04.05.2012, 18:01 Едиторијал
Седум години подоцна
Нина Нинеска-Фиданоска
Толку години поминаа од онаа фамозна 2005, која кој знае од кои причини деновиве станува толку актуелна за владиниот економски врв, што човек почнува да се прашува по што е навистина специфична токму таа година. Како никогаш досега деновиве се изнаслушавме за тогашните економските параметри. Бранејќи го ребалансот на буџетот и економската политика што ја води од жестоките опозициски напади, министерот за финансии, Зоран Ставрески, одлучи споредбите да ги прави со 2005, веројатно земајќи ја како најрепрезентативна од времето на владеењето на СДСМ. И разбравме дека иако во таа година државниот буџет бил многу полесен од сегашните, зафаќал повеќе во проценти од бруто домашниот производ. И дека тогаш капиталните инвестиции биле неколкукратно пониски од оние што оваа Влада ги реализира. И дека...
Еден од нашите читатели во својот коментар до редакцијата сосема наивно прашува „Ќе му каже ли некој на министерот дека сега сме 2012“. И навистина, ајде малку сите заедно да се „освежиме“ и да го насочиме нашето внимание на оваа година.
А за 2012 Владата ни' вети економски раст од 4,5 проценти. Тоа го направи со целосна одговорност некаде кон крајот на минатата година. И сега од истата таа Влада велат дека не можеле да претпостават оти европската должничка криза до толку ќе се разгори, па затоа планирале ваков фантастичен развој на економијата. За разлика од министрите, сите други тоа го претпоставија. И оние злонамерни опозиционери кои само бараат „рачка“ за да критикуваат, и оние експерти кои бадијала ни се „продаваат“ за независни, и оние вообичаено конзервативни економисти од Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка. И да не го заборавиме гувернерот на централната банка, Димитар Богов, кој заедно со својот тим предвиде довојно понисок раст, секако имајќи ги пред��ид драматичните европски случувања. Изгледа сите имаат поинаква диоптрија од онаа на Владата, која или беше опиена од сопствениот оптимизам, или сакаше со него да ги опива широките народни маси. И да им најавува повисоки плати, мноу повеќе патишта, енергетски проекти, нови болници и реновирани училишта...
Три месеци беа доволни за да се распрснат ваквите шарени илузии. Буџетот потклекна под налетот на кризата, не можејќи да се наполни од истоштените компании и граѓанство.
Владата мораше да ги напушти фантазиите и се одважи да го симне растот на 2,5 проценти. Чуварот на државната каса беше принуден да ги употреби финансиските ножици и да исече дури 122 милиони евра од предвидените буџетски трошења, од кои цели 90 милиони од капиталните проекти. Попусто бизнисмените ја чекаат ветената инфраструктура, таа изгледа малку ќе забави, заедно со парите што треба да им се платат на фирмите што веќе работеле или работат за државата. Ќе настрадаат и ставки за здравството и за образованието. Само платите на административците се во нагорен тренд!
Уште не стигна министерот Ставрески да им објасни на пратениците во Собранието дека и овие 2,5 отсто се одличен економски резултат за ваква тешка година, кога гувернерот Богов повторно малку го помати расположението. Тој сега очекува два проценти пораст на БДП, наспроти претходната негова прогноза од 2,4 отсто. Аналитичарите, пак, велат дека ќе бидеме среќни ако стигнеме и до еден процент над нулата. Дали е ова сигнал дека по некој месец ќе следи ново владино преиспитување, и секако, нови буџетски кратења. Или можеби екстра задолжувања, бидејќи веќе разбравме оти како четврта најниско задолжена европска држава, сме имале уште простор и за нови долгови! |
|
Статијата е прочитана 7310 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 05.05.2012 01:01:33 | Procitav deka nekoj veke go izvestil Ministerot deka denes sme 2012ta, pa nemora sega i jas toa da go potsetuvam. No stom mu e tolku draga taa 2005ta, eve jas barem da go potsetam kako bilo togas. Benzinot vo 2005ta bese 50i kusur denari. Mislam deka ova e dovolen podsetnik, a za se drugo logicki ke dojde i do drugite podatoci. Se se menuva, se tece. Ne velam deka vo 2005ta tecelo med i mleko,(za narodov isto e) no uste po smesno e da se ubeduvame deka denes bilo podobro. Nie si se vrtime vo krug. Nekogas pobrzo, nekogas posporo, no tuka sme, zaglaveni vo krugot. |
| Istocna Makedonija, 05.05.2012 08:49:47 | I vcerasniot den e veke minato,istorija!Denes,
utre,konecno da se naprai veteniot ,,ekonomski
bum.So bombonce moze dete da se izlaze,so
nerealizirani predizborni,agitpropovski vetuvanja
elektorat tesko!Izborite ke bidat reper. |
| od ostrijot, 05.05.2012 11:17:20 | osven ministerot site drugi znajat oti so falbi i lazi nese pravi budzet. |
| evro-makedonec, 05.05.2012 18:12:32 | Ako uspeeme da imama porast od 1%, pak za Stavre ke bide odlicen uspeh. Koga germanija predvide 0,8 %,Stavre i Gujo predvidoa 4,5 %. |
| deko, 05.05.2012 20:25:36 | Dobro ova ne e nisto novo,bese svetska kriza i normalno site budzeti sekade vo svetot se koregiraat vo zavisnost od svetskite tekovi na kapitalot,a normalno i Makedonija e del od svetot i ne e svetsko cudo ako go rebalansira budzetot.Normalno kriza e i ziveenjeto e se potesko,kako kaj nas taka i sekade vo evropa i svetot.Samo edno bi vi posocil sega e aktuelno intervjuto na Andrej Petrov vo Vest i ako e mozno ednas da iskomentirate za negovite diletantski idei za izleguvanjeto od krizata so rusenje na spomenici i sl.sinki na tatko mu se.Ako e mozno dajte nekoj komentar za idninata sto ne ocekuva so novata elita na sdsm i nivnite idei za spas na nasata ekonomija?????? |
| Baron fon MinhauzenII, 06.05.2012 11:56:25 | Da ne ve cudi Stavreski. pa tie koga vo svetot kon krajot na 2008 godina pocna da besnee svetskata ekonomska kriza i na kolena gi turna mnostvo banki i drzavi , so togasniot minister po finansii i za zal univerziteski profesor Slaveski , se iskazaa deka krizata ne samo sto nema da ja zafati mMakedonija , ami i ce imame car od istata!? Tie i predviduvaa rast na BDP za 2009 duri od 5%!? , a zavrsivme so minus 0,9%, pa psole pak se falea deka ete sme imale pomal pad na BDP-to od site ostanati zemji kako Litvanija Ungarila , Estonija isl. Abe ova go nema ni vo Zemjata n a Cudata!? Ludje na takvi visoki funkcii da pravat takvi promasuvanja i nikomu nisto, a izigruvaat golemi finansiski strucnjaci.Ako ne gi biva za tie mesta neka si odat ,a ima pososobni i pomalku poltronski licnosti kon lideot, koi ce ja kazuvaat pravata vistina i ce proektiraat budzet prema istata Minhauzen za ovie e obicen cirak! |
| Do Deko, 06.05.2012 12:54:35 | Kic spomenicite ne se na Andrej no se troseni nasi pari i za toa zalime site nie koi ne razmisluvame kako Vozdot tvoj. A sto se odnesuva do elitata toa e vistinski zbor , site zaedno da se soberete vo dpmne ne vredite na pr kolku Ilinka Mtreva koja bese pocituvana vo cel svet i odevme napred kon EU se dodeka ne se sluci CUNAMIO -prerodba... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 13°C
Ведро
|
Четврток
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 14°C
|
Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
|