Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
22.07.2012, 20:02

Мислења

Александров позаслужен од Глигоров!?

Манчо Митевски

Македонија наместо мудроста: Пред фактите молчат и боговите, се применува: Пред боговите молчат и фактите!

Македонски Состојби

Дали ви паднало во очи дека во речникот, реториката и во јавните настапи на експонентите на актуелната власт - премиерот, министрите, портпаролите, високите партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ многу ретко или воопшто не се употребуваат термините: дијалог, демократски процеси, различно мислење, компромис, права и слободи, слобода на изразување... освен во некои многу ретки прилики, во говори на партиски конгреси или во изборните програми, и тоа исклучиво како неопходна шминка.

Зошто е тоа така? Затоа што демократските процеси и процесот што по шест години владеење го заокружува оваа владејачка гарнитура, немаат ништо заедничко меѓу себе. Од друга страна, пак, власта воопшто не се стеснува за се' да пресудува, историски да рехабилитира и да ја натура својата вистина како единствена и беспоговорна, иако за тоа не е ни повикана, уште помалку е компетентна.

За кусо време од еден-два дена се случија два настана кои зборуваат за контрадикторноста и непринципиелноста на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Прво, премиерот, кој по струка е економист и нема никакви врски со историските науки, во своја изјава, без факти и аргументи ја „поби“ досегашната историска перцепција за, во најмала рака, контроверзноста на личноста и делото на еден од најголемите ликвидатори на многу македонски револуционери и интелектуалци, меѓу кои Јане Сандански и Ѓорче Петров, политички рехабилитирајќи го Тодор Александров, кој бил марионета на бугарскиот двор и експонент на бугарската кауза за Македонија! Дел од таа рехабилитација се и неговиот скап споменик во Кисела Вода, наречен Војводата на коњ, како и еден мост и булевар, а веројатно ќе следи и предлог до некои историчари контроверзите и злосторствата на Тодор Александров да ги трансформираат во учебниците по историја во позитивна насока. Неколкумина такви пери-носи историчари веќе се појавија во јавноста! Второ, власта го одби предлогот на опозицијата, наградата по повод Денот на независноста да го носи името на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, со образложение дека времето и историјата требало да покажат дали тој заслужува вака висока награда да го носи неговото име!?

Преседаните со Глигоров и Александров имаат длабока врска со демократијата, дијалогот, борбата на мислења, компромисот, отсуството на демократски капацитет на власта, злоупотреба на демократските процедури, селективноста и непринципиелноста, односно наметнувањето на принципот на моќ и надгласување. Ќе наведам неколку елементи кои власта ги злоупотреби околу овие два случаја.

Според сегашните историски факти и научно верифицираната историја, личноста на Тодор Александров е негативна во однос на Македонија. За неговите наводно позитивни елементи и придонеси за македонската кауза, треба да им веруваме на чесен збор на премиерот и на два-тројца историчари, во нивните површни и навивачки оцени. Ни нов факт, ни студија, ни научна дебата за нив! За разлика од Александров, Киро Глигоров беше наш современик. Сите луѓе знаат кој бил, што бил, што работел и што сработил, можат да анализираат, да донесуваат свои судови. Но, колку и да го ценат и негираат, не можат да апстрахираат неколку факти кои се неспорни. Тој беше еден од основоположниците на првата македонска држава со самиот факт што е директен учесник на АСНОМ во 1944 година. Тој е избран за прв претседател на независна Република Македонија и на таа функција се задржа во два мандата. Предлогот наградата на Денот на независноста да го носи името на Киро Глигоров беше легитимно поднесен, доставен до Собранието, кое е единствено надлежно за одлучување и беше солидно аргументиран. Одлуката за одбивање на предлогот беше донесена со диригирано гласање на владиното мнозинство, без респектирање на фактите и по дебата со големи примеси на говор на омраза, реваншизам и лични фрустрации. За разлика од Глигоров, за споменикот на Тодор Александров, за мостот и булеварот што ќе го носат неговото име, е одлучено во најголема тајност и врз база на непознати аргументи. Наместо Собранието, одлука донел некој таен штаб, во уште потајна процедура!

А за втемеленоста на претседателот Глигоров во државата Република Македонија - да потсетам, негова е мислата: „Македонија е се' што имаме“ - може многу да се пишува, иако тоа го знаат, препознаваат и признаваат најголемиот дел од граѓаните на Македонија. Сепак, не е одвишно телеграфски да нагласам неколку факти. Македонија не беше дел од крвавата криза при распадот на поранешната СФРЈ и единствена стана независна без испукан куршум, токму благодарение на човечката мудрост, умешноста за преговори и компромисот што го направи Глигоров со ЈНА (патем, како потсетување, една група функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а некои од нив се и во сегашното на Груевски, тогаш велеа: Каква е таа држава без да се пролее крв за нејзината независност!). Со Глигоров, Македонија стана членка на ОН - точно, под привремената референца ПЈРМ, но тогаш алтернатива на невлегувањето во друштвото на народите беше останувањето непризнаена земја чија иднина ќе беше статусот - протекторат. Заслугата на Глигоров е евидентна и за Привремената спогодба со Грција, со која јужниот сосед го призна територијалниот интегритет на Македонија, го укина ембаргото и ја тргна јамката од главата на земјата на која и' се закануваше од економско-социјален колапс. (За иронијата да биде поголема, за нивните најголеми критичари, ВМРО-ДПМНЕ, тие се главните адути за Хашкиот суд и за прием во НАТО!). Во негово време се одржаа парламентарните избори на кои победи опцијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и изборите и промената на власта поминаа на најкоректен начин. Македонија под негово водство беше призната под уставното име од многу држави и се здоби со многу пријатели низ светот (што сега е мислена именка), а за време на неговиот мандат, но и многу години потоа, Глигоров водеше во рејтинг-листите, што покажуваше колку народот и граѓаните го респектираат.

При една средба што ја имаше група македонски новинари во Анкара, меѓу кои бев и јас, познатиот политичар Булент Еџевит, во неколку наврати премиер на Турција, рече дека Македонија имала среќа да ја води Киро Глигоров во тоа време на војни во бивша Југославија. А, поранешниот амбасадор во Македонија, потоа висок функционер во дипломатијата на САД, Кристофер Хил, по повод смртта на Глигоров, речиси видовито, ќе изјави: „Балканот не е добар кон своите политичари. Значи, ќе помине некое време пред придонесот на Глигоров да биде признат во неговата проблематична држава. Но, тој постигна нешто што други лидери на Балканот, во деведесеттите години и во многу други времиња и места не можеа или не сакаа“.

Мудроста вели: Пред фактите и боговите молчат! Бидејќи кај нас некои веќе толку летнаа во облаците, па се поистоветија со боговите, се трансформира и античката мудрост: Пред боговите молчат и фактите!

(Авторот е новинар во пензија)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 2846 пати.

Испрати коментар



Писма - Вардар и Бате Борисов – второ полувреме
Писма - Надворешната борба на борците
Умирање во суд



