Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Политика
25.03.2009, 18:16

Телевизија Сител најнеизбалансирана во изборната кампања

Телевизиите Алфа, Наша ТВ од Скопје и Канал 8 од Кочани го прекршиле изборниот молк

„Со мали исклучоци, медиумите со своето известување за текот на изборната кампања и за изборниот ден придонесоа за создавање позитивна слика пред домашната и меѓународната јавност за одвивањето на изборите во демократска атмосфера“. Ова е генералната оцена на Советот за радиодифузија, која ја изнесе претседателот Зоран Стефановски, пренесувајќи ги резултатите од мониторингот на медиумите за избалансираноста во покривањето на кампањата за претседателските и локалните избори. Тој информира дека Советот повел пет прекршочни постапки за разни прекршувања на законот и уште три за нарушување на изборниот молк.

„Против телевизија Сител се поведени две постапки, и тоа поради неизбалансирано покривање, како и поради објавување резултати од испитување на јавното мислење по законски дозволениот рок. За Наша ТВ е поведена постапка поради непочитување на правилата за емитување платено политичко рекламирање, за телевизија Здравкин поради користење посебни информативни емисии како облик на платено политичко рекламирање и за МТВ 2 поради учество на уредник на телевизијата во изборна кампања на една партија. Прекршочни постапки се поведени и за нарушување на изборниот молк, и тоа за Алфа ТВ и Наша ТВ од Скопје и против Канал 8 од Кочани“, рече Стефановски.

Според него, во известувањата од изборната кампања драстична неизбалансираност е констатирана кај Сител, и тоа во текот на целата изборна кампања, додека релативно неизбалансирано известувале телевизиите МТВ 1, Телма, Алфа, Канал 5 плус и Сител 3, потоа Првата програма на Македонското радио и радиопрограмите на албански и турски јазик.

Стефановски се пожали дека додека бил вршен мониторингот, биле изложени на притисоци од одредени медиуми, но како што истакна, тие не потклекнале на нив и тоа не се одразило на нивното работење и во носењето одлуки.

„Во овие 70-ина дена Советот беше изложен на многу притисоци од различни субјекти. Ги разбираме нервозните реакции на некои медиуми, кои веројатно се резултат на санкциите што беа преземени против нив“, истакна Стефановски.

Тој забележа и дека пишувањата против него во еден од дневните весници се невкусни лаги и инсинуации и дека по завршувањето на изборите ќе поднесе и кривична пријава. (Св.У.)


Статијата е прочитана 1746 пати.

Испрати коментар



Се прават списоци на граѓани кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ
Мируше Хоџа - личност на претседателската кампања
Најмногу од неопределените за Бошкоски
Дали политиката ги замолчи пелагониските фармери
Иванов честеше баклави и боза за победата
Чак Норис осми претседателски кандидат
Милошоски се' уште чека одговор од Грција
Oпштините останаа без женска рака



Игор, 26.03.2009 00:06:16
Целокупната програма на сите е мизерија. Владина пропаганда и српски филмови од пред 20 години...
flaster siti, 26.03.2009 00:08:31
Се додека Сител не се трансформира во музичка телевизија, од Македонија држава не бидува.
R.R., 26.03.2009 00:22:06
Sitel?? A kade se nekoi pecateni mediumi sto ne sakam da gi imenuvam???Nekoi bea dosta nakloneti sprema SDSM! Ili za opozicijata toa ne vazi?
mitko ima dilema, 26.03.2009 00:43:32
Vo svetot postoi, spored mene, edno pogresno veruvanje deka novinarite mora da se pozastiteni od drugite luge. Koga ke bide pretepan nekoj novinar se pravi mnogu pogolema buka otkolku koga bi bil pretepan nekoj obicen covek. Zosto karikaturi kako Latas koj so lazenje, navredi i manipulacii si go zarabotuva lebot treba da e pozastiten od nas - obicnite?
an od ulikoten, 26.03.2009 01:17:34
Vecer pisuva nevkusni lagi. Tie za site pisuvaat sto ne se od DPMNE. Samo ako si od nivnata partija znaci si svetec.
Битола, 26.03.2009 01:52:33
Луѓе, на Сител, Ѕинго и Латас треба да му се стават катанци и лисици а не телевизија да води таа багра.
GORAN, 26.03.2009 07:35:36
Btavo za Sovetot za Radiodifuzija, ja kazaa vistinata , a latas ima pravo sega da se ljuti, bidejki e eden od NAJKORUMPIRANITE novinari, i e eden obicen POLTRON na vlasta. Tolku ocigledno bese negovoto NAVIVANJE za dpmne, sto i od mesecinata se gledase, samo toj misli deka ne e taka, ako voopsto ima so sto da misli.
Talas, 26.03.2009 08:14:53
Abe ne se sekirajte, ke se vrati Dzingo nabrzo kaj Branko, a so toa i najgolemiot vmrovec latas.
citatel, 26.03.2009 08:20:48
Apeliram do site internet provajderi da vnimavaat komu mu prodavaat internet paketi. Komentatorot sto se potpisuva kako R.R. mi izgleda, da ne bidam grub, nedoveten. Kolku da se kaze nesto. Ako malku znae nesto ke mu bide jasno deka SRD gi ocenuva elektronskite mediumi. Ocigleden dokaz deka poseduvanjeto kompjuter samo po sebe ne znaci i poveke znaenje. A sto se odnesuva do namerata da go stavis i ovoj medium vo ist kos so Sitel, da bese toa taka nemase sekojdnevno da ne maltretiras so svoite komentari koi vo sustina se isti za site tekstovi i moze da se prevedat so eden zbor : Hajl!
gv, 26.03.2009 10:00:36
Do koga ce se tolerira TV Sitel ? So vakvo odnesuvanje na SITEL vo zapad vednas se stava kluc.
dzabe, 26.03.2009 10:15:42
dzabe i sitel dzabe i latas poglednete gi rezultatite vo Kratovo za samo 9 meseci od 4:1 sega nema ni 2:1 na ovie izbori
nekoj, 26.03.2009 10:18:26
R.R. komentarot ne ti sedi! :) Se komentira zosto se uste nemame nezavisni tuku debilni mediumi, vklucuvaki i vesnici i televizii; Celta e nezavisno novinarstvo i TV, a ne: ako moze utrinski, moze i sitel, ha ha ha; ti ke da si VMRO-ovca.
гледач, 26.03.2009 10:24:11
А сеуште има некој што гледа Сител? Јас мислев дека се самораспушти таа телевизија пред многу години.
sale, 26.03.2009 10:29:30
Latas ne e VMRO-vec, Latas e chovek koj ima 2-3 stana pozadi mashinski fakultet Latas e chovek koj menuva Jeep Chirokee na sekoi izbori (lokalni ili paralmatarni). Ne e toj vinoven, takvi se kientite, choveko ima samo svoja cena. Da beshe vo nekoja druga sfera ovaa ke go vikaa prostitucija, mada mislam deka Latas ne se plashi nitu od toa
Balansiranje, 26.03.2009 11:16:45
Me cudi podatokot deka TV 'Sitel" bila najneizbalansirana?! Zarem Latas bile neizbalansiran?! Ajde bogati . Pa to e balansiran, balansiran kako predna guma na "Jugo". Samo mu gi gi menuvaat balansite pa de vleci na levo de vleci na desno, nikako da trgne pravo..
dzole, 26.03.2009 14:05:59
Pogolem kriticar na opozicijata od LATAS nema.Zosto ne ja napadne ednas vlasta i nema sto da se luti koga etaka.Sekoja vecer bla bla samo se napaga SDSM anikako Vmroto kako da e se med i mleko vo Makedonija.Sramota sto edna tv.ima takov urednik.Poradi Latas ja iskluciv Sitel tv.Dosta ni e od vakvi poltroni na vlasta ka vmrovecot Latas.
25.03.2009, 19:01

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Претежно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 20°C, Мин: 7°C

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Волшебните „Дед кен денс“ утревечер во Солун
Концертот на „Дед кен денс“ во нашата најблиска културна дестинација е предизвик и за голем број македонски фанови...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |