11.06.2012, 17:23 Мое ќоше
Кој ги суди новинарите
Ерол Ризаов
Вистинската адреса пред која треба да протестираат новинарите и судиите е - Владата
Целосно го поддржувам јавниот протест на колегите новинари против честите пресуди со кои се нарушуваат човековите права, а со драконските парични глоби на новинари се врши силен притисок врз слободата на изразување со евидентна загроза на и она малку демократија и новинарски професионализам што остана од почетокот на транзицијата до денес. Добро е што Здружението на новинари го организира овој своевиден јавен апел до судската власт, демонстрирајќи го на симболичен начин најзначајниот сегмент на демократијата во една земја, а тоа е независноста на судството и на новинарството. Сепак, вистинската адреса пред која заеднички треба да маршираат новинарите и судиите не е пред судот, туку пред Владата на Република Македонија. На новинарите не им пресудуваат судиите, туку власта.
Стравувам дека барањата на новинарскиот еснаф од поодамна не се правилно разбрани од пошироката јавност. Интонацијата на прашањето што пак сега сакаат новинарите, со алузија дека бараат да бидат над законот, за да можат да клеветат и лажат без последици загрозувајќи туѓи права и слободи, е вешта замена на тезите од следбениците и апологетите на власта. Новинарите не бараат да бидат заштитени како мечки пред законот кога навредуваат и клеветат. Новинарите не бараат и никогаш не барале специјален статус на привилегирани граѓани кои не се еднакви пред законот, како и сите простосмртни граѓани. Напротив, тие бараат еднаков третман пред правдата каков што треба да имаат сите граѓани на Македонија, а немаат. Никогаш и немале. Новинарите ги бараат правата што им следуваат со меѓународните конвенции и искуствата на демократските земји на Европската унија. Тоа не го бараат заради себе, туку заради јавноста, за да можат непречено и без закани да си ја вршат својата работа. Тие инсистираат на судската практика од Стразбур за што има цели томови расправи и правила кои треба да се почитуваат ако веќе сме тргнале кон Европа. Затоа вчерашниот протест на новинарите пред Судот го гледам како своевидна поддршка на судиите и на новинарите кои професионално, во рамките на кодексите, етичките принципи, законските и европските правила сакаат слободно и без надворешни влијанија и притисоци да си ја вршат својата работа.
Протестот на новинарите само ја потврдува оцената на меѓународните асоцијации дека двете најслаби точки во македонските демократски процеси се токму судството и слободата на медиумите. Нефункциoнирањето на правната држава и контролата врз медиумите ја сместуваат Македонија во земјите со ограничени слободи и ја рангираат меѓу последните во Европа, а во светот не' гледаат се' поблиску до тврдите режими и диктатури. Популистичката влада која со вознес ги пречекува сите ранг-листи каде што се регистрира извесен напредок, кога ќе стасаат оцените за нашето судство и новинарство се крие од јавноста. Македонската Влада, за жал, ни по шест години владеење не успеа да стекне поголема самодоверба и да ја сфати како главна демократска придобивка медиумската критика и независноста на судството. Неодамна премиерот Никола Груевски беше во Шведска, една од најбогатите и најразвиени скандинавски земји, со висок степен на демократија. Покрај нашите понуди на поволности за инвестиции, добро е некогаш нашиот премиер во вакви држави да се распраша дали и таму новинарите не ги критикуваат владите и како реагираат на тоа властите. Чинам дека е крајно време Груевски да открие дека малите држави кои немаат големи природни ресурси и богатства својот економски, политички и вкупен општествен развој мораат да го базираат на демократијата и образованието. Тие се темел и предуслов за се' друго.
Не верувам дека македонските судии не ја знаат разликата во медиумскиот третман на јавните личности и обичните граѓани во европските земји. Многу порастеглива е одговорноста на новинарите во опсервацијата на политичарите и мегаsвездите отколку на обичните граѓани. Колку повисока политичка функција толку порастеглива одговорност за пишаниот и изречениот збор. Не се исти аршините во судовите кога ќе се појават политичари како тужители на новинари. Тие законски можности не ги засегаат ничии права, тоа е составен дел на здравата демократија. И кај нас не се еднакви аршините на правдата кога политичари тужат новинари, но во најчест број случаи во обратна насока. Пресудите во најголем број случаи се во корист на политичарите кога се во власта. Селективната правда секогаш е со мирис на политика, моќ и пари. |
|
Статијата е прочитана 2091 пати.
|
Испрати коментар
|
|
eh erole, 12.06.2012 02:22:30 | eh erole erole novinarite ne pred vlada tuku i vnatre pred gruevski da zastanat pa pak nisto nema da se smeni grujo e zabolen od teska alergija na kritika pa sekogas kiva so casovi ako se najde nekoj da kaze nesto i malku kriticno nastroeno
|
| јурист, 12.06.2012 03:03:02 | A [to pravime so oficijalniot podatok deka 40 procenti od novinarite megusebe si podnesuvaat privatni krivi;ni tuzbi. |
| Istocna Makedonija, 12.06.2012 08:15:40 | Za al,pomegu nepristrasnite i objektivni novinari,do-
miniraat onie,drugi koi odrabotuvaat agendi za
vladeacki klili!E sega,za da ne bidat krivicno proceso
irani,receptot e ednostaven!Sluzi im so glorifikacii i
agitacii na aktuelnive,kako Latas,Mirka,Burek,Milen-
ko,Tomik...Ama,trkaloto se vrti,a utre?! |
| bokser, 12.06.2012 10:16:22 | eve eden primer ako na novinarot alatkata mu e pisaniot zbor i za toa toj saka da bide pomalku kaznet. togas bokserive trebaat da izlezat na sud i da baraat pravo da tepaat se po red na ulica i za toa da ne odgovaraat oti se profesionalni bokseri. |
| ФЕЛИКС, 12.06.2012 10:19:26 | Се сложувам со констатацијата да новинарите се преригорозно испоказнувани за своите пишувања кој за воља на вистината се во голем број и навредувачки и политички инструирани. Па така не може да се бара европско судење за неевропска политичка одработка било за власта било за опозицијата.Не може таа одработка да се задскрива зад слободата на говорот.Ако се одработува за власта се знае да себе си се гледаат одработувачите како идни гласноговорници по разни министерства,плус дебела заработка од владините реклами за нивните газди.Ако се одработува за опозицијата се станува пратеник како награда.По мене би било најдобро медиумскиот простор да се дефинира кој е за власта кој е за опозицијата,па ние како консументи ќе одбереме што ќе читаме и кому ќе веруваме,се друго е мимикрија.И на крај никој не објаснува зошто 40% од тужбите се новинар против новинар. |
| Од јули ќе плаќаме поскапа струја?, 12.06.2012 13:41:52 | Tuka da go slusneme tvojot komentar macorce prerodbenicko, a ne i ti kako i tvoite desnicari igrate na kartata na politikanstvoto. |
| bezanec, 12.06.2012 13:54:52 | Do feliks iako rekov da ne gi citam tvoite vmrovski,lazni izjavi,no citajki ja knigata na Aleksandar T.Hristov,me potseti na VMORO na Smilevskiot kongres kade se doneseni nekoi prava i dolznosti na dejstvuvanje na site clenovi na organizacijata a posebno na sudskite organi kade izricito e kazano deka sekoj za bilo kakva greshka odgovara,posebno i vojvodata,no so procedura od na isprashuvanje od site shto znaat da kazat losho i dobro za greshnikot,razgleduvajki go na selski,reonski,okruzen i najposle na gorskiot komitet za konecnata odluka.Na ovie pravila se sprotistavile samo vrhovistite koi im sluzele na bugarija,toa e segashnoto vmro. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 14°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
Кочо Чакалароски, претседател на Лекарската комора |
|
|