Itar Pejo, 23.07.2012 00:18:13
Gi izvrtuvas rabotite, Манчо! Premierot ne rece deka Aleksandrov e pozitivna licnost, rece deka treba da se gradat spomenici na site koi sto bile znacajni za Makedonija. Slusam deka e vece naracan uste eden spomenik: Ubiec na zeleznicarsko ezero na konj.
jovan, 23.07.2012 00:24:28
Sto se odnesuva do Alexandrov, za mene toa e jasno kako den, bidejki brat od mojata baba bil vo negovata ceta, pa stalno koga doagal doma na baba mi stalno i povtoruval da ne zaboravi deka e Bugarka (bidejki ucela srpsko skolo). Sto se odnesuva pa do Vlasta koja, po moe, e rakovodena od ostatocite na militantniot del na UDBA, e dolga prikaska. Od edna strana koga drzavava ni e klimava i izlozena na udari i pritisoci od milion strani, eden takov*militanten* rezim e potreben. No od druga strana ima golema razlika pomegu drzavotvoren*militanten*rezim, i mafijasko/kriminalen militanten rezim. Kaj nas treba da se rascisti za sto tocno se raboti. Inaku, ima dosta *platenasi* koj kriejki se zad nekakva si demokratija, i te kako rabotat protiv drzavava. Za takvite i ne treba mnogu da se sekirame. No ima i takvi koj sakaat nesto da pomognat, kazat, izrazat nesto, no ne samo sto nikoj ne gi slusa, nego i si go *dobivaat*.
Komunjar, 23.07.2012 01:11:56
Bog da chuva od ne blagodarni ludje, a drzava nasledija. Ja izvrtea istorijata i drzavata, i narodot i identitetot. Kiro ne bil zasluzen! ??? Za Tito i da ne zborime. Verovatno Horhe e zasluzen, Grujo epten! Takvi narcisoidi, lazgovci i lopovi do sega ne e imalo na makedonskata politichka scena, a se proglasuvaat za vernici i patrioti. I namesto da se barem zasramat, oni se so toa ponosat. Choveka, ni kriv ni dolzen, sram da go fati.
bate Vane, 23.07.2012 02:17:07
Ubavo napishano za Gligorov ama od koi istoriski uchebnici si chital za Aleksandrov i za negovite zlodela ako ne od Belgradskite!! Megu dvete svetski vojni toj bil eden i edinstven borec za osloboduvanje na Makedonija od Srpskata okupacija organizirajki otpor vo Makedonija so neviden entuzijazam i hrabrost.Sporeduvanjeto so Gligorov e nishto osven samo plukanje po istorijata na Makedonija od 1919 do 1941 godina.se prshuvam dali MKD ima istorija od toa vreme.Da ima i toa napishana posle osamostojuvanjeto.Pred toa beshe tabu tema za ubistvata kolezite palezite na zandarmerijata na kolonistite od sever.Kerkamu Maria Aleksandrova Koeva umre pred desetina godini kako gorda Makedonka i kerka na eden velikan koj ete so godini go turkame vo kandjite na Taatrite od istok,da go velichat kako svoj a roden vo Novo selo Stipsko,tamu kade se rodil i Gligorov.Makedonska golgota i apsurd.
ФЕЛИКС, 23.07.2012 07:03:12
Она со тезата за боговите,фактите и молчењето би ја дополнил со ,,пред фактите на благонадежниот,коалицијата молчи,,. Некој ќе праша ,,а шчо така,, одговорот би бил,,разбира се така треба да бидит,оти спасувањето на РМ и со негатори кажува колку е лоша власта,па не натера да се усојузиме,,
Трубадур, 23.07.2012 09:21:48
Низ своето редовно школување меѓу другото ја изучувавме и историјата. Што ли се не се наслушавме за разни диктатори. Од начинот на кој владееле косата на главата ни се подкреваше. Не ни беше верно дека има и такви владетели. Ја имам таа ,,среќа,, во денешни услови да доживеам КАКО ВО СУШТИНА И РЕАЛНО тоа изгледа. Мислам само дека на Феликс ова му одговара, што полошо на народот, подобро за владетелите (и блиски до нив).
od ostrijot, 23.07.2012 10:11:00
ovije od vmro-dpmne uste nese svatile oti ako nebese tito i gligorov deneska nemase da kukurikat kako petli nego ke kvaka kako zabi vo blato.
jovan, vlada @, 23.07.2012 11:07:01
Господине Мицковски, да се разбереме за нешто уште од самиот старт, за вас Александров бил контраверзна личност а пак за мене Глиговор е контраверзна личност.Знам дека ќе бидам осуден од останататите со мојата теза,ама не веувам во ништо додека не се направи една научна анализа и истражување од пошироката јавност за да се видат некој историски факти за кој мислам дека се криени бидејќи Александров беше трн во окот на Србија и српската окупација во Македонија посебно во учебниците од 1945-90 па може да се каже и денес.Со сета почит кон Глигоров, прв преседател на самостојна Македонија и сето тоа, не навлегувам за името, приемот во ОН и други работи за кој мислам дека треба да се разгледаат непристрасно исто како и за Тодор Алекесандров дали е вистина тоа што го пишуваа македонските историчари и историографи за време на комунизмот.Србија го почна процесот на помирување Тадич го рехабилитира Дража Михајловиќ и го направи привиот чекор кон обединување на Србите како народ и со историјата..
bb, 23.07.2012 14:05:21
koj li im ja raskazuva ili pak od kade ja citaat istorijata antichkive makedonci ,ili pak nemozele da ja nauchat pa se im se pomeshalo vo nivnite glavi,.se soglasuvam so tekstot na mancho mitevski
kik, 23.07.2012 14:28:24
Zosto Gligorov ne e dozivea sudbinata na Metodija Andonov Cento,edniot izmacuvan zatvoran za se prasuvam sto a drugiot kako sto ke rece narodot po vojnata site heroi a najvazno dvajcata ASNOMCI a dali vredi da se cukame vo gradi a se prasuvam zosto e tolku pozitiven i sto napravi Gligorov
jon, 23.07.2012 15:40:07
Naj iskreno nemam simpatii prema Todor Aleksandrov poradi dosegasnata i nedokazana kontraverznost Sto povaka ke se dokaze ke probame da se adaptirame na vistinata zasluzuva ili ne rehabikitacija.No edno nikogas nema da mu prostam na SDSM za toa sto ne go prifati predlogot na pretsedatelot Ivanov za Kiro Gligorov dobie pogreb so site drzavni i voeni pocesti.SDSM nesmeese da mu zadade takov nizok udar na pretsedatelot Gligorov zatoa sto toj go zasluzi toa i toa mnogu poveke od kolku nekoj misli toj bese svetla licnost vo ponovata nasa opstojbina

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Делумно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 2 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Инвазија на гламурозни убавици во Лондон
Најлуксузните светски јахти го полнат Кралското пристаниште во британската престолнина како ексклузивни посетители за вр...
Едно од „најзелените“ дела на архитектурата
Повеќе од 100 олимпијци паднаа на допинг
И официјално - Бекам на отворањето на Игрите
Светските лидери и холивудските ѕвезди на отворањето на ОИ
Малезиски олимпијци можат да го одложат рамазанскиот пост
На олимпиското мени - од пиле млеко

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |