Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
11.06.2012, 17:36

Стоиљковиќ му сврте грб на Иванов поради Николиќ

Демократска партија на Србите во Македонија, коалициски партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, објави дека ги суспендира односите со претседателот Ѓорге Иванов бидејќи тој одлучи да не присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Србија, Томислав Николиќ, која се одржа вчера во Белград.

Овој потег на Иванов, кој според ДПС е непринципиелен и крајно штетен за односите меѓу двете држави и двата народа, практично претставува своевиден домино-ефект, по претходното одбивање на претседателите на Хрватска, на БИХ и на Словенија да отпатуваат во Белград на поздравување со Николиќ.

„Одлуката на Иванов не е во функција на унапредување на односите меѓу двете држави и двата народа и на јакнење на постигнатиот степен на меѓусебна соработка и доверба, и е лицемерна кон припадниците на македонската заедница во Србија која на изборите му ги даде своите гласови токму на новиот српски претседател и која во соработка со неговата партија прв пат стана парламентарна“, велат од ДПС.

Претседателот Иванов в петок треба да замине за Белград, каде што ќе учествува на конференција на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

За партијата на Стоиљковиќ е неразбирливо зошто со својата одлука да не присуствува на инаугурацијата на Николиќ претседателот Иванов ја приклучил Македонија кон, како што велат, „една група држави, која се' повеќе наликува на непринципиелна регионална коалиција, која не го почитува легитимниот и легалниот избор на српскиот народ и не ги уважува неговите интереси, со што на директен начин ја загрозува регионалната стабилност и соработка“.

За разлика од Иванов, кој не ги кажа причините зошто решил да му сврти грб на својот нов колега, преостанатите претседатели од регионот јавно кажаа дека треба да помине време за да се уверат дека Николиќ не го сменил само речникот, туку и дека ги напуштил големосрпските идеи. (Н.К.)


Статијата е прочитана 2194 пати.

Испрати коментар



Кој ги суди новинарите
Проекти за заслуги
Мирослав Лајчак
Карл Билт - Хаг даде јасна пресуда
Протест на новинарите пред Основниот суд 1 во Скопје



jovan, 12.06.2012 00:18:04
A Stoiljkovic e vo partijata na Nikolic li e, pa sto tolku mnogu se zasekiral dali nekoj otisol ili ne vo Belgrad na inaguracijata. I onaka tamu otidoa samo tri-cetvorica stranski *prestavnici*, sto kazuva deke ova so Nikolic ne e bas na cisto. Nikolic najverojatno doprva ke treba da pokaze za sto e i koja ke mu bide politikata, za da *zaraboti* respekt. Vaka kako sto pocna kako muva bez glava, te Istok te Zapad, te vo Gruzija ke priznaval otcepuvanja, te so Draza e, te za Evropa e, protiv Evropa... Toj vakov kakov sto e(ili kako sto pocna) i vo samata Srbija se rezervirani, pa zatoa i na inaguracijata mu dojdoa dvajca bez trojca. Toa sto ne mu otisol nasiov, i ne e taka loso, so obzir na toa sto Nikolic dosta se iznatreska protiv nas, a vo korist na Grcite.
?, 12.06.2012 01:32:42
Нели драгиша милетиќ е линкуван на николиќ? Од каде сега стоиљковиќ со николиќ? Или си прави иван алиби бидејќи нема никаков позитивен линк со тадиќ и николиќ ако не му се смета пријателството со јаначковиќ, но од женска страна.
Ljubotan Trade Name, 12.06.2012 01:33:58
Eee Moj ,,Jovane Stoiljkovic- Ivane Stoiljkov! Odamna znaeme za takvia lideri ,kade Dum i pile peceno,a Toj Kum! Od kade Ti Ivance, nauci deka Vojvoda Micko Krstic i Dame Gruev mozat da bidat vo ista partija? Gospodine Stoiljkov, odavna i toa mnogu evtino ja prodade Srpskata Koza na VMRO-ovcite. Povratok Ti nema, kako i na Dvajcata Miletici; mladiot od Makedonija,a stariot od Bugarija!PS, ve molam bez Cenzura,cenzurata go slimnuva tirazot na novinite!
Васил Прилеп, 12.06.2012 02:24:58
1999.г бевме логистика за воен напад и окупација на дел од Србија.2008 им го признавме за нив светото Косово како независна држава.Во ОН кога бараа меѓународен суд да даде мислење за Косово не ги подржавме.Не ги подржавме ни сега кога Јеремиќ беше биран за председавач на ГС на ОН.Во Собранието на РМ гласавме резолуција за Сребреница во кој ги прогласивме за геноциден народ.Сега не им го испочитувавме легитимно изберениот председател.Претеравме...
коку, 12.06.2012 04:12:07
Излези момче.....од коалиција....рефрен
ZOKI, 12.06.2012 04:12:09
Samo lugjeto i naciite so komplex na pomala vrednost i griza na sovest mozat da postapat vaka kako sto postapi Ivanov.Nie nemame nisto so Srebrenica,so ustasi ili cetnici nitu so Gruzija ili Bolivija!!Stranskata rezija pokaza koi se politicki statisti i kukli!! Dobrososedski odnosi vaka ne se gradat!! Ke go spomenam naseto priznavanje na Kosovo i se e jasno! Megjutoa ima edna druga VISTINA, a toa e deka Makedoncite ne gi mrazat Srbite a gospodata od makedonskoto rakovodstvo neka ne podgrevaat destruktivna i neprincipielna megjunacionalna atmosfera. Za raspravii ima drugi institucii a eksponiranjeto na bon-tonot e del na politickata umesnost i vestina!!!!
edelvajs, 12.06.2012 04:23:25
Peta kolona vo Makedonia.
Tanin, 12.06.2012 06:02:30
Kako im naredi cicko im taka i napravia. A oni, poslusni kako pudlici.
sase, 12.06.2012 07:10:14
nasata vlada vodi politika kako ke duvne vetar.nikolic bil cetnik , a cetnik u srbija e isto kako vmrovec taka resil grujo a precsdatelot go nema nigde tuku se oglasuva preku soopstenie koe e napisano vo kabinatot na vladata, demek ke odam vo petok preku nedela ne izlagam mozabi ima rabota
НЕВЕН ГНЕВЕН, 12.06.2012 07:26:10
Како прво, изборот за претседател е на народот, не е наше да отценуваме дали е или не е во ред и второ, ако појдеше на инаугурацијата нашиот Претседател, ќе му го свртеа грбот Аљи и компанија.
sam, 12.06.2012 08:03:33
Cetnik si e cetnik,so takva cetnicka ideologija mu se skratuva patot za vo Hag.Mislel deka za inauguracija ke dojdat i ke mu se poklonat drzavnicite.Daleku od zdrav razum.Misli deka lugevo zaboravile sto vakvi krvopijci po bivsa Jugoslavia napravile.Vaka ako cela zapadna civilizacija gi izoliraat ,ke misli dva pati pred da izjavi nesto glupo ,srednovekovno,fasisticko.
Ohridl, 12.06.2012 08:59:15
Da bese inaguracija vo Albanija ili Kosovo celiot vrv na vladata ke bese tamu.
Od Prijatel br-1, 12.06.2012 09:24:17
Ako me cesas po grbot i jas kete cesam................
Pero od Prilep, 12.06.2012 09:28:36
Ivanov do pred dva-tri dena beshe edno malo izgubeno choveche na koj mu trebashe srpska raka da go vodi kako del na timot na Vladata... Sega mi izgleda kako dvometrash vo politikata! Toj e nashiot Pretsedatel na koj sum gord!
patriot, 12.06.2012 09:32:30
Добро, српски е весников, во Србија сме? Пак нашата кој Србин кој Бугарин? Николиќ е пријател на Грција и душман на Македонија. Точка, и што има до оди претседателот и да им се улижува!
Dragan, 12.06.2012 09:48:07
@Prilepcanecot e najrecit i najblisku do vistinata.Ne e vazno vo ovoj moment dali e Stoiljkovic ili nekoj drug..se raboti za nasiot Djorge..ne etolku skandal za Toma Nikolic kolku e za Srbite koi za volja na vistinata go izglasaa svojot predsedatel.. a Vas Ivanov koj Ve glasase?Poradi nasata Mudrost i stradame.
ФЕЛИКС, 12.06.2012 10:09:26
Сето мова би ,,држело вода,, кога ДПС би имала избалансиран став кон се што доаѓа од Србија. Па така да беа тоа што несе ќе пратеа протесно писми или јавна реакција за однесувањето на црковни��т српски врв кон МПЦ и инсталирање на расколници тука.Потоа ќе реагираа протесно на безрезервната подршка на председателот Николиќ кон соседот во врска со името.Сепак тие се дел од оваа држава и треба да ги засегаат работите тука.И на крај г-дин Стоиљковиќ треба да се угледа на лидерот на Хрватските Срби Пуповац како се однесува кон државата и политичкиот систем таму каде што живее и политички делува.Ова не се однесува на србоманите од типот на оној отуде Вратницу,тие се безнадежен анационален случај.
bitola troa skolovan, 12.06.2012 10:10:23
Neli covecevo nase stalno kazuva deka e izbran od narodot,pa i onaj vo Srbija go izbra narodot.Znaci dojdovme do toa da prestanat nasite politicari da kazuvaat deka zaradi toa sto se izbrani od narodot mozat da pravat sto sakaat.
pero-baba, 12.06.2012 10:32:11
eve ti odgovor sotilkovicu, pretsedatelot ne otide i treba javno da im kaze srpskite institucii deka ne otide od edna ednostavna priocinae taa,sto srpskata politicka pravoslavna crkva pravi prblemi voMAKEDONSKATA PRAVOSLAVNA CRKVA mesajci se vo vnatresnite raboti .i dosta od tie vasi baloni deka sme bratski narod.za toa BRAVO PRETSEDATELE IVANOV.
MakeDonalds, 12.06.2012 10:52:44
HAHAHA ovaj se nasekirao sto nije iso nas Horhe u Beograda. Bre srbski potrcko mali - ko te tebe sisa sto ti mislis? Mars od mojata tatkovina kato ti se ne svidja i vise se ne vracaj. Nadam se da si me razumeo dobro...
Nektar, 12.06.2012 11:40:20
Kolku e greshka na Ivanov (Grujo), ushte povece na Tadic i negovata losha politika, pa srbite vo inaet go izbraa problematichniot Nikolic, poradi shto ne dovedoa vo nezgodna situacija. Nepotrebno i neoprostivo zgreshivme vo drugi priliki, ne so Nikolic. Inache, i najgolemite krvolochnici se voglavno birani od narodot. Taka da ova so izborot na narodot i ne drzi mnogu voda. I te kako znae narodot da zgreshi i da ne e vo pravo. A shto se odnesuva do chetnishtvoto, nekoj dobro primeti, toa e pandan na nashata vmro-vshtina ili obratno, seedno.
P.Petar, 12.06.2012 11:43:47
Da ne se uplasi nekoj od sredbata Nikolc-Putin??
СИГМА, 12.06.2012 11:56:51
А оти не ги замрзне односите со неговиот ментор,НАРЕДБОДАВАЧ Груевски.Продадена душа. Ем арен со Србите,ем арен со дпмне.Абе нема поголемо зло од личниот интерес. А овој и ТАТКОМУ на ѓаволот ќе го дајт само у власт да БИЈТ.
Dejan, 12.06.2012 14:39:07
Pak makedonceto zabi noz vo grb na sosedot.....Pa i poznati sme si po toa
Samusa, 12.06.2012 16:22:33
Nemam nisto protiv srpskiot narod no vo Makedonia ima 40 000 srbi i nekoj branko gi napravi drzavotvoren narod spored preambulata vo ustavot na RM. Dali se tie postar narod od Egipkanite, Albancite,Turcite , Vlasite, vo Makedonia?! Nikolic e negator na postoeneto na Mekedonia i zagovornik so grcite protiv nas od vreme. Isto taka masakarot vo Srebrenica za nego ne bil zlocin, a Vukovar bil srpski grad?? Ovoj covek e sledbenik na politikata na Milosevic i e los izbor pred se za samite srbi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Кочо Чакалароски, претседател на Лекарската комора

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |