Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Политика
25.03.2009, 18:22

Најмногу од неопределените за Бошкоски

Најголем процент од гласовите на неопределените избирачи, односно на избирачите кои од разни причини не сакаа да кажат за кого ќе гласаат, на претседателските избори отидоа кај Љубе Бошкоски, покажуваат анализите на агенцијата „Рејтинг“. Повеќето агенции предвидуваа дека Бошкоски ќе освои само 8 отсто од гласовите, но крајниот скор е дури 15 отсто од вкупниот број гласачи, што претставува 90 отсто повеќе од изјаснетите за него во испитувањата. Најголем скок на рејтингот, според резултатите на денот на изборите, во однос на претходните анкети, зад Бошкоски, има Љубомир Фрчкоски, за кого агенциите предвидуваа дека во првиот круг ќе освои од 10 до 14 отсто од гласовите, наспроти 20 отсто колку што освои во првиот круг, што покажува дека дури 40 отсто од неговото гласачко тело се наоѓало во зоната на стравот од изјаснување, објаснуваат од „Рејтинг“. Такви проблеми немале другите кандидати кои добиле значително помал процент на гласови од процентот на неопределените, кој по првата половина од кампањата изнесуваше 24 отсто.

Независно од ова, „Рејтинг“ ги прогнозираше со голема точност резултатите од овие избори во првиот изборен круг, се пофалија од агенцијата. (Д.Р.)


Статијата е прочитана 1566 пати.

Испрати коментар



Се прават списоци на граѓани кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ
Мируше Хоџа - личност на претседателската кампања
Дали политиката ги замолчи пелагониските фармери
Иванов честеше баклави и боза за победата
Чак Норис осми претседателски кандидат
Телевизија Сител најнеизбалансирана во изборната кампања
Милошоски се' уште чека одговор од Грција
Oпштините останаа без женска рака



Petre, 26.03.2009 06:30:44
Spored ovaa statistika Ljube Boskoski postigna najgolem uspeh , bidejki nitu edna partija ne zastana zad nego. Koga jas bi bil George Ivanov ke se sramam da bidam pretsedatel na site gragani na R. Makedonija.
brat, 26.03.2009 08:20:41
Se soglasuvam deka najuspesen vo izbotite e bratot Ljube.Zatoa mu predlagam toj i SDSM da se soedinat i da go soborat diktatorot Glujo za dobroto na ovoj narod i za dobroto na nasata tatkovina.
lule, 26.03.2009 08:23:52
Brat Ljube e moralen pobednik i voopshto ne treba da se somneva vo podrshkata na Makedonskiot narod.So patriotski pozdrav.
analiticar, 26.03.2009 08:58:33
Gruevski prestani da glumis luzer-pobednik, pocni da razmisluvas za svoe zaminuvanje, samo taka ke se spasi Makedonija.
Irina,kavadarci, 26.03.2009 14:21:20
Samo Ivanov za pretsedatel! narodot ja prepozna negovata iskrenost,cesnost!Sekoja cest!
25.03.2009, 19:01

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Недела
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (6)
Голооточки и дедињски молчаливци. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |