02.02.2012, 17:35 За неколку недели кандидатски статус за ЕУ
Белград - Србија во следните неколку недели ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ, изјави шефот на мисијата на ЕУ во Србија Венсан Дежер, за време на конференцијата „Новата регионална политика и европскиот стремеж“.
Дежер истакна дека до овој момент Србија има завршено огромна работа за остварување на оваа цел.
„Откако ќе добие кандидатски статус, земјата ќе влезе во нова фаза на развој и ќе треба да работи поактивно во таа насока“, нагласи Дежер. |