Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.07.2012, 18:48

В година место сини картони - електронска картичка

Пред да се подигне картичката од ФЗО, вработените треба да уплатат 250 денари на сметката на Министерството за здравство

Јасмина Јовановска

В година сините картони за лекување ќе се укинат. Тие ќе бидат заменети со електронска здравствена картичка, која пред да се подигне од Фондот за здравствено осигурување треба да се уплатат 250 денари на сметка на Министерството за здравство. Толку чини една картичка за вработените, но и за членовите на нивното семејство. Така, едно просечно четиричлено семејство со двајца родители и две деца ќе треба да издвои 1.000 денари за новиот здравствен документ. Повластена цена на електронската картичка од 100 денари ќе има само за пензионери кои примаат пензии до 15.000 денари и невработените, како и за самохрани родители и деца без родители. Предвидена е и бесплатна картичка, која ќе им следува само на социјалните случаи и лицата кои примаат постојана парична помош.

Компјутерската влезница за здравството ќе работи на принципот на кредитна картичка со пин код, за што здравствените установи треба да имаат читачи. Доколку се изгуби, оштети или пак, картичката се блокира поради погрешен код, повторното издавање секој граѓанин ќе го чини 250 денари.

Здравствената визит-карта вработените треба да ја подигнат до крајот на годинава, по што ќе следи издавањето на картичките за пензионерите, за кои се' уште не е одлучено дали лично ќе ја уплатата до ФЗО или, пак, тоа ќе го сторат нивните матични лекари.

За што побрзо да тече издавањето на новите документи, ФЗО од вчера почна да ги прима наплатите. Засега нема рок до кога треба да се подигнат здравствените картички, но од ФЗО упатија апел за што поскоро да се регулираа ова обврска кон Министерството за здравство, за да може и побрзо да ги добијат новите картички. Во Фондот само треба да се достави доказ за направената уплата, која може да биде групна од фирма со над 10 вработени или поединечна од секој осигуреник.

„Правилникот за плаќање на здравствената картичка што го донесе Министерството за здравство веќе е на сила. Известена е државната и јавната администрација дека можат да почнат да уплаќаат за да може да ги подигнат електронските картички“, вели портпаролот на ФЗО, Бранко Аџигогов.

Тој најави дека до септември треба да се издадат околу 150.000 електронски картички за државната администрација. По нив ќе следат картичките за вработените во јавните претпријатија и сите други фирми. Во почетокот на идната година ќе дојдат на ред картичките за пензионерите и за невработените. „Доколку се оди со забрзана динамика, в година треба сите осигуреници да ги добијат електронските картички. За почеток тие ќе бидат замена за сините картони, а од јули 2014 година треба да ги заменат и здравствените легитимации“, додаде Аџигогов.

Колку пари ќе се соберат од здравствените картички и за што ќе се употребат овие пари, од Фондот велат дека не знаат бидејќи тие пари ќе се уплаќаат на сметката на Министерството за здравство, и тие може да одговорат на ова прашање. Од Министерството за здравство не добивме одговор колку пари планира да инкасира од електронската картичка, која требаше да биде бесплатна. Првичните процени се дека од наплатата на овие визит-карти за здравството ќе се соберат околу пет милиони евра.


Статијата е прочитана 961 пати.

Испрати коментар



Фејсбук како огласна табла
Аврамопулос брифирал за спорот со името
Иванов очекува пораки од Бан Ки-мун
Вершбоу гo построи цело НАТО зад ветото
Црквата им држи лекции на политичарите и новинарите
Тaчи веќе не е војвода
Владата се брани
Од денеска на работа по старо
Неделкова не доби поддршка, Врховен суд останува со в.д. претседател



USA MAK, 19.07.2012 00:21:41
BRAVO ....znaci genijalni umovi imame vo drzavicevo nashe. 4 EUR za edna kartica, ja prodavaat kako da e pozlatena. Ama, neli treba tenderashot (citaj nashite lokalni pajtashi) predvreme da si ja otplatat investicijata. Ne e nekoja teshka matematika da se presmeta kolku pari ke zarabotat na samiot pocetok na proektor. Ako ima 2 mil osigurenici pomnozeno so 4 EUR toa se 8 milioncinja NA ZDRAVJE BRICENJE
oslo, 19.07.2012 06:05:39
sovaj minister bjrm kesekacit na mars danegozaboravi gruja enego dagozemit o vije samose mozoci bjrm rekorderi za sve
mitre, 19.07.2012 07:39:56
Ете ви го бесплатното ѕдравство на Грујо........... штом обека нешто, од друга страна ке ги одере лугето...........Наѕдравје Македонци.........
od ostrijot, 19.07.2012 09:38:55
da ministerot se znajko nespije ni dene ni vecer samo misli kako dago osiromasti narodot.
Иван, 19.07.2012 11:23:23
Голема подршка за ваквиот чекор на Министерството за здраство . Електронските книшки се голем чекор во здраството како и реконсрукциите на болниците и новите технологии кој пристигнаа така и електронските картички се дел од тоа .

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Претежно облачно

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 5 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |