04.10.2011, 11:53 Кириленко потпиша за ЦСКА Москва
Кириленко вчера ги мина лекарските прегледи, а во текот на денешниот ден прв пат ќе тренира со екипата.
Екипата на ЦСКА Москва потпиша тригодишен договор со Андреј Кириленко, објави официјалниот сајт на клубот. Кириленко вчера ги мина лекарските прегледи, а во текот на денешниот ден прв пат ќе тренира со екипата. Во неговиот договор постои и опција за враќање во НБА лигата.
„Драго ми е што се враќам во клубот во кој што играв како млад. Задоволство ми е што ќе играм пред руските навивачи, пријателите и роднините. ЦСКА има многу силен тим, одличен тренер и прекрасни играчи", рече Кириленко.
Кириленко играше за ЦСКА од 1998 до 2001 година, а потоа се пресели во НБА лигата и десет години настапуваше за Јута Џез.
На неодамна завршеното Европско првенство во Литванија, Кириленко заедно со нашиот Бo Мекејлеб беше избран во идеалната петорка на шампионатот. Имаше просек од 14,9 поени и 6,1 скока на натпревар.
|