Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
22.07.2012, 21:24

МВР снема картички за возачки дозволи

МВР ги троши последните резерви од бланко-картичките за издавање на нови биометриски возачки дозволи

Даниела Трпчевска

МВР ги троши последните резерви од бланко-картичките за издавање на нови биометриски возачки дозволи. Пратката со нови картички треба да пристигне во септември, само еден месец пред истекот на важноста на старите возачки дозволи. Законскиот рок во кој возачите ќе мора да имаат нови биометриски дозволи е 1 октомври, годинава.

Од МВР велат дека засега казни ќе нема. Летово од сообраќајни казни ќе куртулат и „новопечените“ возачи, кои само со пусулче ќе можат да докажат дека положиле за возачи, а во меѓувреме не успеале да извадат дозвола. Нема казни ниту за граѓаните на кои им истекол рокот за важност на старите дозволи. Причина за тоа е проблемот со недостигот на бланко картички, кој се појави уште на почетокот на летото.

„Во јуни заради зголемениот интерес на граѓаните имаше повеќе апликации, поради што се јави недостиг на бланко документи за возачки дозволи. Големата пратка се очекува да пристигне до септември. Во меѓувреме ние интервениравме и успеавме од Германија да добиеме помало количество брасци“, објаснува помошникот министер за информирање во МВР, Иво Котевски.

Свесни дека не ќе можат на сите заинтересирани граѓани да им излезат во пресрет, од МВР велат дека испратиле допис до сообраќајната полиција, во која ја информираат да стопираат казните за оние кои што тазе го положиле возачкиот испит, но и за граѓаните со возачки дозволи со изминат рок.

„Казни ова лето нема да пишуваме, за што се известени сите“, вели Котевски.

Приоритет при вадењето на возачките дозволи имаат професионални возачи, но и оние кои што често патуваат во странство.

Дел од граѓаните се жалат дека им истекна важноста на старите возачки дозволи, но дека не можат да извадат нови толку поради проблемот кој настанал со бланко картичките. Некои објаснуваат дека биле замолени дури во септември да аплицираат за нови дозволи.

„Веќе еден месец сум со стара дозвола. Страв ми е да помислам да запалам кола за да не ме сопре сообраќајна полиција оти ќе морам да плата висока казна. За нова дозвола изгледа ќе почекам, дури до септември, кога ќе има сигурно метеж и навалица пред истекот на рокот“, вели еден 26-годишен скопјанец.

Од Управните служби, пак, тврдат дека се обидуваат да им излезат во пресрет на сите граѓани и никој да не биде оштетен или вратен без да му биде заменета возачката дозвола.

„Со оглед на тоа дека истекува рокот за замена на старите документи, се обидуваме да не ги враќаме граѓаните. Го користиме сите резерви на бланко документи кои ги имаме и постапката не е стопирана. Се обидуваме да им излеземе во пресрет, пред се', на оние кои мора да патуваат во странство и на професионалните возачи. Дури и во саботите фотографираме за замена на старите возачки дозволи“, велат во управните служби на МВР.

Дневно се примаат по дури 500 апликации за возачки дозволи. Досега, според пресметките на МВР, се издадени над 500 илјади биометриски дозволи за возачите.

Сите оние коишто во изминатиот период не извадиле нова возачка дозвола која содржи биометриски елементи и наликува на кредитна картичка, ќе можат тоа да го направат до 1 октомври 2012 година. По овој период, старите документи престануваат да важат и не ќе можат да се користат. За вадење на нова возачка дозвола е потребно да се уплатат 600 денари. Доколку сакате да ја убрзате постапката, ќе треба да платите 1.150 денари за итен термин.

Обрасците за вадење на нови документи можат да се најдат во Управните служби на МВР или пак на интернет страницата на министерството.


Статијата е прочитана 1520 пати.

Испрати коментар



Црвено-црна еуфорија
Александар Петрески пак ќе се бори за Охрид
Во Македонија активни пет пожари
Известување
Градоначалници од истокот бараат нов мандат
Министерските плати нема да се намалуваат



Vozach, 23.07.2012 00:18:10
Ako e ova vistina, da se prolongira rokot za 2-3 meseci, se so cel da ne se povtori guzvata so lichnite karti. Toa beshe uzas bez kraj. Ne ponovilo se!
igor, 23.07.2012 08:22:19
никако да ја смениме навиката ра��отите да ги завршуаме на време. Сѐ додека е така ќе тапкаме во место, пред шалтери, врски ќе фаќаме... а потребно е само малку дисциплина
sime, 23.07.2012 09:19:25
А зошто кога од МВР донеле одлука да се заменат сите возачки дозволи со биометриски до крај на октомври, не си набавиле и доволно бланко картички, туку сега глумат изненадување од големиот интерес на граѓаните за замена на истите, па уште треба да им бидеме и благодарни што решиле да не казнуваат. Треба да се казнат самите себеси што не мислат и не планираат како шт�� треба.
Chainsaw, 23.07.2012 09:55:13
Disciplinata se odnesuva i na gragjanite. Sekoj koj cheka na den pred istekuvanje na dozvolata za da aplicira za nova si bara nevolja. 5 do 12 e narodna praksa, ne e do birokratijata. Jas pri zamenata na site dokumenti do sega, pasoshi, lichni karti, vozachi dozvoli, izvodi od MKR itn. sum nemal nikakvi seriozni problemi (bez vrski) vo glavno zatoa shto apliciram 3 do 6 meseci pred rokot na istekuvanje, i dokumentacijata ja spremam pred da otidam vo MTV, taka i da se sluchi neshto nepredvideno, ima prostor za reakcija. Vinata nekogash i vo sebe treba da se bara.
od ostrijot, 23.07.2012 10:16:13
gi ima uste no sega se izdavat samo so podmackuvanje ili prijatelstvo
pile, 23.07.2012 10:25:59
Do Igor,Za kakvi toa vrski zboruvas pri vadenje na licni dokumenti vo MVR,si gi izmesal vreminjata toa bilo za vreme na SDSM.Neli gledas taka se organizirani da dvosmenski rabotat samo da se vo funkcija na gragjanite, za da nemoraat da zemaat slobvoden den za vadenje na licen dokument.Duri i za falenje se raspolozjeni so t.n.skratena postapka, koj ima da plati vrata ne klati.I ako gresele, pa gledaj sto izjavuvase nekogas petriotot,koj raboti i gresi, a imase i izjavi ,,pa se gine vo policijata,takva e rabotata.Igor, uste podobri ke bea samo mnogu sopki im stavaat gledas te Evropski Izvestaj, te izvestai za sostojba na covekovi prava od renomirani agencii,ama se popravaat.Neodamna na portalot na Kumanovo Njuz citam intervju od 10.10.2010 godina so togasniot DPMNE-vski nacalnik na SVR Kumanovo,kaj novinarot go prasuva,uste li setate so bodi gardi,ili se plasite li od progon ako se znae deka Vasite dvaica prethodnici zavrsija so krivicni prijavi.I, SE ZAPALI PILE TRENO ODAJCETO.OST
сузе, 23.07.2012 13:48:28
Можам јас да спијам пред шалтерот но што фајде кога немаат материјал за работа плус бараат да им се однесат фотографии?!
stavre, 23.07.2012 14:26:17
e ajde sega ustanovata 50.000 eur i odgovornoto lice 5.000 eur kazna kako sto pravat oni i za najmala greska, vo slucajov gorde jankulovska. moze taka?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Делумно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 2 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Инвазија на гламурозни убавици во Лондон
Најлуксузните светски јахти го полнат Кралското пристаниште во британската престолнина како ексклузивни посетители за вр...
Едно од „најзелените“ дела на архитектурата
Повеќе од 100 олимпијци паднаа на допинг
И официјално - Бекам на отворањето на Игрите
Светските лидери и холивудските ѕвезди на отворањето на ОИ
Малезиски олимпијци можат да го одложат рамазанскиот пост
На олимпиското мени - од пиле млеко

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |