Број 3490  среда, 26 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Едиторијал

Сите на улица!

Билјана Јовановска

Ако навистина денот по утрото се познава, тогаш оваа година многу почесто ќе излегуваме на улица, на протести. Нема сомневање дека протестите ќе бидат масовни бидејќи народното незадоволство од ден на ден се зголемува. И тоа драстично. Владата се однесува како да не е од Македонија.

Заинтересирана е само за туркање на сопствените проекти и око не и' трепнува што македонскиот граѓанин нема работа, што не може да си го продаде производството, што живее полошо од кога и да е порано, што лекарите се незадоволни, што на универзитетските професори им е преку глава некои „нови клинци“ да практицираат власт и да им ја деградираат и вулгаризираат професијата...

Кога станува збор за гневот што се насобира со години, стечајците од Куманово, кои залудно протестираат со месеци, се рекордери на долги патеки. Само што нема фајде од нивната борба.

За жал, се изложуваат на трошоци, доаѓаат пред Владата и се' завршува со канонадата од јајца врз лавовите, врз спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Кај оние од „Илинденска“ нема „прием“ за н��што и за никого. До кога - веројатно ќе покажат најавените протести. Два месеца наназад сериозно брануваат тутунарите, а последниот пат на истурањето на гневот пред Собранието присуствуваа сите незадоволни од земјоделската бранша.

Ги обедини маката и игнорантскиот однос на власта. Само што и тие се вратија дома со старите проблеми. Всушност, со проблем плус зашто власта сега ги бара за да им зема отисоци и да утврди кој ги фрлал пластичните шишиња и кој ја кршел оградата пред Собранието.

Од денес почнува нова серија протести. Први се лекарите од Стоматолошкиот клинички центар, ќе ги напуштат ординациите и предупредувачки ќе излезат на мирен протест поради неадекватните услови за работи и намалените плати.

По нив ќе следуваат нивните колеги од Психијатриската болница во Бардовци, а ако власта и натаму се прави на три и пол, за еден месец над шест илјади доктори ќе се соберат на масовен протест. Во меѓувреме, Владата не прави напор да изгасне ниту еден оган.

Остава да тлеат и одново да пламнат. Одвреме-навреме и самата ги распламтува. Не го смирува револтот на тутунарите, исто како што не ги ферма ниту лозарите, стечајците... сите оние на кои им догоре до прстите и гневот веќе го излеаја или допрва ќе го пренесат на скопските улици, на локалните патишта или на граничните премини, сеедно.

Универзитетските професори кои секаде во светот се движечка сила за сите промени, кај нас со децении беа пасивни, молчеа. И сите им забележувавме.

Сега очигледно им пукна филмот и в четврток, по цели 14 години, решија да и' кажат на власта едно големо - не за упадите во уставно загарантираната автономија, за изнасилените измени во Законот за високо образование, за расфрлањето со буџетски пари за фамозното рангирање на Шангајската листа...

А чие трпение ќе биде подолго, па ќе видиме.

Кај и да е.


#
Статијата е прочитана 2135 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 26.01.2011 12:12:24
Жена сте во години, а на такви им прилега разум и свест. Со вакви наслови и пароли само сеете страв и заблуда. Затоа ве молам бидете доследни и кажете го решението за проблемите. Во Македонија ниту имаше фалсификат избори ниту некој од Марс ја постави Владата, околу 70 градоначалници, Претседателот итн. Бидете стрпливи ќе помине година и нешто ќе има избори народот ќе го каже својот став нека не ве фаќа паника. И уште нешто кој сте вие да повикувате на бунт и на протести. Дали сте спремни и одговорноста да ја понесете за евентуалните немири. Разумот е во трпението. А како велат трпение спасение.
Од: забеган.
Датум: 26.01.2011 12:47:26
бИЛЈАНА-Се уште овој НАРОД има трпение.Знаеш зошто затоа што по вакво време (зима)Тешко се издржува гладен,гол,бос.Да се седи навор.Нека муја мислат каде и како ќе бегат овие Владари,Кога ќе пукне Пролет.
Од: kaktus
Датум: 26.01.2011 13:09:12
Кај нас се бунат само тогаш кога ќе им дожежи. Така со професорите. Досега молчеа како риби за се она што се случуваше, оти им беа токму лајците. Сега кога почна да се чепка во нивните привилегии, комодитет и келепури се дигнаа да ја штитат својата автономија, која им била загарантирана. Пази, богати.
Од: Која мудра констатација!
Датум: 26.01.2011 13:14:28
Не се согласувам дека "Владата се однесува како да не е од Македонија." Напротив, опозицијата се однесува како да е од Грција. Зарем почитуваната новинарка не го гледа тоа?
Од: Ramnodusen
Датум: 26.01.2011 13:31:30
Morase da proveram dva pati za da se uveram deka ova go citam vo utrinski a ne vo Spic/Vreme
Од: zane
Датум: 26.01.2011 13:45:23
G-ga Biljana sekoja cest za vasata statija.Se sto napisavte e taka.dali ovoj narod ke se osvesti a mislam da.,zatoa sto e gladen.Spomenicite i site drugi gluposti od strana sto se gradat ke gi plati ovoj gladen narod.No eden ke mus e stemni,se ceka samo denot.
Од: Сергеј
Датум: 26.01.2011 14:46:18
Така е, по се’ изгледа дека оваа зима ќе биде прилично „жешка“. И најверојатно напролет на улиците ќе има поплава (од луѓе) во која ќе се удави оваа самобендисана, диктаторска власт! Доста беше! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: ivo
Датум: 26.01.2011 14:46:50
Mislam deka protestite se greska! Vladata e prekrasna, uspesna, najubava u svet a isto i oligarsite! Tie prekrasno sozdadoa siromastija i menadziraat so siromastijata ! Takov kadar i takvi biznismeni i oligarsi se sekade posakuvani! Treba zatoa , da se raspise megjunaroden tender za nivno angaziranje nekade niz najsiromasnite zemji vo svetot! Koj ke plati poveke, toj da gi dobie site nasi strucnjaci vo paket! Taka i tie zadovolni, i Makedonija ke zeme pari od transferot a ke se ofajdi i nekoja siromasna zemja cija Vlada dosega neuspeva da ja menadzira siromastijata i ima potreba od takvi kadri ! Ako se javi konkurencija od drugi zemji, moze i rang - lista da se napravi, za da se vidi deka nasite kadri se najuspesni ! Duri i bogatite zemji mozat da gi angaziraat , ako sakaat od bilo kakvi pricini da proizvedat siromastija kaj svoite narodi! Taka coveckite resursi ke stanat izvozen artikl , koga veke nemame proizvodi za izvoz!
Од: Do Trpe
Датум: 26.01.2011 14:47:44
A bre Trpe ubavo ime si odbral.Ti samo Trpi i kje stanes Trpe i pol. Zatoa i zaklucuvas so Trpenie spasenie. Dali onoj bolen sto nema pari za lek moze da trpi? Dali gladnite deca na stecaec ot mozat da trpat. Izgleda ti trpis oti zabite ti se "natrpani".
Од: marija georgievska
Датум: 26.01.2011 15:54:46
На коментарите кои се дадени на Вашиот напис почитувана новинарке, можам само да констатирам дека е отслукување на правата слика на нашето секојдневие. Ако ги критикувате(дотичните) за нивното неправилно работење, тогаш сигурно сте СДСМ-овка или предавник од некоја др. СОРОСОИДНА невладина организација. Просто запрепастувачки е колку простотилак и неписменост, дополнета со партиска заслепеност ( да не речам дегенеративност) се акумулиралао во овој народ. Ама ако, малку ни и уште ни треба. Само напред!!!!
Од: pomodren
Датум: 26.01.2011 16:38:35
Izgleda na profesorive super im bilo koga sega po 14 godini resile da protestiraat. trpele 14 godini, ili stradaat sega, ne e jasno.
Од: ?!
Датум: 26.01.2011 16:42:03
Ako preku ulicata seta rabota se sveduva na stani Mujo,da sedne Haso,se e za xabe.Treba obratno.Dvajcata da se spregnat vo ralo.Inaku ke treba narodot sade sam da si ja ora nivata.Vo leto.Ke znee na zima.Bel sneg,se razbira.
Од: Миле - Охрид
Датум: 26.01.2011 16:45:53
Колку и да се трудите, јасни сте како ден. Ја одработувате грчката агенда за дестабилизација на Република Македонија, а со цел прифаќање на грчките шовинистички уцени. Нека се дозволи да се промовира, или афирмира опозиција која ќе застане уште поодлучно во одбрана на правото на македонскиот народ да постои, ќе видите дали и понатака владеачката структура ќе има оволкава подршка. Се додека промената на името и самоукинувањето на Македонците е единствена точка од програмата на опозицијата, таа ќе има таков рејтинг и ќе добива она што го заслужила. Тоа е маргинализирање и исчезнување. Додека власта стои на браникот на одбраната на правото на македонците, загарантирани со меѓународното право, нејзе ќе и се прогледува „низ прсти“.
Од: stecaec
Датум: 26.01.2011 17:22:22
Pocituvana Biljana ,da vi e alal za napisot si obvatile golem del od nasite problemi vo drzavata no tie koi sednale dlaboko vo foteljite grabaat i so race i so noze a najmnogu so nenasitnite usti i nisto ne gledaat nitu pred niv nitu pozadi niv deka ima gladni,bedni,bolni koi nemaat pari za lekar.A za ovie kako Trpe ima Gospod koj gleda i vraca "se vrti trkaloto denes jas utre ti".
Од: Hari
Датум: 26.01.2011 19:51:24
Abe Mile, pusti Mile, sekoj komentar ti e Grcki sovinisticki baranj? Pa sto e parolata sledniot kongres ke go odrzime vo Solun, Solun e nas, poklonuvanje pred karta na Velika Makedonija, osloboduvanje na Solun od strana na Cento?? Zar toa ne e sovinozam, zar toa ne se teritoriojalni pretenzii?Pa cel svet vo MKD gleda fasizam , a ti uporno ona sto ti go veli Latas i Mirka najgolemite platenici vo Makedonija.
Од: lavce
Датум: 26.01.2011 21:09:25
Ma kakvo obrabotuvanje za grcija vie portokalovite vo sekoja kritika gledate nekoja druga partija e protiv vas Ne ne e druga partija tuku na narodot mue dosta od vas i od onie sinite. Tekstot e super i e od narodot za narodot.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 26.01.2011 21:40:00
Уште фали она од Интернационалата ,,Обединете се пролетери ,,разбирасе под чие водство.Инаку авторката на написот Шангајската листа на универзитети ја крсти,,фамозна,,.Таа е светски врвна ранг листа на која меѓу другите се навоѓаат Оксфорд,Кембриџ,Сорбона ,Јеил и др.престижни универзитети.
Од: do Biljana
Датум: 26.01.2011 22:14:36
Dzabe vi e Biljano.So bilo kakvi protesti,nema da ja naterate Makedonija da si go smeni imeto.A onie sto trpele vo vremeto na vlasta na SDSM i ne protestirale,neka prodolzat i ponatamu da trpat.
Од: penzioner
Датум: 26.01.2011 23:36:56
bravo vo centar.Hunzite se voznemirija.Vistinata boli.A nekoi da ne gi boli trebase da napises deka se vo najdobar red ni cvetaat ruzi si ziveeme srecno,visoki plati,penzii za merak,srecni tutunari od radost si igraat po patistata,mlekarite od zadovolstvo sadat Marija i Jovana.Zdravstvoto e super,skolstvoto-belo mleko,bela krava.Toa najdobro ce odgovara.Za se drugo kriv e branko i A1 i slobodoumnite novinari.
Од: Miso
Датум: 27.01.2011 07:16:00
Komentarite so kritika na ovoj tekst gi pisuvaat lugje koi ili ziveat nadvor od drzavata pa ne gi prezivuvaat nejzinite problemi ili edinstven kvalitet im e partiskata pripadnost pa se plasat od promeni so koi toj kvalitet ke im iscezne kako preporaka za rabotnoto im mesto. Vlasta ja podjaduva supstancata na sopsvenata drzava,a toa vodi kon samounistuvanje.Se potoa ke bida docna.
Од: асален професор
Датум: 27.01.2011 07:56:07
Предлагам сите вработени наставници и асистенти од УКИМ да бидат отпуштени од работа заради нивната некомпетентност, привилегии,коруптивност,арогантност,ајлазлак... Ке си назначиме други, со декрет! Ке ни се врати како бумеранг оваа непринципелна кампања против подобрите од нас!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Не, јас не сум
Коалициски пазарења за фотелјата во Судски совет
„Кралскиот говор“ поведе со 12 номинации
Чии кодоши крие(ла) тајната полиција?
Марти ја подели македонската делегација во Стразбур
Последен воз за откуп на дворовите
Изиграни рекреативци
Слабејте како холивудските ѕвезди
Бизнисот бара чист простор
Суетата на касапот Ѓуро Сатарот
Лук и белки од јајца против сезонски настинки
Операцијата е успешна! А пациентот?
Брат му живее во сиромаштија
Универзитетските професори на протести
Карикатура
Училиштата и градинките на штрек поради грипот
Прва жртва на свински грип во Македонија
Експлозии во Атина и на Закинтос
Митровиќ труен со бензин, олово и арсеник
Автомобил бомба во Дагестан, 4 загинати
Бајруш Сејдиу доби 12 години затвор