Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
06.10.2011, 14:14
Фетел сака да ја освои титулата со стил




Шампионот ќе атакува на подиумот в недела во Сузука, иако му треба само еден поен.

Себастијан Фетел вети дека ќе ја освои својата втора титула во Формула 1 со стил, и покрај тоа што ќе му биде доволен и пласман на 10. место во трката за Големата награда на Јапонија в недела за да ги одбрани шампионските почести. Победникот на девет од досегашните 14 трки сезонава даде на знаење дека има намера да го почне славењето на подиумот во Сузука, наместо само да го собере потребниот еден бод од последните пет трки.

„Сакаме да го направиме тоа на вистинскиот начин“, изјави 24-годишниот возач на Ред бул, победник од пол-позицијата на патеката во сопственост на „Хонда“ во последните две години. „Сметам дека, ако имате способност, целосен пакет за да поминете добро тука, треба да го искористите и ако ви се укаже можност да завршите на подиумот - да го сторите тоа. Да, би имало причини за славење дури и ако завршиме десетти, но тоа не би било тоа. Според тоа, ние ќе се обидеме да се тркаме како и секогаш и ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од себе“.

Единствениот возач што може да го спречи Фетел да стане најмлад двократен светски првак в недела е Џенсон Батон од Мекларен. За да го направи тоа, тој ќе мора да победи во Сузука, а во исто време Фетел да не освои ни поен прв пат во последните 17 трки, почнувајќи од октомври минатата година.

Батон не мисли дека работите ќе се одвиваат токму така, но ужива во фактот дека тој останува единствената закана за сништата на Фетел. Германецот, кој на прес-конференцијата седеше веднаш до светскиот првак од 2009 година, нагласи дека „се' уште има шанса Џенсон да ја освои титулата, а јас не“. Тој ја повтори познатата мантра дека стои цврсто на земја, приоѓајќи и' на секоја трка во дадениот момент.

„Во моментот кога ќе решите да летате, порано или подоцна доаѓа и моментот кога ќе се најдете долу исто така“, предупреди Фетел. „Така мора да биде. Ништо не лета засекогаш“.

Тој исто така низ смеа сугерира дека, ако некој сака да му направи услуга, тогаш би можел да го турне Батон низ скалите кога ќе излегува. Британецот, пак, зјапаше наоколу низ просторијата, барајќи со поглед дали воопшто има некој што поверува во ненадејната загриженост на Фетел.

„Мислам дека е извонредно тоа што Себастијан влегува во трката со помислата дека јас имам шанса да ја освојам титулата. Тој е можеби единствениот тука или единствениот воопшто што зборува така. Се' е речиси готово“, изјави Батон.









Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар



Последна шанса за спас на НБА сезоната
Американски кошаркар претепан до смрт во Романија
Седум гола на Лазаров за реми на Атлетико Мадрид
Вардар про со тенка предност
Фетел ја одбрани титулата во Формула 1
Највисок пораз на Македонија во квалификациите за ЕП 2012
Македонија и Србија го поделија пленот
Динара Сафина ја заврши тениската кариера
Фетел по бод во Сузука за шампионска титула
Новицки се договори со Реал Мадрид?
Претпоследно коло од квалификациите за ЕВРО 2012
Македонија во ерменско осило
Два меча казна за Мурињо за инцидентот против Барса
Фени Индустри ја доби организацијата на Суперкупот
Адебајор - Ги преживеав куршумите, за навредите не ми е гајле
Батон го продолжи договорот со Мекларен
Паркер во Асвел за време на локаутот
Македонската фудбалска експедиција отпатува за Ереван
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тренинг на македонската фудбалска репрезентација
И Филип Ивановски во репрезентацијата
Челзи го купува стадионот од навивачите
Ѓорѓи Христов на клупата на Металург
Кириленко потпиша за ЦСКА Москва
Илиевски подобар од Антиќ
Мареј го освои Бангкок, прв АТП-трофеј за Типсаревиќ
„ФК Вардар“ се огради од навивањето на дербито со Шкендија
Одбојкарките на Србија ја освоија Европа
Нема Евролига за Самарџиски и Литвос Ритас
Барселона нов лидер во шпанската Примера
Наполи го декласираше Интер на Џузепе Меаца
Ватерполистите со минус два се враќаат од Франција
Победнички старт на Металург во Лигата на шампионите
Вардар подобар од шампионот Шкендија
Васоски се договори со црвено-црните
Ѓоковиќ ќе го пропушти Пекинг
Коби Брајант ќе игра за Виртус Болоња
Реми за Попов и Динамо Киев против Макаби
Самарџиски одличен во дресот на Литвос
Европскиот првак пресилен за Фени Индустри
Билетите за Словачка 100 и 200 денари
Самарџиски ќе се бори за влез во Евролигата
Роберто Карлос играч-тренер на Анжи
Гол-првенец за Тричковски, нова петарда на Барса
Металург и Шкендија елиминирани на пенали
Жута подобар од Гркот Савидис на СП во бокс
Фени место МЗТ на мегдан на Панатинаикос
Тричковски и Апоел по нов успех во Донецк
Мурињо повторно ќе биде казнет од УЕФА?
НЛБ-лига продолжува како АБА-лига
Сабонис преживеа срцев удар
Јанг спречи сензација на Базел на „Олд Трафорд“
Интер со победа се враќа од Москва
Антиќ - Немам проблеми ни со Солун ни со Грција
Хуб Стевенс пак на клупата на Шалке
Ренова со службени бодови, 11 Октомври пред казна
Прв пораз на лидерот Бетис
Македонија напредуваше 14 места на листата на ФИБА
Гечевски нов кошаркар на Левски
Баерн со Манчестер Сити првпат во историјата
Судиите во Прилеп биле тепани и во соблекувалната
Тошак го соопшти списокот за Ерменија и Словачка
Загина фудбалерот кој се прослави на „Јутјуб“
Леванте се израмни со Барса
Прва сезонска победа за Рома во Серија А
Батон ја одложи промоцијата на Фетел
Макау нов светски рекордер во маратон
Барселона и Реал ја демонстрираа силата
Пол-позицијата повторно за Фетел
Вардар запрен во Тетово, прекин во Прилеп
Бекам „загина“, па о��игра меч за Галакси
Докузовски - Нема повеќе да бидам селектор
Федерер го откажа учеството на Мастерсот во Шангај
Перо Антиќ две години во Олимпијакос

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 7°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |