05.10.2011, 15:07 Адебајор: Ги преживеав куршумите, за навредите не ми е гајле
Фудбалерот на Тотенхем Емануел Адебајор изјави дека навредите на навивачите на Арсенал нема да го спречат да пружа добри игри.
„Ја преживеав пукотницата во Ангола, а безумните навреди не може да влијаат на мојата игра. Сум имал и потешки моменти во кариерата и драго ми е што достоинствено го издржав непримерното однесување на поединци“, изјави Адебајор.
Да потсетиме во дербито на 7.коло меѓу Тотенхем и Арсенал навивачите на „топчиите“ му довикуваа на својот бивш љубимец дека „требало да биде меѓу настраданите“.
Во вооружениот напад на националниот тим на Того минатата година на границата на Конго и Ангола настрадаа три лица, а одговорноста за нападот ја презеде Фронтот за ослободување на Кабинда, сепаратистичка организација која се бори за отцепување од Ангола.
|