Број 3490  среда, 26 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Училиштата и градинките на штрек поради грипот

Професорите превентивно ќе ги советуваат учениците да мијат раце и да не се гушкаат

Жаклина Ѓорѓевиќ



За само една недела е дуплиран бројот на заболени од грип, но од Министерството за здравство засега нема најави за затворање на училиштата и на градинките, односно за продолжување на зимскиот распуст. Санитарно-здравствената инспекција деновиве врши контрола на училиштата и на градинките, но велат дека станува збор за редовни контроли на Инспекторатот, а не за вонредни. Во отсуство на писмени препораки од здравствените институции, училиштата и градинките сами ги советуваат учениците и децата од предучилишна возраст да внимаваат на хигиената.

„Ако до петок не добиеме конкретни препораки од Министерството за здравство сами ќе истакнеме соопштение со мерки за претпазливост за грипот“, вели Драган Арсовски, директорот на средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“. Тие ќе ги советуваат учениците почесто да мијат раце, да не се бакнуваат и гушкаат и да избегнуваат затворени простории. Препораки како да се справат и да се заштитат од грипот им се дава и на основците од училиштето „26 Јули“. Директорот Халид Сејди вели дека на учениците им се кажува да внимаваат повеќе на хигиената.

Во моментов нема многу отсутни ученици во основните и во средните училишта. Во повеќето од нив тврдат дека на настава не доаѓаат неколку ученици, што е нормално за овој период од годината, но тоа не може да се сфати како нешто сериозно.

За разлика од училиштата, бројот на децата во градинките е речиси преполовен. Оттаму велат дека тоа е вообичаено за овој период од годината бидејќи дел од децата се настинати, а и поради зимскиот распуст.

„Традиционално, имаме осипување на децата во зимскиот период поради тоа што помалите ги чуваат дома заедно со поголемите за време на зимскиот распуст. Но, и поради настинките зашто станува збор за деца на помала возраст што се кревки со здравјето. Ако продолжи осипувањето ќе ги контактираме родителите за да се информираме за состојбата на децата“, предупредува директорката на градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“, Злата Николиќ. Таа потенцира дека ги следат упатствата на инспекторите да се внимава на хигиената и затоа им пренела на своите вработени дека мора да има почеста дезинфекција на играчките и на просториите во градинките-клонови со кои раководи.

Министерството за здравство пред неколку дена излезе со препораки до училиштата и до градинките, но тие, како што тврдат од образовните институции, не им биле испратени во писмена форма.

„На училиштата и на градинките им се препорачува да ги зајакнат санитарно-хигиенските мерки, со почеста дезинфекција на работните површини и со проветрување на работните простории. Треба да се следи здравствената состојба на децата и оние што се заболени или имаат симптоми на грип не треба да посетуваат настава и треба да се упатат кај матичен лекар“, информираа пред неколку дена надлежните во Министерството за здравство.

Според нив, контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат се редовни, а тие ќе траат и во наредниот период. „Комисијата за заразни заболувања ја следи епидемиолошката состојба и засега нема основи да се прогласи епидемија“, велат службите за информирање во Министерството за здравство.


#
Статијата е прочитана 675 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Не, јас не сум
Коалициски пазарења за фотелјата во Судски совет
„Кралскиот говор“ поведе со 12 номинации
Сите на улица!
Чии кодоши крие(ла) тајната полиција?
Марти ја подели македонската делегација во Стразбур
Последен воз за откуп на дворовите
Изиграни рекреативци
Слабејте како холивудските ѕвезди
Бизнисот бара чист простор
Суетата на касапот Ѓуро Сатарот
Лук и белки од јајца против сезонски настинки
Операцијата е успешна! А пациентот?
Брат му живее во сиромаштија
Универзитетските професори на протести
Карикатура
Прва жртва на свински грип во Македонија
Експлозии во Атина и на Закинтос
Митровиќ труен со бензин, олово и арсеник
Автомобил бомба во Дагестан, 4 загинати
Бајруш Сејдиу доби 12 години затвор