Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
03.07.2012, 17:18

Како Владата го привлече „Кромберг и Шуберт“ во Македонија?

Битолската опозиција ја поздрави германската инвестиција во ИЗ „Жабени“, но побара отчет за содржината на договорот со инвеститорот

Битола - Колку Владата го одврза ќесето за германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ да остане во Македонија и да вложи во ИЗ „Жабени“ крај Битола? Зошто целата постапка за привлекување на оваа инвестиција не е транспарентна, ниту за советниците од опозицијата во Битола, а уште помалку за граѓаните. Ова се само дел од политичките реакции по ставањето камен-темелник на првата инвестиција во битолската индустриска зона „Жабени“ на германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“, кој ќе кради фабрика за производство на автомобилски кабли.

Битолските социјалдемократи поздравувајќи ја инвестицијата на германската фирма во Битола, сметаат дека постапките за привлекување инвеститори мора да бидат транспарентни и отворени, како кон странските, така и кон домашните инвеститори. Советниците на СДСМ од Битола поставија отворено прашања до градоначалникот Владимир Талески и до првиот човек на „Жабени“ што содржи таинствениот договор меѓу Владата и „Кромберг и Шуберт“, имајќи предвид дека Германците долго време одолжуваа со почетокот на инвестицијата.

Затоа социјалдемократите сметаат дека конкретно во овој случај затаила транспарентноста и побараа јавно одговор од премиерот Никола Груевски, какви услови содржи фамозниот договор.

„Кои се посебните поволности што ги доби ’Кромберг и Шуберт‘ од Владата на Македонија? Зошто исти такви поволности нема за преостанатите инвеститори во ИЗ ’Жабени‘ и дали токму тоа е причината што никој друг не ни размислува за почеток на градежни работи? Колку бројката од 2.500 вработени во ’Кромберг и Шуберт‘, ВМРО-ДПМНЕ ја има предимензионирано и ја користи во предизборни цели?“, праша Васко Ковачевски, претседател на општинската организација на СДСМ-Битола.

Според битолските вмровци, првпат во историјата на независна Македонија и тоа токму од Битола, опозициската СДСМ јавно признала дека мерките што владата на ВМРО-ДПМНЕ ги презема за привлекување странски инвестиции и обезбедување економски развој даваат конкретни резултати.

„Деновиве слушавме дека се против воведување сообраќаен ред во градот, против културата, против осовременувањето на клиничката болница и, да бидеме искрени, навистина сме изненадени што одеднаш не се против вработувањата кои ќе ги донесе ’Кромберг и Шуберт‘ во Индустриската зона ’Жабени‘. Затоа бараме да ни покажат каде се наоѓа барем една нивна капитална инвестиција во Битола?“, праша Благој Шаклевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ-Битола.

Според вицепремиерот Владимир Пешевски, голем напор е да се привлече една ваква инвестиција како што е „Кромберг и Шуберт“. Во зоната „Жабени“, како што рече тој, за сите инвеститори важат исти правила.

„Внимаваме на рамномерниот економски регионален развој. Пристапот на Владата е балансиран кон сите компании, затоа оваа инвестиција не се случува во слободните економски зони, туку во индустриската зона. Оваа инвестиција ги има истите поволности кои важат за сите други инвеститори тука“, рече Пешевски.

Во зоната „Жабени“ плацеви за градење фабрики купиле дури 26 инвеститори. Според градоначалникот на Битола, Владимир Талески, дури 60 проценти од земјиштето за изградба на фабрики е веќе откупено. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1546 пати.

Испрати коментар



Пациенти страдаат и од пропустите на Брза помош
Инспекторот казнува колку што сака



Itar Pejo, 04.07.2012 00:21:05
за сите инвеститори важат исти правила !!! treba da mu se veruva na zimi majka. Znaci ako sovetnikot (izbran od bnarodot) prasa koi se pravilata nema odgovor. No ako istiot sovetnik seprijavi kako investitor ce mi gi kazat?
Кире, 04.07.2012 07:20:11
Ајде комуњари, надминете се еднаш и поздравете нешто што е добро за Битола и цела Македонија.
ФЕЛИКС, 04.07.2012 08:12:10
Тотално и комично и лицемерно е барањето на Шатевци за обелоденување на потпишаниот договор помеѓу инвеститорот Германски и владата.Барателите се токму оние кој договорот со ЕВН го прогласија за државна тајна во нивното владеење.Е вакви дунек однесувања се од аспект на зелената завист зошто во овие тешки економски времиња на власта и успеало да донесат инвеститор.И псле се исчудуваат кога електоратот поради вакви врдулами презриво ги отфрла.
miki, 04.07.2012 10:59:49
Ако се запослат 2500 луѓе, слободно да ме обесите на Камен мост во Скопје.........бројката е предизборна....... ако се запослат 250 души кај ќе ни е среќата........
Rezzilov, 04.07.2012 12:47:44
Ни срам ни перде!Ако е и од опозиција - претерано е!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Понеделник
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |