05.10.2011, 11:06 Македонската фудбалска експедиција отпатува за Ереван
Македонската фудбалска репрезентација од денеска ќе престојува во Еревен каде што в петок од 17 часот го игра натпреварот од 9.коло од квалификациите за Европското првенство 2012 година.
Противник е репрезентацијата на Ерменија, која со победата на последното гостување против Словачка ги зголеми шансите за втрото место и пласман во бараж дуелите.
На првиот дуел меѓу овие две репрезентации во Скопје одигран мината година резултатот беше 2:2.
Македонскиот селектор Џон Тошак по отказите на Горан Пандев и на Агим Ибраими беше приморан да повика нови имиња, па така дополнително беа повикани Марио Ѓуровски (стрелец на еден гол на првиот натпревар) и Филип Ивановски.
До крајот на квалификациите македонската репрезентација на 11 октомври ќе одигра и натпревар со Словачка на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.
Покрај натпреварот во Ереван се играат уште и дуелите Словачка – Русија и Андора – Република Ирска.
На чело на табелата во групата „Б“ е Русија со 17 бодови, пред Република Ирска со 15, Ерменија и Словачка имаа по 14, Македонија има 7, а Андора е без бод. зс/8:55
|