Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
11.10.2011, 11:58

Неотпловиклива оставка на Државната пописна комисија




Како што се наведува во соопштението на вчерашната седницата Комисијата констатирала дека не се исполнети основните услови за натамошна реализација на Пописот

Сите членови на Државната пописна комисија поднесоа неотповиклива оставка и ги повикаа сите учесници во Пописот 2011 да ги сопрат сите идни активности поврзани со Пописот, соопшти Државната пописна комисија.

Како што се наведува во соопштението на вчерашната седницата Комисијата констатирала дека не се исполнети основните услови за натамошна реализација на Пописот.

- Во најголема мера ова се однесува на нееднаквата примена на методологијата утврдена од страна на Државниот завод за статистика, а усогласена со Еуростат во делот кој го разработува членот 6, став 3, членот 40 и членот 42 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, стои во соопштението од Државната пописна комисија во кое се додава дека поради овие причини Комисијата констатирала дека Пописот не може да резултира со релевантни податоци и оти ДПК не може понатаму да ги исполнува своите законски обврски.







Статијата е прочитана 1883 пати.

Испрати коментар






Istocna Makedonija, 11.10.2011 12:25:28
Kade se sega site onie glasnovornici i od Komisija- ta i od nekoi politicki kolektiviteti,koi revoltirano i kategoricno tvrdea deka Popisot ke se sprovede bez anomalii i vo korelacija so zakonskite propisi. Vakva slozena statisticka operacija ne moze taka improvizatorski,tuku-taka i ekpresno da se reali- zira.Problematikata e seriozna,sensitivna-Popis na naselenie,domacnstva,stanovi...Neka bide i sarkazam!Sto so honorarite na popisuvaci,osobe no na univerzalnite javni sluzbenici,mnogu od niv i od inklubator.Lakomi,em plata,em honorari!
kiki, 11.10.2011 14:55:34
Pa sto pravat ovie?? Si igraat so nasite pari.Nekoj treba da odi na psihijatriska procenka
Честитка!, 11.10.2011 15:36:52
Еј па ова се сјајни вести! На сите им е јасно како бел ден дека вака не можеше да продолжи. Не е проблемот во толкувањето на законот, туку фикс идејата дека пописот може да се заврши за само две недели со недообучени инструктори и попишувачи. Совет до владата: следниот попис да се одвива преку интернет во урбаните средини или преку централен регистар како во Данска и Германија. Ем пари ќе се заштедат ем живци!
Alek, 11.10.2011 17:44:05
So komisijata toa treba da go stori i vladata. Ovaa e bruka nad brukite. Svetot ni se i onaka smeese, a kako li tek sega ce ne gledaat. Nevidena nesposobnost, bruka i sramota. Posle se, kako da veruvame deka tokmu ovie ce go zadrzat imeto i ce ja ocuvat drzavata. Za Solun i Solunsko Pole da ne pravime i muabet. Neka si odat cas poskoro, zaedno so svoite megafoni, i da se nikogas povece ne vratat. Dosta e!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 8°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -3°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |