05.10.2011, 12:16 Тони Паркер во Асвел за време на локаутот
Тони Паркер објави дека ќе игра за француски Асвел додека трае локаутот во НБА лигата. Ѕвездата на Сан Антонио ќе заработува скромни 1.500 евра месечно во тимот од Вилербан.
„Мојата одлука е логична. Сакам да му помогнам на Асвел за време на прекинот на сите активности во НБА лигата“, потврди плејмејкерот на спарси кој во 2009 година купи 20 отсто од акциите на францускиот клуб и моментно е негов потпретседател.
Паркер неодамна изјави дека ќе откупи уште 20 отсто од акциите на тимот од Вилербан и ќе ја преземе претседателската функција. Пред заминување во НБА лигата тој настапуваше за Парис две сезони.
За враќање во Европа размислува и ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Пау Гасол, но и неговиот брат, Марк, член на Мемфис. Браќата моментно тренираат со Барселона во исчекување на вести „преку барата“.
„Наскоро почнувам со тренинзи. Доколку пропадне сезоната во НБА лигата мој прв избор ќе биде Барселона“, порачува Пау Гасол.
|