Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
30.05.2012, 17:36

Клупи под тенда за жителите кај Педагошка академија

Жителите од станбениот блок кај Педагошка академија летово ќе можат да се релаксираат во ново катче во маалото. Општина Карпош подготви проект со кој ќе го реконструира постојното плато, кое е едно од најчестите свртувалишта на граѓаните од овој реон. Во план е да се поднови целата површина од 2.000 квадрати на која ќе биде поставена нова колоритна подлога, ќе се обноват жардиниерите, системот за наводнување... Новина за просторот ќе биде местото за релаксација со урбана опрема. Ќе бидат поставени 40 клупи, 20 канти за отпадоци и исто толку локери за велосипеди. Сето тоа ќе се покрие со тенда.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски вчера најави дека проектот е комплетно готов, а Општината очекува наскоро да заврши јавниот повик за избор на изведувач. За оваа намена од општинскиот буџет ќе бидат издвоени околу пет милиони денари.

„Додека да стартува реализацијата на овој проект очекуваме да завршиме со реконструкција на коловозите на сите собирни улици во Карпош 2. Во моментов се работи на ‘Веселин Маслеша‘, ‘Бранислав Нушиќ‘ и ‘Руѓер Бошковиќ‘. Досега се поставени нови тротоари и рабници, а во тек е изведба на завршниот слој за обнова на коловозот“, информираше вчера Јакимовски. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 1137 пати.

Испрати коментар



Продолжено време за наплата на зонските паркинзи
Десетдневна забава со жонглери и магионичари
Барокната шминка на фасадите досега стопи 1 милион евра

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 26°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C

Четврток
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...
(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Нашата кинематографија ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели Владимир Блажевски, режисер и сценарист...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |