15.04.2012, 15:38 Жртвите кај Смиљковци починале од огнострелните рани
Како што изјави денеска д-р Билјана Јаневска од Институтот за судска медицина, сторителите користеле оружје со голема пробивна моќ
Обдукцискиот извештај на Институтот за судска медицина укажува дека петтемината убиени кај Смиљковци починале како последица на огнострелни рани во главите и горниот дел на телата. Немало друг вид повреди пред или по нивната смрт.
Како што изјави денеска д-р Билјана Јаневска од Институтот за судска медицина, сторителите користеле оружје со голема пробивна моќ.
- Причина за смртта кај секој од починатите е директна последица од оштетување на виталните органи. Сите повреди се нанесени со проектили со голема енергија, рече Јаневска.
МВР ја продолжува истрагата. Профилот на убијците е познат, но не и нивниот број и идентитет.
|