката улога на Колин Фирт. Но, она што е неочекувано е дека вестерн-римејкот „Човекот наречен храброст“ на браќата Џоел и Етан Коен изби на второ место, со освоени десет номинации, додека големиот фаворит „Социјална мрежа“ е на трето место со осум номинации, колку што доби и научно-фантастичниот „Почеток“ .

Историскиот филм „Кралскиот говор“, кој ја раскажува приказната за кралот Џорџ VI шести што имал проблем со пелтечењето, доби уште две актерски номинации, за Хелена Бонам Картер и за Џефри Раш за споредна улога. Овој филм доби номинација и за оригиналното сценарио на Дејвид Седлер, за сценографија, фотографија, костимографија и за музиката на Александар Десплат.

Браќата Коен, пак, кои досега имаа четири номинации за „Оскар“, повторно влегоа на оваа листа, и тоа овој пат со најголем број номинации освоени за некој свој филм. „Човекот наречен Храброст“, кој има ист наслов и иста приказна како познатиот класик со Џон Вејн, но за кој браќата Коен тврдат дека не е римејк, освои номинации за Џеф Бриџис за главна улога и за 14-годишната Хеинли Стеинфилд за споредна улога. А покрај номинацијата за режија, и овој пат освоија номинација за сценарио, кое е адаптација на романот на Чарлс Портис, истиот по кој е направен и филмот од 1969 со Џон Вејн.

Во трката за најдобар филм, каде што од пред неколку години се номинирани десет филма, покрај „Кралскиот говор“, „Човекот наречен храброст“, „Социјална мрежа“ и „Почеток“ се и: „Црниот лебед“, „Борец“, „Децата се добро“ „127 часа“, „Приказна за играчките 3“ и „Зимска коска“. Она што е интересно е дека анимираниот филм „Приказна за играчките 3“ доби две номинации за најдобар филм, и во главната трка, и во трката за најдобра анимација. Исто така, необично е што годинава меѓу главните фаворити се најдоа два независни филма кои беа лансирани на познатиот фестивал „Санденс“, и тоа и двата потпишани од режисерки: „Зимска коска“ на Дебра Граник и „Децата се добро“ на Лиза Чолоденко, а кои освоија и ист број номинации, по четири. Станува збор за две исклучителни семејни стории, првиот како криминална драма, а вториот една необична лезбиска приказна.

Независните филмови на врвот на трката ги ставија и двете актерки, Анет Бенинг и Џенифер Лоренс, кои се номинирани за најдобра женеска улога, заедно со Никол Кидман за „Зајачка дупка“, Мишел Вилијамс за „Синиот Валентајн“ и фаворитката Натали Портман, која за психолошкиот портрет на балерината во „Црниот лебед“ веќе го доби „Златниот глобус“. Кај машките улоги, пак, има една многу возбудлива ситуација. Имено, сите за најголем фаворит го сметаат Колин Фирт, кој и лани беше номиниран за улогата во „Самец“. Но, сега со номинациите за „Оскар“ како голем фаворит се наметна и Џеф Бриџис за улогата на цврстиот Рустер Кобурн, како и Џеси Ајзенберг за улогата на основачот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг. Номинирани се и Џејмс Франко за „127 часа“ и уште едно изненадување беше влегувањето на Хавиер Бардем на оваа листа, за улогата во „Бјутифул“ на Алехандро Гонзалес Инариту, кој ја доби и номинацијата за странски филм.

Во категоријата за режија, Том Хупер и браќата Коен ќе се борат со Дарен Аронофски кој е номиниран за „Црниот лебед“, со Дејвид О. Расел за боксерската приказна „Борец“ и со Дејвид Финчер за „Социјална мрежа“. Годинава во трка се и доста британски филмови. Покрај „Кралскиот говор“ и ирската сага „Борец“, која доби 7 номинации, во трка за најдобар филм влезе и „127 часа“ на Дени Бојл, додека ветеранот Мајк Ли ќе се натпреварува со оригиналното сценарио за филмот „Уште една година“.

Интересна е ситуацијата и кај номинациите за споредна улога. За најголеми фаворити се сметаат Мелиса Лео и Кристијан Бејл кои ги добија „Златните глобуси“ за филмот „Борец“. Но, меѓу номинираните влезе и малата Хеинли Стеинфилд, која не беше номинирана за „глобус“, исто како и Џеки Вивер со „Животинско царство“, кои многу критичарски здруженија ги сметаа за најдобри. Кај машките споредни улоги се и: Џереми Ренер со „Градот“ и Марк Руфало за „Децата се добро“.

Во категоријата за странски филм, заедно со „Бјутифул“, номинирани се и грчкиот „Кучешки заб“, канадскиот „Инсендис“, данскиот „Во подобар свет“ и контроверзниот алжирски „Надвор од законот“. Интересно е да кажеме дека во категоријата на документарни филмови влезе и филмот за анонимниот цртач на графити Бенкси, „Излез низ продавницата за подароци“, кој можеби ќе го открие идентитетот на ова доделување. Инаку, годинешни водители се Ен Хатавеј и Џејмс Франко, а оскаровската церемонија е на 27 февруари во „Кодак театарот“ во Лос Анџелес.


#
Статијата е прочитана 688 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Не, јас не сум
Коалициски пазарења за фотелјата во Судски совет
Сите на улица!
Чии кодоши крие(ла) тајната полиција?
Марти ја подели македонската делегација во Стразбур
Последен воз за откуп на дворовите
Изиграни рекреативци
Слабејте како холивудските ѕвезди
Бизнисот бара чист простор
Суетата на касапот Ѓуро Сатарот
Лук и белки од јајца против сезонски настинки
Операцијата е успешна! А пациентот?
Брат му живее во сиромаштија
Универзитетските професори на протести
Карикатура
Училиштата и градинките на штрек поради грипот
Прва жртва на свински грип во Македонија
Експлозии во Атина и на Закинтос
Митровиќ труен со бензин, олово и арсеник
Автомобил бомба во Дагестан, 4 загинати
Бајруш Сејдиу доби 12 години затвор