Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Економија
09.11.2012, 17:09

Се опремува фабриката што ќе произведува за „Мерцедес“

Во „Дрекслмајер“ почнаа вработувањата и обуките, но не стивнуваат коментарите за платите

АНГЕЛ ДАНОВ


Кавадарци - Големата инвестиција со уште поголеми очекувања кај граѓаните од тиквешкиот регион почна да се реализира. На царинскиот терминал во Кавадарци почна да пристигнува опремата за новата фабрика „Дрекслмајер“, а веќе се вработени и првите работници и менаџери. Дел од нив завршија со едномесечната обука во Романија и Германија, па сега наученото ќе им го пренесуваат на работниците во Кавадарци. Како што рече претседателот на Советот на Кавадарци, Илија Тренчев, менаџерскиот тим на компанијата планира до крајот на годината во фабриката да бидат вработени повеќе од 300 луѓе.

На почетокот интересот за работно место во оваа германска фабрика која ќе произведува делови за „Мерцедес“ беше повеќе од голем и граѓаните постојано прашуваа како да се дојде до работа. Илјадници невработени, но и вработени во други фирми аплицираа на огласот кој го објави Агенцијата за вработување во Кавадарци, сите со надеж дека ќе бидат повикани на разговор и примени на работа. Приоритет при вработувањето имаат оние кои знаат странски јазик, кои се високообразовани, како и лицата чие образование е блиско со она што ќе се работи во фабриката во која ќе се произведуваат кабелски инсталациски системи и електронски компоненти за автомобилите на „Мерцедес“.

Според првичните најави, компанијата ќе вработи 4.000 луѓе и тоа прво од Кавадарци и Тиквешијата, а доколку не бидат обезбедени потребните кадри, работници ќе се бараат и од Прилеп и Велес.

Новата фабрика, како што ја нарекуваат кавадарчани германската инвестиција, и понатаму е топ-тема. Се коментира при секоја средба меѓу граѓаните, пријателите роднините. Се бараат врски преку пријатели и партии, само да се стигне до работа, а некои дури и се преквалификуваат само да успеат да влезат во фабриката. Но, се чини, сепак, некои работи не се како што се замислуваше и ветуваше. Деновиве најкоментирана тема во Кавадарци е платата што ќе ја добивале оние што ќе се вработат, како и условите за работа. Се шпекулира дека примените ќе земале 9.000 денари со платени придонеси, превоз и храна. Ќе се работело во три смени, сабота и недела ќе биле неработни, а за работа на празник ќе се исплаќале празнични дневници.

И, додека некои велат дека се' уште е рано да се зборува за платата, бидејќи не е почнато производството, туку само се врши обука за идните работници, други сметаат дека ако има вистина во ваквите шпекулации, тогаш се работи за минимална плата колку што се исплаќа во Македонија што е далеку од нивните очекувања. Коментираат дека сите се свесни оти странските инвеститори доаѓаат да инвестираат во Македонија само поради евтината работна рака. Но, и покрај се', граѓаните и натаму очекуваат дека оваа германска компанија ќе ја раздвижи македонската економија и ќе ја намали армијата невработени, пред се' во Тиквешијата.

За шпекулациите околу висината на платата се обидовме да добиеме официјална информација од канцеларијата на „Дрекслмајер“ во Кавадарци. Но, од таму ни беше ветено дека одговор на прашањата ќе добиеме од понеделник.


Статијата е прочитана 4445 пати.

Испрати коментар



Германија го скрои буџетот со нови долгови
Пропаѓа фирмата што го градеше мостот „Око“
Македонија интензивно се подготвува за „Јужен тек“



kole, 10.11.2012 03:27:25
Да, дааа .... За жал. Ќе мора да се изборите за поголема плата, мили мои македончиња. Таа битка Владата нема да може да ви ја бие. ВИЕ ќе мора да се изборите. САМИ!
lana, 10.11.2012 04:32:50
Dobro e toa sto narodot go postavuva prasanjeto za platite, bidejki poveke od jasno e zosto germancite investiraat vo siromasnite zemji. Kolku bi bila platata na rabotnicite vo Germanija, toa sekako treba da bide prasanje postaveno od vladata pred da se vleze so taa investicija vo Makedonija. Megutoa niv sekako toa ne im e vazno i si go prodavaat narodot po sekoja cena reklamirajki se deka dovele novi investitori... Za devet ijadi denari, pa i neka se 18 iljadi e bruka i sram i na germanskite invest, i na vladata. Uste edno golemo predavstvo na sirotiot narod. Samo da napomenam deka za takva rabota platatana na obicen rabotnik vo Germanija bi bila minimum 3.000 evra, a na strucniot kadar minimum 8 iljadi, sega vie barajte logika. Topli pozdravi
Od Zapad, 10.11.2012 06:13:57
Jaka plata. 10 Evra na den za treta smena. Sto e mnogu mnogu e. Samo vladata da ne im dava drzavni subvencii na Germancite. Nisto ne e cudno. Dobri investicii vi nosi vladata. Ne im se isplakjalo na Germancite da otvorat fabrika vo Bangladesh se odlucile vo Makedonija, zatoa sto bilo poblisku.
zoran_macedonia, 10.11.2012 10:24:04
Да бе со плата од 8.500 денари се е розово...иди бегај бе, жива срамота
penzioner, 10.11.2012 12:25:29
Toa e sigurno minimalna plata za dogovor vo prvite nekolku meseci. Na toa treba da se dodade hrana, prevoz i site pridonesi. No i site 4000 vraboteni da se so tolkava plata, toa godisno ke znaci 8 milioni evra za Kavadarci. Plus 4000 prevozi dnevno, plus 3 pati po 4000 obroci dnevno, plus uste mnogu pridobivki za gradot i celiot region. Najgolemata pridobivka segurno ke bide decata da ne begaat vo Skopje ili vo stranstvo.
Chainsaw, 10.11.2012 12:42:10
Koga nema rabota, zashto nema rabota. Koga ima rabota zashto platata ne e povisoka. Sledno e ako ima rabota i ako platata e dobra, zashto mora i vo Petok da se raboti :). Mnogu e ednostaven procesot na odluchuvanje, ako ti e niska platata, ne raboti! Vo kraen sluchaj ova ne e drzavna kompanija pa kako po navika ajde site pred vlada da se zalime za plati ili shto i da e. Toa vreme odamna pomina...treba ednostavno da se raboti ako se saka podobar zivot.
Zlatko, 10.11.2012 13:39:40
Jas bi mu preporacal na site mladi da si go baraat careto nadvor od MKD,ke ima Kurban godini no potoa se ke bide OK. I koga ke nema koj da raboti za 9000 denari ke pocnat da plakaat i po 3 pati povece!! Vo IGM Kavadarci koj e najgolemiot rabotodavec vo Kavadarci e cista Exploatacija no e Legalna i ne e vinoven Gecev tuku samite rabotnici zatoa sto se Shuti i uste Gakjite sto ne si gi simnale pa da gi ?!. Rabotat vo 3 Smeni,nikakvi Beneficii za nocnja rabota i zastita pri Rabota nikakva a i Smrten slucaj imase pred nekolku meseci od ne Vnimanie i ne dovolna Obuka za Rabota vo takvi slucai!!
Grant, 10.11.2012 15:22:20
Do Lana. Prvo vo Germania obicen rabotnik ne zema 3000 eura. Maximum 1600 za takva rabota. Vtoro, makedoncice ne mozat da dadat takov kvalitet na rabotna raka kako germancite. Treto, ako otvorat fabrika vo China eden rabotnik ke gi kosta 100 eura za istata rabota. Globalizacia-bidete srekni da ima mnogu takvi fabricina vo Makedonia i ucite, steknuvajte iskustva za eden den da mozite da postavuvate uslovi ili sami so svoj sili investirate i gradite fabriki. Taka pocnaa i China,Korea i Singapoor i Taivan itn.Pozdrav i so sreka.
Нетокму, 10.11.2012 16:55:25
До сите плачковци и високоумни коментатори: се извинувам што ќе го речам следново, ама вие навистина имате проблем и со себе и со голем дел од светот! Сакате да купувате поевтини, а квалитетни производи кога ќе одите во продавница? Е, па, нив ги произведуваат луѓе од земји како нашава, што работат за евтини пари! (Да не зборам што се изналапавте зелени, а немате никаква информација, ни за плата, ни за другите услови). Затоа вие убаво седите си дома, немојте да работите ништо, зашто сте господа чиј труд нема пара што може да го плати, а во оваа кутра земја ќе се множат само хохштаплери кои со „седење“ ќе тепаат пари и на нас другите ќе ни го прават животот неподнослив, и материјално и морално. Многу среќа со таквиот менталитет!
EL-M, 10.11.2012 16:56:30
hahah, gluposti vo germanija normalna plata e od 800 do 1200 evra. od kaj izracuna deka e 3000 i 8000 eh Lano Lano. So mislis ti vamu i vrbite radzaat grozje.
Трпе, 11.11.2012 00:38:02
Кога делегацијата на премиерот одеше да одржува шоуа низ светот кажуваше дека просечна плата во РМ е 300 евра(20 000 денари).А дека македонскиот народ се задоволува и со 12000 денари.
Realist, 11.11.2012 06:12:15
Na ovaa ubava vest i stavate kal,pa neka se pokazat rabotnicite i dokazata deka vredat poveke,jas sum raboto davec,da bidam iskren nekoi luge ne zasluzuvaat ni 10 dolari na den ama za sreka ima i zakon za takvite Otkaz za dva dena.Vo Makedonija se raboti kako usporen film,zaposluvam po nekoj pat nekoi nasi na odmor dojdeni ,ne gi interesira rabotata gi interesira gazdata kolku pari zema,smeski.
Misho, 11.11.2012 10:15:18
Gi citam komentarive i ne mozam da se iznacudam dobro be luge za inaet zboruvame ili nazalost pak e onaj nasiot makedonski sindrom za negiranje se i sesto.Do vcera nemase rabota nikoj ne vrabotvese,pa sega od ko pocnaa so vrabotuvanja Mali platite bile,pa sedete doma be luge poveke pari ke dobiete...
Uspesna prodazba..., 11.11.2012 16:09:29
Ova e uspesno prodadena raja...toa sto Germancite ne uspeaja da go napravat so OKUPACIJATA 1941, nivniot partner DPMNE eve porsle tolku godini im go napravi ZA BEZ PARI...( na smetka na rajata)! Nedostasuva samo Alshar da im go zemat, ta da nemaat NISTO SVOE nitu Kavadarcanite, a nitu tie okolu niv!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Претежно облачно

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 15°C, Мин: 3°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели од утре ќе почне со објавување на сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ на својата интернет-страница.
Настани
Исхраната половина лек за дијабетесот
Исхраната мора да биде разновидна и да ги содржи сите видови продукти, речиси исто како и исхраната кај здравите луѓе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |