Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
05.10.2012, 19:08

Смени го каналот

Чалмата и чаламот на МРТ

Јасминка Павловска

Кој го изеде „лукот“ што што го „насади“ извесен Стилјан Самарџиев од Леринско, па од „мирисот“ се чувствуваше цела недела низ македонскиот медиумски етер? Тодор Петров или МРТ?

Во официјално соопштение до јавноста МРТ вели дека тие ниту лук јаделе ниту лук мирисале. „По опсежна расправа, Советот на МРТ заклучи дека Македонската телевизија во својата емисија вести емитувана на 29 септември 2012 година во Дневник 3 во 23 часот ја задржала својата веродостојност со оградата на уредникот-водител Љупчо Цветановски од тврдењата и оцените изнесени во изјавата на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров. На тој начин МРТ посочи дека одговорноста за веродостојноста на изнесените факти и тврдења му припаѓа на претседателот на Светскиот македонски конгрес, на кој, како на веродостоен извор, му беше овозможено во живо, без кратење, директно во емисијата Вести да зборува непречено. На тој начин, Македонската радио-телевизија ја оствари и својата улога на непристрасен сервис достапен до сите фактори на нашето општество, во случајот неоспорен фактор во македонското цивилно општество – застапник на Македонците во светот и земјата. Секаква интервенција во текстот на изјавата во живо на Петров ќе беше цензура, што не е и нема да биде метод на работа на Македонската радио-телевизија“.

Завршен цитат, хепиенд и продолжуваме во среќната иднина со изразеното задоволство на Советот на МРТ „од напорите на новото уредничко и работоводно раководство за подобрување на квалитетот на емисиите на Првиот и Вториот програмски сервис на МРТ...“

Уште еден завршен цитат! Не е некое оправдување за нивната употреба, но никакво парафразирање не е доволно сугестивно да се опише сувопарното чаламџиство на МТВ по ребрендирањето, дури и ситуација кога длабоко навлегоа во офсајд, направија фаули според сите новинарски кодекси и, на крајот, дадоа „свое мислење“...

По ова „официјално миење на рацете“ од Фејсбук-скандалот што го продуцираше јавниот сервис, брзо се покажува дека нешто најверодостојно по ребрендирањето е можеби временската прогноза и репризните Македонски народни приказни. Којзнае дали во архивата на „непристрасниот сервис“ е на дофат на раката приказната за чалмата на Насрадин-оџа, кога некој неписмен селанец го замолил да му го прочита писмото? Оџата искрено му одговорил дека не знае да чита. Селанецот не можел да поверува, па му реплицирал зачудено: „Ефендија со чалма на главата, па не знае да чита?“ А Насрадин му рекол: „Ако мислиш дека е до чалмата, ќе ти ја дадам, стави ја ти на главата, па прочитај си го писмото!“

Веројатно, всушност, веќе сосема сигурно, импресионирани од џамбо- видеобимот во студиото за Вести и можеби подновени со уште некој технолошки напредок и достапноста до Фејсбук, „новото уредничко и работоводно раководство што вложува напори за подобрување на квалитетот на емисиите“ се почувствува како да ја има чалмата на Насрадин-оџа. Но, ете се покажа и докажа дека ја нема мудроста на оџата, па слепото верување на „Фејсбук“ (и на Тодор Петров) ги „замириса“ дури и духовите на јавноста. Но ете, во МРТ ниту лук јаделе ниту лук мирисале.

За среќа, морбидната „Фејсбук“-сензација на неизвесниот Стилјан и сосема извесно воинствениот Тодор Петров се покажа лажна. Само остана ли некој што ќе и' верува понатаму на МРТ - ребрендирана? А навистина имаше кандидати за верување!


Статијата е прочитана 2534 пати.

Испрати коментар



Види Бога ти! Народов збесна!
Актерот е лажго што ја кажува вистината
Небото паѓа врз Џејмс Бонд
Пивскиот мев, сепак, не се однесува на пивото
Пивотека - катче за добро пиво
Зависноста од интернет како сериозно ментално нарушување
Политичко-естрадни скандали во комунистичка Кина



Stojan, 06.10.2012 00:47:59
Taka e, samo calam i frlanje pari. Rejtingot e ona po sto se meri edna televizija, a mrt ima oficijalen rejting 0,7. Sitel alfa kanal 5 site se 5 pati pojaki Sto poveke,
од мене од далеку, 06.10.2012 01:57:34
Освен приказната за чалмата на Насрадин-оџа треба да се потсетиме и на приказната за волкот и овчарот!
mene, 06.10.2012 10:29:00
Odlicen text koleske
Marioec od Azija, 06.10.2012 13:53:42
Kolku tolku barem se trgnati eden cekor ponataka,za razlika od dosega.Iskazanoto vo edna javna debata ili intervju,vo nivna emisija,ako ne e tocno odgovornosta e na toj sto go dal intervjuto.Barem go pustile covekot da se izjasni a za drugoto ima sud i sudii.Toa spadja voslobodata na govorot,sto ja zagovara vasiot vesnik,a istio ne dozvoluva sloboda na govor i vrsi cenzuri,ako se odgovori so fakti a posebno na nekoi vasi kolumnisti,na koi moze samo da im se laska a nikako kritikuva,pa prvite gi objavuvate a vtorite ne
пријател, 06.10.2012 20:41:35
Навистина е убаво кога нема што да се додаде на некој текст. Овој е таков.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Делумно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (19)
Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
На лице место. Зошто Џевахири Ајрулова го уби својот петгодишен син?
Утрински весник во селото Долно Јаболчишта во Велешко кое не памети такво грозоморно злосторство.

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |