Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
04.05.2012, 17:58

Мислења

Опасно „движење“

Ѓорѓи Спасов

 

Меѓу функционерите на ВМРО-ДПМНЕ постои веќе нова клетва, која гласи: „Да даде Господ да те освежи Груевски“

Во време кога се' е застаното, од економијата до разговорите за спорот околу името, од неспособноста во ниту еден од спортовите да исполниме олимписка норма, до монструозните злосторства, партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ, објавува дека од партија прераснува во движење.

Со оглед на се' поголемиот број граѓани во Македонија кои сакаат да бидат дел од власта, бидејќи без нејзина милост веќе тешко може да се преживее, партијата на власт решила своите врати да ги отвори за сите луѓе, без оглед на нивното идеолошко определување, кои сакаат да и' се придружат. Генералниот секретар на партијата Кирил Божиновски во своето интервју по овој повод за „Дневник“ објави официјално дека „ВМРО-ДПМНЕ останува отворена за секого“ и дека „со масовен прилив на нови членови оваа партија ќе прерасне во движење“. Според него, оваа операција ќе започнела со „зачленување на стоте најдобри студенти од факултетите“ (бидејќи тие што нема да сакаат да се зачленат, веројатно не ќе можат да добијат работа). Потоа акцијата ќе продолжела со обединување на ВМРО-ДПМНЕ со други партии од десницата како онаа на Филип Петровски и префрлањето на Марјан Додовски и други за чии потреби со „новиот бран“ ќе се направат места во структурите на власта. Третата фаза ќе се одвивала преку отворање на ВМРО-ДПМНЕ кон партиите од центарот со што партијата ќе станела „големо движење без идеолошки бариери“ за на крајот ВМРО-ДПМНЕ конечно да се обединела со целиот народ.

Инспириран од „енергијата на новиот бран“ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ ќе рече и дека „нашиот брод, кој добро плови по разбрането море, со новата енергија ќе влезе во мирни води“.

Се сетив на оваа метафора за бродот ��ој плови по немирното море од анегдотата која своевремено се раскажуваше за комунизмот во Полска. На едно прашање од професорот, како малиот Ѓокица го замислува комунизмот тој одговорил: „Па, тоа е еден голем брод кој плови по немирното море, а силни бранови го удираат од сите страни, но тој плови и плови...“ Професорот одушевен од одговорот му вели на Ѓокица. „Тоа е прекрасен опис, Ѓокице, ама кажи ми каде е народот во оваа приказна“. Малиот Ѓокица одговара: „Народот, професоре, е на бродот. Му се лоши, повраќа и го пцуе на сет глас моментот кога решил да се качи на тој брод“.

Не знам зошто, ама имам чуство дека и денес сме на овој брод на ВМРО-ДПМНЕ, кој плови по немирното море, а на поголемиот дел од народот му се лоши и повраќа и како што Братислав Димитровски повикува: „Аман земјо застани, не врти се, сакам да се симнам“.

Приказната на ВМРО-ДПМНЕ за прераснување на партијата во движење е многу провидна и наивна.

Во време кога преродбата е на слепа улица, кога економијата назадува, невработеноста одново расте, интеграциските односи се запрени, задолженоста на Македонија се зголемува, гра��аните се презадолжени и осиромашени, се' поголем број фирми се со блокирани сметки и се затвораат, безбедноста на граѓаните е смалена, власта е уплашена за својот опстанок. Она што најмногу ја иритира е веројатно потсетувањето дека мнозинството граѓани на Македонија на последните избори на 5 јуни гласаа за промена на власта на Груевски и дека ВМРО-ДПМНЕ остана на власт не поради поддршка на својата политика, туку поради разединетоста на опозицијата и природата на изборниот модел. Во владејачката партија се свесни за тоа дека сите што само пред една година гласале за промена на власта може пак да гласаат така веќе на следните избори. Груевски предлага три мерки што треба да го спасат неговиот брод. Првата ја нарекува „освежување“ или „нов бран“. Кога сменувањето на 150 функционери на партијата од нивните државни функции ќе го наречеш „освежување“ тоа за нив е исто како кога бомбардирањето на Белград ќе го означиш со поимот „Милосрден ангел“.

Оттаму меѓу функционерите на ВМРО-ДПМНЕ постои веќе нова клетва, која гласи: „Да даде Господ да те освежи Груевски“. Голем дел од тие преродбеници се свесни дека со нивната смена се прават места за оние на кои ќе им биде понудено место во владејачката коалиција, како на Филип Петровски и Марјан Додовски, но и на Слободан Чашуле, Јованче Донев, Лазе Еленовски и многу други познати демократи и независни експерти кои на време избегаа од СДСМ...

Но, за да изгледа оваа коруптивна зделка прифатлива и уште да личи на голема идеја, таа се претставува како преминување на партијата во движење, во кое за извршување важни функции веќе нема да биде важна партиската припадност и лојалност, туку „мудрото раководство“, кадрите ќе ги избира на конкурс, на кој може да учествуваат сите што сакаат да бидат дел од власта и кои сакаат да помогнат ВМРО-ДПМНЕ да ја зачува власта. Функциите, според објаснувањето на Илија Димовски, ќе ги напуштат „сите што не можат да го следат брзото темпо на партијата кое го диктира раководството на партијата“. Со други зборови, партијата менува 150 функционери за да распише конкурс за корумпирање на разни експерти и лица од различна провиниенција со што партијата станува „општонародно движење“.

Напоредно со ова ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе формира и нови задгранични комитети во голем број земји во светот. Тие на партијата треба да и' ги гарантираат пред се' пратеничките мандати од дијаспората. Иако останува нејасно дали оваа партија ќе формира свои задгранични комитети и во Бугарија и во Грција, може да се каже дека таа со овој чин, од движење станува и „светски процес“, каков што беше социјализмот, а ВМРО-ДПМНЕ станува меѓународно движење. Ако во клубовите и црквите на Македонците во дијаспората и сите други партии формираат свои задгранични комитети, тоа ќе биде несомнено суштествен придонес за зајакнување на единството на Македонците во дијаспората.

Смислата на овој голем чекор на преродбата, како што го објаснуваат високите функционери на партијата, е „десноцентристичката партија“ да се отвори за сите и ВМРО-ДПМНЕ врз основа на својата идеологија која ја нарекуваат „солидарен конзервативизам“ да покажела почит и солидарност кон сите сограѓани и групи.

Ова покажување почит кон сите сограѓани и групи секако не важи за оние личности, кои со име и презиме и со нивните фотографии, „движењето“ во рамките на својата платена антикампања во медиумите, ги стави веднаш на своите листи за отстрел. Во тие листи за отстрел има имиња на голем број угледни граѓани чија вина е само фактот што некогаш имале некоја функција во време на владите на СДСМ. Еден од нив е и академик кој ја промовираше магистерската теза на Никола Груевски во МАНУ, но виновен е како и другите од тие листи за јавен отстрел што „бил жив во времето на Бранко Црвенковски“. На секој од нив партијата на „солидарниот конзервативизам“, која низ владини кампањи не' подучува да се почитуваме меѓу себе, му е залепена по некој грда етикета, а сите се означени како виновници, кои не е доволно само јавно да бидат исплукани.

На опозицијата во такви услови и останува само да се надева дека сегашното јавно жигосување во медиумите, со објавувањето листи за отстрел, кое не наидува на жестока реакција, нема да заврши со барање сите што не се дел од „движењето“ да бидат обврзани да носат жолти ленти пред излегување од дома. Но, тогаш може да биде и многу доцна.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 6997 пати.

Испрати коментар



Седум години подоцна
Дипломатски зелник
Мрачни денови



Kochnichar, 05.05.2012 01:12:07
Dobra fora so novata kletva. Inache tochno e, mnogu ludje, pred se mladi, zedoa vmro-vska knishka, od praktichni prichini, pa nishto chudno da prerasnale vo dvizenje. Ama toa e samo pat kon pad. Seto ostanato e stvar na vreme. A ednash koga ke padnat, ponapred ke se vrati Branko nego tie. Patem, Branko nikogash povece nema da se vrati.
jovan, 05.05.2012 01:17:10
Tato, ti ostani vo SDSM, jas ke odam vo VMRO. Ete taka ke bidat zameneti onie osvezenite, pa posle i SDSM nema veke da se buni, bidejki VMRO stvarno ke stane *narodno dvizenje*. So drugi zborovi, edni isti ni se vrtat vo politikata 20i kusur godini. Edinstvena promena se sinovite i kerkite koj *porasnale* pa se vklucuvaat i oni vo politikata.
namesto receno, 05.05.2012 02:01:08
Приказната на ВМРО-ДПМНЕ за прераснување на партијата во движење е многу провидна и наивна. namesto e sekoj zbor vo recenicava
Istocna Makedonija, 05.05.2012 08:45:58
Stom se vrsat promeni ,,kadrovski osvezuvanja makar i so mali ,,branovirabotive ne cinat!
ФЕЛИКС, 05.05.2012 08:48:11
Токму авторот е жив при��ер,кога се бранува и бара за внатрешна демократизација во партијата да го осети бранувањето на сопствената кожа.Очекував искрено половина текст за бранувањето на власта а друга половина да ја псвети на својот лидер илузионист.Очекував инспирација од истапот на младите Бихаќевци кој побараа да демократијата еднаш чукне на Бихаќевските врати и да изборните изгубенковци еднаш да обрнат внимание што тоа бараат нивните млади.И на крај да го парафразирам авторот,,кога си член на Демос ќе ја осетиш тешката рака на Бихаќкиот лидер-илузионист,,.
Slobodan, 05.05.2012 09:06:14
Vlast so takov bos narod i so takov lider na opozicijata,netreba da stravuva za svojata idnina.Moze da smeta deka nema da padne od tronot, se do masovnata pojava na preplit creva kaj 60 % od stadoto!???...
Движење, 05.05.2012 11:36:38
ДПМНЕ-ССРНМ. Да живее Кардељ!
mile, 05.05.2012 14:43:57
Повеќе од јасно е дека Преродбеничката идила ја зеде удолницата.......... работите очигледно не одат на арно.......... социјалната експлозија се ближи......... меѓунационалните односи се влошуваат??????? Што ли виде овој народ од Преродбата????????????????
pusta nadez, 05.05.2012 18:29:15
Novotodvizenje im dava lazna nadez na mladite da se vrabotat. Toa DPMNE go pravi dosta myudro pred lokalnite izbori. Vakov bran, no uste pogolem kje ima koga kje se nablizat parlamentarnite izbori. Mladite znaat deka ako ne se so vlasta, nema rabota. Mnogu prosto i ednostavno i toa dobro pali
цане соколовски-торонто, 05.05.2012 21:11:29
Феликс-„Кога љубовта према идолот почнува, љубовта према човекот завршува„ и „Во празна глава се влегува„
sime, 06.05.2012 10:22:23
Kolumnite na Spasoov gi citam so golemo zadovolstvo zatoa sto se sodrzajni.
D.V., 06.05.2012 14:21:07
Felikse, kako se odnesuvas obsednat so Bihacka, izgleda tamu si cuknal na vrata ama ne ti ot vorile. I gi razbiram, e pa nema da te primat;takkvi kako tebe ne im e mestoto vo edna rafinirana SDSM partija. Ajde ostavi gi na mira, pa makar i propadnale, ama ne im go beri gajleto. A nas, ke ne oslobodis od tvoite dosadni pisuvanja. Aman, otkaci veke; gledas deka mnozina go baraat toa od tebe, takareci vo site tvoi ednolicni komentari, kopija enen na drug!P.S. dali barem dobro si platen od gazdata ili dash shto dash samo da ne ti ostane familijata bez rabota. Ne veruvam deka si tolku lesen pa si vljuben vo pomaradovite!
Ајван Доктор®, 06.05.2012 14:36:29
Деновиве,во неколку јавни претпријатија е видливо наличјето на новиот бран!Секој секому е волк!Се запоседнуваат нови простории,се завземаат бироа,шкафови,фиоки од претходниците и се прави список на луѓе кои биле блиски со тие „неспособни“кадри!Она што е најсимптоматично,за кадарноста на наследникот,но и за некадарноста на претходникот,одлучувале специјално вработени партиски војничиња на кои во меѓувреме сè им е дозволено — да не се појавуваат со месеци на работа,да не работат кога се присутни на работното место,да излегуваат кога сакаат,да ги навредуваат другите,па дури и да дигнат рака на колегите!Дури и да ги пријавиш за мобинг и напаствување,сè се завршува со кинење на пријавата!Ова ги докажува тврдењата дека BMRO-ΔΡΠΑΜΕ има формирано внатрепартиска „служба за проверка на чистата мисла“во која главниот принцип за напредок е „кодоши го ближниот свој“!Тие,одбраници од најнискиот аналфабетско-лумпен-пролетерски слој се главните „двигатели“на брановидното „сенародно движење“-Хаос!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 28°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Среда
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Одлуката на Хашкиот суд е важна, но таа не го решава прашањето за името

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |