05.10.2012, 18:48 Реплики
А сега малку за нас
Соња Крамарска
Настанот во Солун, дури и да беше вистинит, заслужуваше една поинаква реакција, која доликува на цивилизирана земја и на еманципирани граѓани
Силните и емотивни реакции на македонското општество ( барем ако се суди според телевизиите) на наводната смрт на момче по име Александар Самарџиев во Солун, не го оставија никого рамнодушен. Причина за тоа меѓу другото беше и првичната вест дека се работи за македонски студент во Солун, дека е крвнички претепан од грчки националисти заради неговата националност, и дека по неколкудневно лежење во болница им подлегнал на повредите. И починал што би рекле колегите во Македонската телевизија. Од тој аспект емоциите беа до некаде и нормални.
Но сега кога целата оваа афера има епилог, односно се утврди дека не се случил овој настан, можеби треба за момент да застанеме и да се погледнеме во огледало и да се прашаме кои сме всушност ние, зошто блиски луѓе до Владата повикуваат на војна, а две моќни телевизии со национална концесија, исто така блиски до Владата, ширеа омраза со рефрени како „грчки фашисти“, „бог да го прости“, „жртва на крвници“ и слично.
Настанот во Солун, дури и да беше вистинит, заслужуваше една поинаква реакција, која доликува на цивилизирана земја и еманципирани граѓани, кои ќе изразат жалење за таков грозоморен чин, но нема да возвратат со говор на омраза туку ќе остават институциите да ја завршат работата.
Еве зошто:
Дали се сеќаваме сите на еден исто така грозоморен настан, во Охрид, не така одамна всушност пред две години? Момче од Србија, дојдено на одмор во Охрид, го загуби животот таму на улица, претепан како куче од страна на локални момци. Девојка ли беше, што ли беше причината. Српскиот турист, почина на лице место, а неговото семејство, како и целата македонска јавност не можеа да си дојдат на себе од големиот шок. Да убиеш некого со тупаници и со газење, и тоа повеќе лица против една жртва, е чин што не се квалификува само како убиство, туку како ѕверство. Но, види чудо,од Србија не добивме повик за војна, туку само една смирена изјава од тамошното раководство кое рече дека верува во македонските институции дека ќе го истражат случајот и верува дека убијците ќе бидат изнесени пред лицето на правдата. За чудење е и судскиот епилог. Учесниците во злосторството уште малку може да се најдат и на слобода. На првообвинетиот, Апелацискиот суд му ја преполови затворската казна од четири на две години во кои му се пресметува и времето поминато во притвор од една година и три месеци. Двајца други учесници во ова ѕверство добија едниот четири години и шест месеци а другиот една година затвор. Третиот кој се' уште е во бегство (а го бара ли некој?!) беше осуден на четири години и девет месеци. Сами проценете почитувани читатели, дали е тоа реална казна за такво невидено злосторство.
Случај број два. На 5 септември 2009 година во Охридско езеро се случи бродска несреќа во која загинаа 15 бугарски туристи. За несреќата, судот ги утврди за виновни и ги осуди капетанот на бродот од Охрид и овластениот претставник на германската компанија која го сервисирала бродот и го прогласила за исправен а не бил исправен. Двајцата добија по една година затвор, што е исто така дискутабилна казна со оглед на несреќата што ја предизвикаа и бројот на жртвите, а да не говориме за нарушениот туристички углед на државата, бидејќи се работеше за загинување на странски државјани.Ни Бугарија не ни' се закани со војна. Напротив, тие реагираа многу цивилизирано иако со право можеа да ја повикаат Македонија на посовесно и поправедно судство.
Е, ако во овие случаи македонското општество реагираше спокојно, со спорадични реакции кои повеќе се пренесоа на политички терен како во случајот со бродската несреќа и одговорноста на министерот Миле Јанакиески, во случајот со Александар Самарџиев извадивме цел „воен“ арсенал. Не смее да загине Македонец во странство, а уште помалку во Грција. Одиме во војна, ако само не' чепнат.
Мислам дека прашањето за оваа разлика во реакциите е цивилизациско. Тоа е прашање на јавна свест, отпорност кон пропаганда и пред се' хуманост. Човечкиот живот секаде вреди и не треба да се третира во зависност ��д тоа дали жртвата е Македонец, Србин или Бугарин. Со двата претходни случаи на загинување на странски државјани во Македонија, третманот што им го дадовме како општество, и сегашната реакција кон информациите за наводната смрт на момче Македонче (додуша со грчки пасош и државјанство), покажавме дека имаме двојни аршини. Или двоен морал. Критични сме кон другите, но кога ние правиме грешки не дозволуваме никаква критика.
Замислете македонски туристи да се удават на брод во Грција (како што се качуваат секое лето) или да се преврти траектот од Игуменица до Крф. Тодор Петров и неговите медиумски и политички спонзори, веднаш ќе прогласат воена состојба, а министерот за одбрана Фатмир Бесими итно ќе биде сменет од функцијата за да може македонската страна да има непречен пристап до армиските команди и воени арсенали. Веднаш ќе бидат стопирани преговорите за името, а Брисел и Вашингтон ќе добијат официјални рапорти за налетот на грчкиот шовинизам врз недолжните македонски туристи.
*******
Како и обично, и во случајот со раздвојување на политичката функција од сопствеништво на медиуми, македонското општество удри по самарот а не по коњот. Едно исклучително благородно радио „Класик ФМ“ се најде на ударот на законот и мораше да го менува сопственикот. Инаку тоа е едно тивко и ненаметливо радио кое емитува класична музика и кое е една ретка појава што предизвикува радост кај вљубениците во класичната музика. По долго истражување на спрегите меѓу политиката и медиумите, законодавците и законоизвршителите открија дека тоа радио му припаѓа на амбасадорот во НАТО Мартин Тренески. А бидејќи законот не признава партии, нели, господинот Тренески мораше да се откаже од сопственоста над радиото. Значи, Македонија доби уште една голема битка против тесната поврзаност на медиумите и политичарите. Алал да ни' е! |
|
Статијата е прочитана 1475 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 06.10.2012 00:37:03 | Mi padna na um edna replika od eden Srpski humuristicen film, koja vo orginal odi vaka: *Braco, idemo u rat da se bijete*. Toa e ovaa Vlada. Na vakva strasna propaganda ovoj narod ne bil nikogas izlozen. Kako ke se zavrsi, Bog znae. |
| USA, 06.10.2012 04:01:11 | Не разбрав кој од Владата повикал на војна? Ај се кладиме у € 27,000 дека такво нешто немало. Ако е некој друг, ..... |
| МК, 06.10.2012 04:49:37 | Авторката можи да си пишува што сака, но никој не и дава значење, затоа што боледува од неизлечива тенденциозност.
И во овој текст прави споредби на баби и жаби се за да ги обвини оние кои се во друг политички табор. Едно е ако некој настрада од криминален акт или доживее случајна несреќа, а друго е ако некому намерно се изврши злодело ПОРАДИ припадност. Според првите случаи има Македонци кои настрадале и за жал ќе има но заедницата не реагира бурно затоа што не е повикана. Во тие случаи како поединци можиме да жалиме за настраданиот, ама би било смешно како заедница некој да се меша. Ако некој е неоправдано нападнат на фамилијарна основа, фамилијата ќе го брани, ако некој е нападнат на национална или било каква припадност, тогаш таа група/заедница ќе го брани. Така и сега, бидејќи авторката лажно го обвинува Македонскиот народ заради лични и извесни себични причини, тогаш ние Македонците нема да ја рецкаме многу. |
| perica, 06.10.2012 06:06:37 | Pogodeno, sekoja cest.Ovaa statija konacno go tretira nasiot najgolem problem-nie samite. |
| :-), 06.10.2012 06:29:00 | Aplauz! Petka! |
| citatel, 06.10.2012 07:33:40 | Mnogu ubav prilog koj za zal , nema da ima nikakvo vlijanie vrz tie sto treba da go razberat |
| ФЕЛИКС, 06.10.2012 07:53:44 | Сензационалистичкиот а непроверен пристап за случајот Самарџиски доведе до тоа да тотален маргиналец воинствено настапува и упорно само тој да ја држи тезата да сепак има ваков случај со смртни последици.МТВ без никакво двоумење е главниот виновник на оваа на прв поглед Рашамонијада,на втор поглед испадна непрофесионално медиумско однесување.Тоа е едната страна,од друга страна МТВ се извини и поминува неказнето токму како што бараат и самите новинари ,,извини се и неплати ја казната,,Има и трет пример со тоа што исто така пренесена вест испадна неточна (Бучковски)и воопшто нема објавување на демантот на дотичниот на исто место каде и што се објавија неточностите.Дури ни како пренесена вест да тој демантирал во друг весник. |
| Mene od daleku, 06.10.2012 09:26:46 | Odlicen napis sto kazuva mnogu za nas ! |
| Марко, 06.10.2012 10:39:35 | Прво и основно, случаиве што ги набројуваш имаат сосема друга заднина. Криминал, несреќа и сл. Како можеш да го споредиш овој случај (иако очигледно невистинит, но еве да претпоставиме дека, не дај боже, би се случил), со трагедиите во Охрид? |
| Realno, bez emocii!, 06.10.2012 12:39:07 | Feliks, ako Bule e demantiral, toa ne znachi i deka ja kazuva vistinata. Na kraj od kraishtata, kolku imoti formalno se vodat na drugi? Pa site politichari go imaat primeneto toj recept. Ispada da se jadni i bedni i da treba na Kameniot Most site da prosime za niv. Ne pravi se tolku naiven, a se so cel da branish neshto shto vodi kon patriotskata vodenica. So ova, ne sakam da tvrdam deka ima vila na Halkidiki, ama da ima nekade i vila i nasukan brod poln so pari, ima brat! A imaat i Branko i Ljibcho, i Grujo i Ahmeti i site tie, nemame jas i ti i onie kako nas. Veruvaj na dedo ti! Inache, ja skrena temata, za razlika od nesrecata so brodot, ona so Dejan e katastrofa, pa makar i od narkomanski prichini. Ushte pokatastrofalni se kaznite. A srbite, *ne civilizirani* i ratnichki nastroeni, odreagiraa i te koko civilizirano i mirno. A nie? Vo pravo e novinarkata! |
| BitolaHamiltonCanada, 06.10.2012 13:52:30 | I koj reche deka samo muslimanite se ekstremisti?? |
| Санде Пожарникаро, 06.10.2012 15:32:57 | Соња,Соња! Што можете да очекувате од ликови кои се, никој не знае по историска нужност или случајност,на значајни и одговорни позиици,а се однесуваат како онаа ПЛАВУША од вицовите... |
| до „многу паметните патриоти“, 07.10.2012 10:06:59 | Прво до USA.Каде ти во текстот прочита дека „некој од Владата повикал на војна“?Во текстот пишува„блиски луѓе до Владата повикуваат на војна“,а не дека некој од Владата повикува на војна.Ти,што вели народот,не дослушнуваш,затоа ти се такви и други коментари.До МК:Се гледа колку си паметен од тоа што кажуваш дека „ако некој е нападнат на фамилијарна основа,фамилијата ќе го брани,а ако е нападнат на национална или било каква припадност,тогаш таа група/заедница ќе го брани“!?Кај живееш ти?Во некое диво племе пред 5000 години?А што ти Марко мислиш?Мислиш ли дека,не дај боже,подобро е твојот син некој да го претепа до смрт поради девојка отколку да биде претепан до смрт поради националност?Дали ѕверско претепување до смрт поради девојка е полесно ��ело од ѕверско претепување до смрт поради националност? |
| wd40, 07.10.2012 11:50:40 | A kako nie reagiravme kako divjaci li....Sto se potcenuvas samata i smetas deka evropejcite se civilizacija samo pogledni od kade pocnaa dvete svetski vojni i imperijalizmot pa e ti e jasno koj e koj |
| Баба Евда, 07.10.2012 12:58:45 | Шате бабино , дали се работи за истиот маргиналец што беше претседателски кандидат на конвенцијата на нашата партија? Зар ние кандидираме само маргиналци за високи функции?Внучко , па ти го навредуваш нашиот Прометеј!Па тој на нашата претседателска конвенција доби речиси исто толку овации , како Тачи-Војвода во Штип.
П.С. Како е субвенционираната слива на флејтиската? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Делумно облачно
|
Недела
Претежно облачно
Макс: 28°C, Мин: 11°C
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (19)Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
|
|