02.02.2012, 17:25 Бугарија сака да ја заборави еврејската епизода
Може ли да се „бајпасира“ дел од историјата и земјата сосема да се амнестира од учеството во холокаустот
Димитар Чулев
По спуштањето на последната клапа на филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, бугарската јавност и медиумите одново се возбудија околу болната тема – депортација на Евреите од окупираните територии на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна во концентрациониот логор „Треблинка“.
Како што пренесува Дојче веле, Централниот совет на еврејските општини во Грција побарал од Бугарија да ја преземе историската одговорност за депортацијата на 11.343 Евреи за време на Втората светска војна: околу четири илјади луѓе од северниот дел на Грција и над седум илјади од територијата на денешна Република Македонија.
Германското државно радио во поширок осврт потсетува дека за време на војната Бугарија била на страна на силите на Оската, но дека и покрај фактот што 50.000 Евреи ги избегнаа нацистичките конц-логори, Бугарија не може сосема да се амнестира од учеството во холокаустот. За тоа се повикуваат и на германскиот автор Арно Лустигер, кој во книгата „Спасувачки отпор“ вели дека „најголемиот дел од бугарските Евреи ја преживеаја Втората светска војна и антисемитската политика на уништување, но не благодарение на бугарската влада или на кралот - тие немаа никакви скрупули за да и' ги испорачат Евреите на Германија. Во мај 1943 година илјадници тракиски и македонски Евреи од бугарската окупациска зона беа депортирани во ’Треблинка‘ и убиени“.
Бугарија се' уште не одговорила официјално на барањето од грчките Евреи.
„Вината за депортацијата на Евреите од окупираните подрачја се потиснува или му се префрлува на Хитлер. Тој шизофрен став се огледува и во актуелната дискусија во Бугарија“, констатира Дојче веле, според кое „интернет-форумите се доведени до точка на вриење“ а зад тоа стоеле „препредените Грци, кои сакаат да го одвратат вниманието од нивната актуелна мизерија, како и дека ’арогантните Германци’, кои ... денес пак сакаат да владеат со светот“, пренесува радиото.
Бурната реакција не е неочекувана. Во октомври минатата година тројца бугарски европарламентарци му испратија писмо на еврокомесарот Штефан Филе во кое предупредуваат дека македонскиот филм „Трето полувреме“ шири историски манипулации. Дека екранизацијата на една мачна епизода од Втората светска војна која се однесува на бугарската депортација на македонските Евреи во „Треблинка“ „поттикнувало омраза“ против Бугарија, дека сценариото во кое има и фудбал и вистинска љубовна драма и холокауст во завршниот чин било класичен пример на јазик на омраза и побараа прекин на проектот...
Бугарија се обидува да го „бајпасира“ овој дел од историјата иако постојат купишта докази за „Законот за заштита на нацијата“ од 1941 година со кој и посебно се уредувал „статусот“ на Евреите и на нивниот имот во тогашна Бугарија и на окупираните делови. Документиран е, исто така, отпорот на Бугарската православна црква и дел од интелектуалците кон прашањето на депортацијата на Евреите, како што постојат документи како бугарските власти организирале попис и прецизна операција за депортирање на Евреите од окупираните Тракија (4.000 лица) Македонија (7.200) и јужна Србија (3.000) кон „Треблинка“.
Дури во октомври 2008 година, македонската држава успеа да ��е избори и да стави спомен-обележје на локацијата на остатоците на некогашниот конц-логор и да им оддаде почит на своите Евреи.
Бугарија води политика на забошотување на историските факти. Во 1995 година, врховниот суд на Бугарија ги рехабилитира првите луѓе на фашистичкиот режим на Бугарија меѓу кои и Богдан Филов, премиер на бугарската влада од годините на фашистичка Бугарија (кој бил стрелан во 1946 година) и извесниот Иван Захариев, кој раководел со собирањето на Евреите во Монополот во Скопје и нивна депортацијата кон „Треблинка“. Во 1996 година бугарските Евреи кои живеат во САД, во чест на Борис Трети и спасувањето на 50.000 бугарски Евреи, подигнале таканаречена „Бугарска шума“ во Израел. Како дел од истата иницијатива биле подигнати и споменици на царот, на царицата Јоана, на достојници на Бугарската црква и на други заслужни личности од тоа време.
На стокхолмскиот Меѓународен форум за холокаустот што се одржа во периодот од 26 до 28 јануари 2000 година, бугарската делегација, предводена од тогашниот претседател Петар Стојанов, побара да и' се оддаде на Бугарија „специјално признание затоа што добро ги третирала Евреите за време на Втората светска војна“. Спротивно на доказите, било истакнувано дека бугарскиот парламент едногласно се спротивставил на антисемитизмот, а Стојанов тврдел дека дека прогон на Евреите, во последните 700 години, имал само кога Бугарија била под странска (турската или византиската) власт.
Организаторите го отфрлија таквиот предлог на Петар Стојанов, а организациите на Евреите од Грција и од Македонија со докази написмено го демантираа ваквото извртување на вистината.
Како резултат на реакциите на Израелците со македонско потекло и на некои бугарски интелектуалци, откако биле преиспитани сознанијата за депортацијата на Евреите од Македонија, Тракија и Поморавјето, со наредба на претседателот Шимон Перез, сите споменати споменици во Израел биле отстранети.
Во 2008 година Георги Прванов, претседател на Бугарија, при посетата на Израел ја признал вината за депортацијата на Евреите од Македонија, Тракија и Поморавјето во логорите на смртта, а израелскиот „Хаарец“ на 28 март осамна со наслов „Бугарија ја прифати вината за 11.000 жртви на холокаустот“. Прванов е прв бугарски државен функционер кој јавно ја признал вината на неговата земја за учество во систематското уништување на Евреите во Втората светска војна. Во врска со ова, во Ерусалим тој рекол: „Додека оправдано се гордееме со направеното за да ги спасиме Евреите, не треба да заборавиме дека во исто време во Бугарија имало антисемитски режим и не треба да бегаме од одговорноста за судбината на повеќе од 11.000 Евреи кои биле депортирани од Тракија и од Македонија во логорите на смртта“.
Но, организациите на македонските, а сега и на Евреите од Грција бараат Бугарија и официјално да се извини, како што го направил тоа претседателот Жак Ширак за депортација на 75.000 француски Евреи за време на војната. |
|
Статијата е прочитана 4089 пати.
|
Испрати коментар
|
|
pameten, 03.02.2012 03:15:05 | Sorabotkata na Bugarskata vlada vo Holokaustot e siguren fakt iako taa bila motivirana pred se od strav od Hitler (nitu carot Boris nitu prof. Filov do vojnata imalle antisemitski izjavi). Soprotivata na Bugarskiot narod, crkva, inteligencija i del od vladiniot vrv e isto ochiglednost. Istorijata nikogash ne bila crnobela prikazna. |
| Паметен, 03.02.2012 08:01:29 | Кој мисли дека спасувањето на Евреите во Македонија е можно е во голема заблуда. Ако војната траеше уште една-две години и Бугарија требаше да депортира своите евреи. Се е било политика и одложување, договорено од Борис. |
| Jaz, 03.02.2012 10:01:46 | Naselenieto vo Bugarija spasi evreite na teritorijata na stara Bugarija. Zosto naselenieto vo Makedonija i Trakija ne go napravi istototo, a barat vina vo Bugarija? |
| VP, 03.02.2012 10:33:53 | Бугарија е една од двете европски земји спасиле своето еврејско население за време на Втората светска војна. Но Бугарија е и одговорна за организирање на депортациите на евреjството о�� Македонија и Беломорието.
Какви и колку декларации да направи Бугарија за оваа своја одговорност тоа никогаш нема да биде доволно за Грци, Срби, а сега и за Македонци... |
| Mitre, 03.02.2012 10:50:19 | Arno da se kajuva vistinata do kraj.Makednija e okupirana od germanskite vojski i e dadena na bugarskiot car da e administrira.Himler ne dozvoluva evreite vo Makedonija da im se dade bugarsko drvavsvo i se zane zasto .Bugarskiot car i vlada gi deportirat toa e fakt tuku e fakt deka evrejte se deportirani pod pritisok na germancite i toa go ima dokumentirano vo arhivite na Germanij i Bugarija.Shto ke e stanelo ako bugarskiot car ne gi deportilat evrejte vonovite teritorii e jasno na sekoj koj znae vistina za geopolitikata vo toa verme.Istoricharite vo Izrel se zpoznati so vistinskite fakti i jano se znae za Holikost oti Izreal ne sakala do sega izvinenie od Bugarija prasham ?Sega doada i prashaneto koj i zashto sega vo 21 vek vo Makednija koga Evropa se obedinuva mu treba da se nluka po Bugarija? |
| от Пиринска Македониа, 03.02.2012 10:58:25 | Ви чека Четварто полувреме во Бруксел кога еден ден ке се решава за приема на Македониа во ЕУ, господа македонци, се се врака, не моj да го заборавате ова реченица! |
| Ивајло, 03.02.2012 11:22:09 | Бугарија не треба да го зборави прогонот на Евреите и не само тоа. Туку и злоделата која ги направи во Македонија (1941-1944) како што се: стрелањето на вташките деца, дабничкото клање, убиството на Васил Антевски Дрен, Цветан Димов, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Славчо Стојменски, Кузман Јосифовски, Киро Бајрамчески (невидено херојство за кое малку се знае), Невена Георгиева-Дуња ...... . Тие треба да се извинат на македонскиот народ и Евреите со што ќе си ги исчистат и им се простат греоите. |
| Iva N., 03.02.2012 11:48:37 | Blgarskiot narod e spasil svoite evrei. Blgarskata fashistichka vlada ne se sprotivopostavila na deportiraneto na 11 000 evrei. Treba da se izvini blgarskta fashistichka vlada ot 1942 g. |
| Tina so oslabnet vid, 03.02.2012 12:02:36 | Bugarite sakat, ama prasanjeto ne e za nih sto tie sakat. Koj gi prasuva Evreite sto tie sakat?
Lesno e da se negirat tie vreminja, a sto e sledno? Ke negirat se sto e istorijska vistina.
Oh, da, tie veke toa go napravile so nas.
I taka, novata istorija ke ne brise od knigite, i ke gi pravi Bugarite i Grcite anticki naslednici na Makedonskata istorija. Samo ako nie spieme.
Jas sum razbudena i orna za verbalna vojna.
A vie, istoricarite?, |
| bugarin od makedonija, 03.02.2012 12:21:32 | znaci vo bjrm se prodolzuva so anti bugarska propaganda samo za da se zadovolat apetite na nasiot severoistocen sosed, drzava koja gi ima izvrseno najgolemite zlostorstva pri raspadot na sfrj a sega i samata se raspaga a prasanje e dali ke ja povlece vo svojot raspad i nasata mila ni drzava |
| David, 03.02.2012 12:22:54 | Ako Bugarija imala administrativna uloga, zoshto ne gi zashtitila makedonskite evrei? Ako ne mozela da gi zashtiti, shto ne si otishla od makedonija? Zoshto Bugarija imala dvoen standard za evreite vo Makedonija i za evriete vo Bugarija? Dali zatoa shto vo Bugarija bile domakini, a vo Makedonija okupatori? Okupatorskata bugarska politika moze da se vidi i denes kon Makedonija.
Za podolu koj veli deka doagja i cetvrto polucreme, petoto e za vas. Izrael NIKOGASH nema da ja prifati vashata iskrivena vistina za ubistvata na nashite lugje. |
| von kragh, 03.02.2012 13:35:31 | Abe zatoa se vnucinjata na Asparuh vece poznati... Kako i koga i sto im odgovara... Osloboditelite vo Makedonija mi go strelaa dedomi 1943- mozebi dedomi ne docul deka se osloboditeli!!! Tie po potreba mozat da bidat- sloveni, trakijci, bugari, sto ti dusa saka samo ona pravoto nekako ne go spomnuvaat. Tursko-tatarsko-mongolsko pleme ste i taka ce si ostanite. Ako ne veruvate zemite tatar-eciklopedija ili odi na you tube i vo sliki ce gi vidite vasite predci Kurbag i compani... |
| Никола, 03.02.2012 14:28:36 | Македонските и тракиските Евреи не биле бугарски граѓани и нема како Бугарија да ги спаси. |
| поп Трајко, 03.02.2012 15:49:17 | Џабе е оваа дискусија.Гледаме дека во овој момент нема политичар од таков ков кој ке рече ИЗВИНИ за гревовите на неговиот претходник.Прочитајте било кој учебник по историја ,било бугарски било српски,па тие се уште не‘ “ослободуваат“.А ,што сте ја виделе А.Меркел како се поклонува во Аушвиц, мислам дека такво “јајце“ комшииве наши не можат да “снесат“. |
| Ајван Доктор®, 03.02.2012 17:53:45 | Дел од вината ја имаат и одреден број Македонци,кои и денес се чувствуваат като македонски Б’лгари!Едвај чекале да се отарасат од „незгодните“соседи Евреи кои биле побогати од нив,за да им влезат и да им ги запоседнат домовите!Судбината е слична и со одреден број Срби,на кои им е залепена етикетата дека се „доселеници“,иако голем број од нив имале подолги корени во минатото на просторот на Македонија од многумина кои денес се кажуваат за наследници на Александар! |
| dime, 03.02.2012 18:01:08 | Bugarija i vo 21 vek si ostanuva fasisticka drzava a kamoli da zborime za minatoto.Drzava vo koja seuste ima rasna,nacionalna i malcinska netrpelivost patot do Evropa za niv e mnogu podaleku iako sse vnatre vo unijata takvi gi ima mnogu clenovi na EU kade e pekol da se zivee. |
| vesso, 03.02.2012 21:47:42 | Fakt e nepobiten deka bugarskite vlasti gi deportirale evreite od site teritorii koi gi okupirale.Tocno e deka imalo otpor vo bugarskata crkva za deportiranje na evreite od Bugarija.No sekako bile na red i tamu.No situacijata na istocniot front se preokrenuva.Bugarskite prvenci pocnale da razmisluvaat sto ke bide posle.Toa gi spasilo bugarskite evrei.Gledam mnogumina uste gi narekuvaat denesnive bugari -tatari.Bugarite se edna od najcistite nacii,so 49% trakijsko poteklo.Bugarsko ama ic!!!E sega koj zemal tugo nacionalno ime?Bugarskiot narod ne e kriv za evreite.Sto mozel protiv vlasta,osojuzena so Hitler i Musolini. |
| Панчо, 03.02.2012 22:33:58 | Каде биле Македонците да ги спасаат Евреите? Нели цело време се збори како имало партизани, сопротива, НОБ. Па тогаш значи доколку постоела таква национална енергиjа значи би можело да се спасаат Евреите. Арно ама не се случило такво нешто. Бугарите ги спасиjа своите Евреи. А Македонците? |
| Реален, 04.02.2012 02:09:57 | Добро познато е дека во мрачните години на Втората Светска Војна еврејското население од сите европски земји окупирани од хитлерова Германија е депортирано во нацистичките логори на смртта. Само две земји се среќни исклучоци,односно спасители, Данска и Бугарија. Надвор од секаква човечка логика и длабоко понижувачки е спасителите денес да бидат прогласувани за џелати, а обвинители да се наследниците на оние кои не се спасиле никого! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -8°C
Слаби снежни врнежи
|
Понеделник
Локални врнежи од снег
Макс: -4°C, Мин: -8°C
|
Вторник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|