Број 3490  среда, 26 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Последен воз за откуп на дворовите

Уште утре ќе може да се поднесе барање за приватизирање на земјиштето само со лична карта

Билјана Ангеловска

Вистински метеж владее деновиве во Агенцијата за катастар, а уште повеќе во подрачните единици на Управата за имотноправни односи. Можноста само со лична карта да се поднесе барање за откуп на дворното место придонесе максимално да се зголеми бројот на граѓани што аплицираат за приватизација на земјиштето околу своите куќи. Илјадници граѓани ги запоседнаа шалтерите брзајќи да го фатат последниот воз и до четврток, до кога истекува крајниот рок да ги достават барањата. Во спротивно, дворовите ќе останат во државна сопственост, а граѓаните ќе треба за нив да плаќаат кирија во висина од пет проценти од вредноста на земјиштето.

Од Управата за имотноправни работи информираат дека само во текот на вчерашниот ден во подрачните единици пристигнале 7.290 барања за приватизација на дворното земјиште. Од септември 2009 година, кога стартуваше продажбата по цена едно евро за квадратен метар, досега се поднесени вкупно 62.589 барања за откуп на дворовите. Дека граѓаните го чекаа последнио�� момент за да аплицираат покажува и податокот дека само во понеделникот биле поднесени повеќе барања отколку во целото прво полугодие од 2010 година.

Од Министерството за финансии ги охрабруваат сите оние што сакаат да си го приватизираат земјиштето под и околу своите куќи да ја искористат погодноста само со лична карта да ја почнат постапката за откуп додека останатите документи ќе можат да ги достават дополнително. Оттаму појаснуваат дека е доволно граѓаните до четврток да отидат само со лична карта до Управата за имотноправни работи, каде што ќе им биде дадено да пополнат барање, а во текот на постапката Управата ќе ги извести дополнително кога да ги достават другите потребни документи.

Со оглед на тоа што Министерството за финансии релативно доцна реши максимално да ја поедностави постапката за поднесување барање само со лична карта, а не со комплетна документација, деновиве имаше огромни турканици и пред шалтерите во Катастарот, од каде што треба да се добие имотниот лист за куќата, односно станот.

„Бројот на поднесени барања за издавање имотен лист е зголемен во сите 29 подрачни одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности, без исклучок. Само во Центарот за недвижности Скопје и во дисперзираните канцеларии што се наоѓаат во управната зграда на Агенцијата во Автокоманда, во општините Кисела Вода и Чаир, од почетокот на јануари до завчера се поднесени вкупно 21.830 барања за имотни листови. Веднаш е одговорено по сите, односно граѓаните веднаш добиле имотен лист“, велат од Агенцијата за катастар на недвижности.

Оттаму појаснуваат дека во скопскиот Катастар и во трите дисперзирани канцеларии во последниот месец дневно се поднесувале од 1.500 до 1.750 барања за имотен лист. А, за да им се излезе во пресрет на граѓаните, шалтерите во последниве две недели работат со продолжено работно време до 20 часот, како и во деновите на викендот.

Државата засега не планира да го продолжи рокот за откуп на дворовите. Како што неодамна изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески, по истекување на рокот ќе се направат анализи и доколку се констатира дека, сепак, има потреба, таквата можност не се отфрла.

Инаку, според законот, сите граѓани што нема да поднесат барање за откуп на дворното место до 27 јануари, во иднина ќе плаќаат годишна закупнина во висина од пет проценти од вредноста на земјиштето. Колку точно ќе изнесува киријата ќе зависи од самата вредност на земјиштето, поточно од степенот на неговата комунална уреденост. Надлежните појаснуваат дека допрва ќе се прави поделба на зоните во градовите, според кои и ќе се вреднува земјиштето.


#
Статијата е прочитана 2003 пати.

Испрати коментар

Од: Луда Мара
Датум: 26.01.2011 14:35:54
И-де во-зот од Ко-чани...!
Од: zapad
Датум: 26.01.2011 19:37:14
vmro izmisli zakoni koi niakde gi nema vo evropa da pljacka narod koga nema industrija sto bi rekle kumanovci vlada igra k..tasak so narod........
Од: sale
Датум: 26.01.2011 20:17:46
stom ima sini ke dojde belkim i za nas siromastija da mu se kacime ko idijci na voz !
Од: Никола
Датум: 26.01.2011 21:49:25
И пак на сите им текна во последен момент! Како и за се друго! А после штрајкуваат, се жалат и владата им е крива за се!!! Тоа комунизмот „ВЕ“ научил на се да чекате на готово, па малку десна пазарна економија и оп, ВМРО криво за се!!! Во последен момент, ало!!!
Од: diplomat
Датум: 26.01.2011 22:16:47
Da se otkupuvaat sopstveni dvorovi niz lavirinti na drzavnata birokratija, so desetici razlicni dokumenti, od koi vadenje na sekoj poedinecno e sopstvena prikazna... Ova e ludilo na edna ocajna vlada sto saka da ostane na vlast po moznost zasekogas... Samo da se cedat lugeto po sekoja cena, toa e celta na ovaa absolutno nesposobna vlada... A premierot, ako ima naklonost kon rizicni spekulacii, neka odi da raboti vo oblozuvalnica, a ne da spekulira za sopstveni i partiski interesi na smetka na lugeto i drzavata... Inaku fakt e deka kako srednoskolec, organizirase fudbalski utakmici vo srednite ucilista, za paricni oblozuvanja megu ucilistata... I sega vakov eden ke bide premier, i ke gi odreduva ministrite vo vladata... Golem strucnjak i patriot..., A mozebi ima uste i Bugarsko drzavjanstvo... Kojznae? Pozdrav
Од: Miso
Датум: 27.01.2011 06:51:36
Do Nikola, Ne e Nikola do komunizmot sto cekam do posleden moment,tuku nemam PARI.Stecaec sum a so visoko obrazovanie kogo majka ne go naucila da krade pa nemozam da otvoram sopstven biznis,a na 55 godini nikoj nejke da me vraboti, najmalku drzavata oti sto ke im se obrazuvani lugje so rabotno iskustvo koga si imaat partiski kadri od dvaesetina godini koi zaradi zacuvuvanje na rabotnoto mesto ke bidat povekedeceniska glasacka masina. Go podnesov baranjeto a dali ke priberam pari ne znam pa ja molam Vladata da ni dade krediti so povolna kamata da mozeme da si gi otkupime svoite dvorovi.
Од: do diplomat
Датум: 27.01.2011 09:35:04
ne se otkupuvaat sopstvenite, tuku zemjista sto se vo sopstvenost na drzavata, bidejki vo prethodniot sistem komunistite go nacionaliziraa zemjisteto na nasite pretci i gi napravija kiradzii na sopstveniot imot!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Не, јас не сум
Коалициски пазарења за фотелјата во Судски совет
„Кралскиот говор“ поведе со 12 номинации
Сите на улица!
Чии кодоши крие(ла) тајната полиција?
Марти ја подели македонската делегација во Стразбур
Изиграни рекреативци
Слабејте како холивудските ѕвезди
Бизнисот бара чист простор
Суетата на касапот Ѓуро Сатарот
Лук и белки од јајца против сезонски настинки
Операцијата е успешна! А пациентот?
Брат му живее во сиромаштија
Универзитетските професори на протести
Карикатура
Училиштата и градинките на штрек поради грипот
Прва жртва на свински грип во Македонија
Експлозии во Атина и на Закинтос
Митровиќ труен со бензин, олово и арсеник
Автомобил бомба во Дагестан, 4 загинати
Бајруш Сејдиу доби 12 години затвор