Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
17.09.2012, 17:59

„Летс травел“ остана без дозвола за работа

Туристичката агенција која не ги однесе македонските патници на Северен Кипар не смее веќе да врши туристичка дејност

Сања Наумовска



Туристичката агенција „Летс травел“, која летово не ги однесе македонските туристи на Северен Кипар, остана без дозвола за работа. Министерството за економија вчера информираше дека врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат до кој се пожалија измамените туристи, донело одлука на туристичката агенција од Охрид да и' забрани да врши туристичка дејност. Пазарните инспектори констатирале дека двете канцеларии на „Летс травел“, во Охрид и во Скопје веќе извесно време се затворени, а одговорните лица се недостапни. Туристичката агенција од Турција од минатата недела е избришана и од Регистарот на туристички агенции во Македонија.

Проблемот со аранжманите уплатени за Северен Кипар се појави ден пред рамазанските празници кога авионот кој ги врати македонските туристи од летување не ја однесе на островот новата група, туку си замина за Турција. Измамените туристи останаа на аеродром, а неколку денови потоа на можеа да добијат одговор од агенцијата, што се случи со нивните аранжмани. Објаснување, по неколку дена, даде сопственикот на агенцијата од Истанбул Хакан Четиз, кој ја информира македонската подружница на агенцијата дека хотелите во Кипар ги препродале собите наменети за нашите патници на туристи од Турција, кои сакале празникот да го поминат покрај море. Четиз уверуваше дека за македонските туристи ќе има алтернативни датуми за летување во Северен Кипар, но нашите патници од тогаш наидуваат на затворени врати на агенцијата.

Во меѓувреме, 19 туристички агенции, кои ги продавале аранжманите на „Летс травел“ за Северен Кипар се соочија со големи финансиски проблеми бидејќи беа принудени да им ги вратат парите на туристите кои преку нив уплатиле аранжмани. Штетата достигна до 86.000 евра, а агенциите побараа активирање на полисата за осигурување од одговорност со кои ќе си ги рефундираат средствата. Во насока на изнаоѓање целосно решение за проблемот предизвикан од „Летс травел“, министерот за економија Ваљон Сараќини минатата недела одржа средба со амбасадорот на Турција во Македонија, Ѓурол Сокменсуер.


Статијата е прочитана 351 пати.

Испрати коментар



Полицијата тврди дека разузнавачот не бил убиен

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 5°C

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |