Кочани
Прва жртва на свински грип во Македонија
27.01.2011, 10:24
Момче на околу 30-годишна возраст од Кочани е првата жртва на свинскиот грип во Македонија оваа сезона.
Информацијата ја потврди Министерството за здравство, но повеќе детали најавија за денеска.
Починатиот со сипмтоми на грип во тешка состојба пред една недела е донесен на Инфективната клиника. Неколку дена потоа по направените лабораториски анализи во Институтот за јавно здравје е потврдено дека момчето има грип од типот А Х1Н1.
Момчето една недела се борело за живот на интензивното оделение, било приклучено на респиратор, но и покрај сите напори на лекарите пациентот не успеал да го победи грипот кој му предизвикал тешки компликации на белите дробови
|