Образование
Универзитетските професори на протести
27.01.2011, 10:46
За денеска на платото пред комплексот на скопскиот универзитет се најавени протести на професори против, како што велат, одлуката на министерот Тодоров, без консултации, да ги пушти во процедура измените на законот за високо образование.
Според министерот за образование, зад протестот стојат професори, кои поради лични причини, се обидуваат, од реформата на високото образование, да направат политичко прашање.
Против ваквиот начин на изразување на револотот, е и ректорот на скопскиот универзитет. И тој, како и министерот, не ги подржува протестите на своите колеги, универзитетските професори.
|