Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Политика
08.06.2010, 17:50

Аларм од топлотен бран за пет општини

Заштитните мерки се однесуваат за Скопје, Куманово, Велес, Гевгелија и Кавадарци

Јасмина Јовановска
Снежана Калабаков


Македонија од денеска, под влијание на топол бран од северните делови на Африка, ќе ја зафатат исклучително тропски температури, кои во почетокот на идната недела ќе се искачат до 39 Целзиусови степен. Од средината на наредната недела влажен бран ќе услови пад на температурите за 4-5 степени, а локално ќе има слаб краткотраен дожд.

Топлиот бран ќе го зафати целиот Балкански Полуостров и Централна Европа. Наглото затоплување ќе предизвика температурна разлика за речиси цели 20 степени во многу кус период, бидејќи минатата недела беше исклучително студено за овој период од годината.

Престој во затворени и по можност, климатизирани простории, избегнување напорни работа и спорт од 11 до 17 часот, како и задолжително носење реквизити за заштита од сончевите зраци, препорачуваат здравствените власти, кои вчера го вклучија предупредувачкиот аларм за најавениот топлотниот бран.

За разлика од претходните години кога се чекаше топлотниот бран да стаса, па да се реагира со здравствени препораки, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје сега реагираа веднаш по прогнозата за високите температури. Комисијата за климатски промени и здравје вчера се состана и веднаш излезе со конкретни мерки за заштита од топлотниот бран. Заштитните мерки се однесуваат за населението во Скопје, Куманово, Велес, Гевгелија и во Кавадарци, кои според метеоалармот, ќе бидат најпогодени од топлотниот бран.

„Препораките се само за петте општини зашто во нив веќе се измерени гранични температури над кои се вклучува здравствениот предупредувачки аларм, односно тие се во првата или жолта фаза од активностите за справување со топлотни бранови. Ова значи дека на населението треба да му се укаже дека постои потенцијален ризик врз нивното здравје од високите температури и што тие треба да преземат за да се заштитат“, вели д-р Владимир Кендровски, претседател на Комисијата за климатски промени и здравје.

Согласно со акциониот план, на населението од загрозените пет општини им се порачува ако немаат поголема потреба да не излегуваат од дома. Ако веќе мора да излезат на сонце, лекарите советуваат да се избегнува директен престој на сонце и да се најде можност за почести одмори под сенка. Оние што немаат климатизирани простории, се советува одреден престој во климатизиран трговски центар.

Во однос на исхраната, се препорачува да се внесуваат помали количини храна, и тоа помалку мрсна храна, а да се избегнуваат слатки и други производи со големи количини шеќер, како и алкохолни и пијалаци со кофеин, како и многу ладни напивки. Да се внесуваат поголеми количини вода и да не се чека организмот да ожедне. Хронично болните во однос на водата да се консултираат со лекар, а им се советува и строго придржување до препишаната терапија. Лекарите советуваат да се внимава на храната и укажуваат на опасноста од труење од недоволно обработена и храна расиплива на високите температури. „Добро миење на овошјето и на зеленчукот, како и внимателност со недоволно обработени производи од јајца, како што се мајонез и сладолед.

Засега податоците од службите за итна помош покажуваат дека бројот на дневните повици е вообичаен за овој период од годината. Најчесто за помош се јавуваат хронично болни, пред се', пациенти со срцеви заболувања. „Мерките се за целата популација во загрозените општини. Доколку продолжат овие високи температури, ќе се премине на другата фаза кога ќе има конкретни заштитни мерки и за ризичните групи, како што се бремените жени, како и дополнителни активности што треба да спроведат со локалната власт“, потенцира д-р Кендровски.

��о оглед дека дојде до нагло покачување на дневните температури, д-р Кендровски укажува дека на населението му треба и период на адаптација од две до три недели за да се аклиматизираат на високите температури. „Не треба нагло изложување на сонце, туку постепено и затоа се и општите препораки да се носи комфорна и светла облека, да се носат очила за сонце и капа, додека откриените делови да се премачкуваат со заштитни кремови“, препорачува д-р Кендровски.

За подетални информации за влијанието од топлотниот бран и за мерките, од Институтот велат дека граѓаните секој ден во период од 10 до 18 часот може да се обратат на бесплатниот телефон на Црвен крст на Македонија 02/ 32 21 902 или на адресата: www.toplotnibranovi.mk.

Инаку, според метереолозите и денеска ќе биде сончево и тивко со максимална температура до 32 степена, а за Гевгелија се прогнозираат 33 степени. Од утре и наредните денови температурата секојдневно ќе се искачува за два-три степени, а во вторник во југоисточните делови од земјава живата во термометрите ќе се искачи високо до 39 степени. В четврток УВ-индексот ќе се искачи на 8, а в петок и сабота ќе биде 9 по што повторно ќе се спушти за една единица подолу. Утринските температури ќе бидат во интервалот од 10 до 20 степени.

„Од средината на идната недела високите температури ќе попуштат и под влијание на влажен воздушен бран температурите на воздухот ќе опаднат за 4-5 Целзиусови степени. Локално на одделни места ќе има зголемено наоблачување и можно е да се создадат услови за краткотраен дожд“, објаснува Ленче Ризова, дежурен синоптичар во УХМР. (Ј.Ј. - Сн.К.)


Статијата е прочитана 4249 пати.

Испрати коментар



На 83. место според индексот на светски мир
Во јуни нема датум за преговори
Војниците се жалат на притисоци од Министерството за одбрана
Поддршка за помалите етнички заедници
Замир Дика нов ректор



Od rudar, 09.06.2010 00:31:29
Prostete, dali ovie predupreduvanja na zdravstvenite vlasti vazat i za rudarite vo REK BITOLA i REK OSLOMEJ???? A za zemjodelcite, gradeznite rabotnici i tn. Taman rabota, neli? Pa nekoj mora da kopa jaglen, za da moze nekoj da sedi vo klimatizirana prostorija. Ama, ako vekje mora, neka gi poseti nekoj novinar i neka ni kaze vo slednite broevi na UTRINSKI kako si pominaa .
Трпе, 09.06.2010 13:35:46
Дали и овде постои политичка селекција.И овде политиката ѓи меша своите прсти ,па струмичкиот реон,како опозициски ,не се смета во загрозените подрачја.Дали земјоделците можат слободно да работат во пластениците.Не најдов никаква препорака.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Вторник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |