25.03.2012, 18:09 Петти обид за вртелешка на плоштадот
Распишан е тендер за поставување карусел со коњчиња и кочии
Бојан Шашевски
Нов обид на градските власти да постават вртелешка на централниот градски плоштад. Неодамна Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ распиша повторен јавен повик за избор на изведувач на објектот кој треба да биде уште една забава за скопјани. Замислата е на плоштадот „Македонија“ да биде поставен карусел со ротирачка платформа, од каде што родителите и децата ќе вртат крукчиња додека се возат во кочиите или на коњите и така од различни страни ќе можат да ги видат спомениците и околните нови објекти.
Иницијатор за поставување на вртелешката е Градот Скопје, кој за реализирање на проектот го субвенционирале претпријатието со 10 милиони денари.
Од „Паркови и зеленило“ потврдуваат дека во тек е повторен, петти тендер. Причината за неуспешноста на минатите повици ја насочуваат кон неможноста да се договорат со фирмите-изведувачи околу економските и техничките услови за проектирање на вртелешката.
„Со петтиот јавен повик ги менуваме техничките карактеристики на каруселот. Сега бараме електричен мотор со помала моќност. Се надевам дека овој пат тоа ќе влезе во предвидената цена и повикот ќе биде успешен. Меѓународниот јавен тендер ќе трае еден и пол месец, односно 52 дена“, вели директорот на „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ, и додава дека каруселот ќе има 15-16 коњи со колички за четири лица, декоративен венец и дрвена ротирачка платформа.
Авировиќ не открива каде точно на плоштадот ќе никне ваквата забавна содржина. Иако имаше некои објави дека вртелешката ќе го украсува плоштадот „Македонија“ со својата неокласична архитектура, со барокен стил, сепак, тој не верува дека ќе има таков изглед.
„Обложувањето на каруселот зависи од нарачателот, но искрено мислам дека нема да има барокни елементи. Сепак, се работи за забавен реквизит кој, пред се', треба да биде привлечен и да ги анимира децата“, смета Авировиќ.
Од Градот не кажуваат детали околу идниот проект. Единствено информираат дека постапката за јавна набавка е во тек и неа ја спроведува „Паркови и зеленило“.
„По завршувањето на тендерската процедура, сите релевантни информации поврзани со функционирањето на овој проект ќе бидат објавени“, одговараат градските власти. |
|
Статијата е прочитана 1864 пати.
|
Испрати коментар
|
|
EU, 26.03.2012 00:11:56 | Karuselot e najmal problem pri proliferacija na kicot, so nego barem ke se zaokruzi cirkusot, vo koi se soglasivme da ziveeme. |
| sonja, 26.03.2012 08:14:38 | па да изнајмиме од циркусот Медрано, заедно со шаторот и еден питон внатре, па како кој влезе да неќ голтне.... |
| Irena T, 26.03.2012 09:18:29 | , PA uste samo ova falese i da ja preneseme Sutka na plostad. Mizerija. Znaci se potvrduva faktot deka dzabe mu e na seljak pari. I 50 miliona EUR da mu dades na raspolaganje, toj sto nema vkus nema vkus. Go napravija plostadot kako Luna Park. Sramota. Sram mi e sto ziveam vo vakov grad, kade se redat spomenici sekoj od sekoj porazlicen, a ako otvorite einterent ke vidite deka sekoj den ima statija deka na nekoja ulica nema voda ili struja.
SRAMOTA KOCE!!!!! |
| РНД, 26.03.2012 10:27:04 | Рингишпилче и панорамче за недокваканите вмровчиња !!! |
| Oskar., 26.03.2012 11:30:47 | Se prasuvam, ima li granica na izdrzlivost Makedonecot, ta po volku gluposti napraveni od trosacite na nasite pari, sedime mirni, molcime i dozvoluvame da pravat se pogolemi gluposti i pokraj toa sto se svesni za ogromnoto nezadovolstvo na eden golem del od naselenieto. Aj, sto ni gi trosat parite tuku od gradot napravija cirkus. Krajno vreme e da se prestane so ovie gluposti, i nadleznite da se fatat za vistinskata rabota, gradete ona sto e neophodno i za sto ste plateni, razubavuvanjeto na gradot prepustete go na onie sto se razbiraat od toa. |
| Луда Мара, 26.03.2012 13:27:15 | Е,не знаете вие...Та,вака беше и во времето на барокот,кога,кралот Сонце распиша тендер за карусел кој ќе биде поставен во средината на градината Тилери!Да живее преродбата!Без неа,немаше да ни биде вака весело!Успешно го претворија градов во „Луна Парк 2014“! |
| Boshko, 26.03.2012 14:48:07 | E stvarno nema kraj na chovechkata DPMNEvska GLUPOST.Ringishpil e za vo cirkus,demek ova e kapak na site gluposti do sega izgradeni,duri sega ke treba na ploshtadot ke treba da mu se smeni imeto vo Cirkus ploshtad. |
| Go sakam Skopje, 26.03.2012 14:54:02 | Se slozglasuvam so OSKAR I site koi sovesno so svoja glava razmisluvame,skopjani ili dojdeni koi go kritikuvame ovoj cirkus sto ni se napravi od gradot,NASAHIOTsakan grad koi imase dusha,so sto mozevme da se falime.I sega, ostanavme da gi kritikuvame ovie cirkus gradbi niz gradot, deneska posebno so *PANAGJUROT* na plostadot,se izrazuvame preku ovie cesni jadovanki koi verojatno onie za kogo se namrnrti, ne go ni otvaraat vesnikot( a vikaat deka znaat da citaat).Znaci, deka nasite zabeleski ne se dovolni da se gi izlecme nadleznite/nadlezniot od ovoa prostacko ludilo, sto se prenesuva na del od onie so portokalovite ocila. Krajno vreme e, ako veke ne e docna, da se napravi nekoj poinakov cekor, da se organizirame i SITE ZAEDNO da barame sredba so nadlezniot koj od Skopje koi napravija LOSH cirkus. Trebe da se obratime i vo evropski zaednici za zastita na individualnoto arhitekstonsko bogatstvo sto go poseduvame i za sekakva generalna promena na gradot, da se PRASHA narodot ! |
| GOki, 26.03.2012 17:20:43 | Super e! Dosta placete kako nedokvakani kokosi.
Skopje imalo dusa porano... kako ne be! Skopje bese sivo kako na grobista. Butel imase poveke dusa od Skopje. |
| Shegobiec, 26.03.2012 18:32:26 | Najprvo mislev deka e nekoja shega, no otposle sfativ deka rabotata e seriozna. Ne znam dali da placam ili da se smeam? :) |
| Nevkus, 26.03.2012 19:03:52 | A da go postavat vo luna parkot kade sto mu e mestoto? Plostadot da go ostavat da si bide toa sto e - plostad. Pa posle ke ne cudi sto vo Ekonomist vikaat deka Skopje stanalo kako tematski - LUNA park. Kaj odi karusel pokraj Aleksandar i istorijata????? |
| мурто, 26.03.2012 19:46:00 | Јас едвај чекам да го прославам роденденот качен на вртелешката,а во позадина да ми пее Цеца. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 21°C
Ведро
|
Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 22°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 23°C
|
|
|
|
|
|