Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Политика
25.03.2009, 18:09

Oпштините останаа без женска рака

Ниту една од 13-те кандидатки за градоначалник не победи на локалните избори во кои учествуваа 364 мажи

Жаклина Хаџи-Зафирова

Ташули Јуца ги урна сите надежи на жените кои до последен момент беа убедени дека ќе добијат барем еден кандидат за градоначалник на Крушево кој влегува во вториот круг. Името на Ташули Јуца вчера внесе забуни и во СОЖМ, кои се изненадија од фактот дека станува збор за маж, а не за жена, иако претходно во нивните аналитики го вбројуваа меѓу жените.

Ниту една од жените-кандидати за градоначалник не успеаја да влезат во вториот круг на овие избори, за кои се кандидираа дури 364 мажи, а само тринаесет жени. Се прават конечните анализи за тоа колку жени се влезени на советничките листи, но и за нив во Сојузот на организации на жени на Македонија не се оптимисти.

„Имавме неполни пет проценти кандидати за жени- градоначалници, а ваму говориме за еднаквост и унапредување на еднаквоста и за закони каде што квотите постојат, но нема кој да ги почитува“, вели претседателката на СОЖМ, Савка Тодорова. Таа најави дека ќе побараат одговорност од државните органи, кои се занимаваат со полова рамноправност, а ќе поведат постапка и за Државната изборна комисија каде што од седумте членови само една е жена, што е противзаконски, тврдат од СОЖМ.

Во анализите за овие избори ќе влезе и податокот дека единствената жена-кандидат за претседател, Мируше Хоџа, ги изгуби изборите, а истото и' се случи и на кандидатката за градоначалник на Скопје, Мирјана Најчевска. Градоначалничките фотелји не ги добија и дванаесет други кандидатки, меѓу кои Силвана Бонева во Струмица, Дијана Ѓоргиевска во Битола, Мила Искреновиќ во Карпош и Јорданка Николовска во Центар. Најмногу кандидатки на овие избори, дури пет, имаше Партијата на обединети демократи на Македонија - ПОДЕМ, но ниту една од нив не влезе ни во вториот круг.

„Жена-градоначалник за нас е како да добиеме на лотарија. Од 364 кандидати, само тринаесет се жени, што значи имавме неполни пет проценти“, вели Тодорова. Со став околу застапеноста на жените на советничките листи, СОЖМ ќе излезе откако ќе ги направат сите анализи. Претходно, тие ги анализирале листите кои партиите ги поднеле до ДИК, каде што утврдиле дека жени-носители на листи немало ниту 10 проценти, поточно од 1.700 кандидатки за носители, само 81 жена била на првата позиција. На второ место биле повеќе од 200, а на трето близу 400. Но, ваквите бројки за СОЖМ не се задоволувачки.

„Се покажува дека квотата е нужно потребна. Се' уште има предрасуди и стереотипи за местото и улогата на жената во општеството и партиите. Жените не се охрабрени и не се прифатени добро во партиите каде што не се наметнуваат. Нив ги храбрат единствено невладините организации“, појаснува Тодорова. Таа е посебно разочарана во Комисијата за еднакви можности и во Женското парламентарно лоби, кои би требало да се борат за повеќе права за жените, но не го прават тоа.

Тодорова потенцира дека на минатите избори имало три жени- градоначалнички во Крушево, Осломеј и Центар, кои ја извршувале таа функција во два мандата, што оцени дека било вистинско освежување во регионот.


Статијата е прочитана 1209 пати.

Испрати коментар



Се прават списоци на граѓани кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ
Мируше Хоџа - личност на претседателската кампања
Најмногу од неопределените за Бошкоски
Дали политиката ги замолчи пелагониските фармери
Иванов честеше баклави и боза за победата
Чак Норис осми претседателски кандидат
Телевизија Сител најнеизбалансирана во изборната кампања
Милошоски се' уште чека одговор од Грција



R.R., 26.03.2009 00:09:47
Epa sega ako nema soodvetni zenski kandidati sto da pravime? Kako da izbiras nekoja ako ne i e tamu mestoto? I za ova e kriv Gruevski?? Kako po nekoe nepisano pravilo toj vi e kriv za se!!!Da zivee Nikola!
biba, 26.03.2009 15:29:44
ajde, da receme, porazot na izborite e demokratski, pa i ne e tolku strasen. Zenskite kandidati izgubilie kako sto izgubile i mnogu maski kandidati. no, razmisluvanjeto deka nema soodvetni zenski politicki figuri, kako i toa deka na zenata tamu ne i e mestoto, e strasno. ZA REZIL
Veronika, 26.03.2009 15:54:28
Procesot so zastapenosta na zenite na site nivoa vo politickiot zivot stagnira i konstatacijata na pretsedatelkata na SOZM na RM Savka Todorova e tocna deka najmnogu vina snosat drzavnite organi koi ne ja pocituvaat polovata zastapenost, isto i Komisijata za ednakvi moznosti vo Parlamentot cija pretsedatelka e LIljana Popovska , no taa i ostanatite parlamentarki dozvolija da pomine na sednica na Sobranie vo DIK da ima samo edna zena a isto i vo Komisijata za verifikacija na faktite od edinaeset clena samo edna da bide zena.Isto taka , iako po Zakonot za ednakvi moznosti vo lokalnata samuprava treba da ima Koordinator za ednakvi moznosti toa ne se pocituva i procesot ne odi napred. Klubot na parlamentarki vo Sobranieto zatai i ne raboti na unapreduvanje na tie procesi.Bitno e sto pretsedatelkite se izboruvaat za sebe a ne i za ostanatite. Vo samite politicki partii nema podrska za kandidat da bide zena za bilo sto, toa tolku tesko odi sto ako ne bea kvotite nema da mrdnevme od mesto.
25.03.2009, 19:01

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Претежно облачно

Среда
Грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 14°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (3)
Совладетелство и Титоизам како начин на владеење. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |