07.10.2011, 12:19 Претпоследно коло од квалификациите за ЕВРО 2012
Дваесет натпревари од претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство во Полска и во Укрина ќе се одиграат вечерва.
Можно е уште неколку репрезентации да има се приклучат на Германија, Италија, Холандија и на Шпанија (европски шампион) и да обезбедат пласман на фудбалскиот шампионатот.
Македонија гостува во Ереван кај Ерменија во обид да освои уште некој бод и е без шанси да се подобри пласманот до крајот на квалификациите. За разлика од нас, нашиот ривал има се уште шанса за пласман за ЕП. Почетокот на натпреварот во Ереван е во 17 часот.
Покрај овој натпревар во „Б“ групата играат уште: Словачка - Русија и Андора - Република Ирска. На чело на табелата е Русија со 17 бодови, пред Република Ирска со 15, Ерменија и Словачка имаат по 14, Македонија 7, а Андора е без бод.
Преглед на натпреварите и табелите во другите групи:
„А“ група: Азербејџан - Австрија, Турција - Германија, Белгија - Казахстан. Табела: Германија 24 бодови, Турција 14, Белгија 12, Австрија 8, Азербејџан 7, Казахстан 3.
„Ц“ група: Северна Ирска - Естонија и Србија - Италија. Табела: Италија 22, Србија 14, Естонија 13, Словенија 11, Северна Ирска 9, Фарски Острови 4.
„Д“ група: Босна и Херцеговина - Луксембург, Романија - Белорусија и Франција - Албанија. Табела: Франција 17, БиХ 16, Романија 12, Белорусија 12, Албанија 8, Луксембург 4.
„Е“ група: Финска - Шведска и Холандија - Молдавија. Табела: Холандија 24, Шведска 18, Унгарија 18, Финска 9, Молдавија 6, Сан Марино 0.
„Ф“ група: Летонија - Малта и Грција - Хрватска. Табела: Хрватска 19, Грција 18, Израел 13, Грузија 10, Летонија 8, Малта 1.
„Г“ група: Велс - Швајцарија и Црна Гора - Англија. Табела: Англија 17, Црна Гора 11, Швајцарија 8, Бугарија 5, Велс 3.
„Х“ група: Кипар - Данска и Португалија - Исланд. Табела: Португалија 13, Данска 13, Норвешка 13, Исланд 4, Кипар 2.
„И“ група: Чешка - Шпанија и Лихтенштајн - Шкотска (играат утре). Табела: Шпанија 18, Чешка 10, Шкотска 8, Литванија 5, Лихтенштајн 4.
|