Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп
Свет
02.02.2012, 17:03

Кој заслужил, а кој добил Нобел за мир

Норвешкиот комитет од 2008 година добива критики дека наградата се оддалечила од намерата да промовира разоружување и мир

Шведските власти испитуваат дали Нобеловата награда за мир оди во погрешни раце и дали Комитетот за доделување на наградата со тоа ја крши волјата на основачот Алфред Нобел.

Норвешкиот комитет од 2008 година добива критики дека наградата се оддалечила од намерата на Нобел да промовира разоружување и мировни конгреси. Причината за разгледување на начинот на кој се носени одлуките е што наградата ја добиваа и борци за заштита на животната средина и активисти за човекови права.

„Тие целосно ја игнорираат желбата на основачот“, вели писателот и активист за мир Фредрик Хефермел. Според него, последните кои реално добиле награда за мир се ОН и нивниот тогашен генерален секретар Кофи Анан, кои ја добија Нобеловата награда во 2001 година.

Хефермел, кој е и адвокат по професија, успеа да го привлече вниманието на стокхолмскиот Државен управен одбор, чија должност е да осигура дека 7.300 регистрирани фондации во земјата ги исполнуваат желбите на нивните мецени.

„Господинот Хефермел има неколку добри аргументи“, рече адвокатот на одборот Микел Виман, кој неделава испрати писмо до фондацијата Нобел со седиште во Стокхолм, со барање да одговори на обвинувањата дека наградата повеќе не одговара на волјата на шведскиот индустријалец, кој почина во 1896 година.

Додека годишните награди за физика, хемија, медицина, литература и за економија се даваат во Стокхолм, Нобел нагласил дека комитет назначен од норвешкиот парламент треба да го одбира добитникот на наградата за мир. Затоа таа се доделува во Осло.

„Ја отфрламе идејата дека немаме почит за неговата волја. Ќе ја испратиме нашата изјава на 15 март и мислам дека тоа ќе биде крај на таа тема“, рече Геир Лундестад, извршен секретар на норвешкиот комитет.

Хефермел смета дека активисти за човекови права како Лиу Сиаобо, затворениот кинески дисидент кој ја доби наградата во 2010, или застапниците на сиромашните, како Мухамед Јунус, кој ја доби наградата во 2006 за популаризирање на микрокредитите, се добри луѓе, но погрешни за наградата.

Во 2007 година наградата отиде во рацете на активистот за кревање на свеста за климатските промени Ал Гор, а во 2009 во рацете на Барак Обама за „извонредни напори“ за поттикнување на меѓународната дипломатија.

„Дали го гледате Обама како промотор на укинување на војската како средство во меѓународните работи?“, праша Хефермел.

Вчера заврши номинирањето на кандидатите за годинашната Нобелова награда за мир. Меѓу нив се рускиот борец за човекови права Светлана Ганушкина, затворената поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко и кубанските активисти Освалдо Паја и Јоани Санчез. (Дојче веле)


Статијата е прочитана 451 пати.

Испрати коментар



Новинар фаќа забелешки пред експонат на шведскиот уметник Клаес
„Вечерњи лист“ - НДХ имала и крал
„Блиц“ - Затетеравено витештво
Нови судири, вмешана и Ал Каеда
Бан Ки-мун нападнат со обувки и камења
Се бараат 15 милијарди евра за Грција
За неколку недели кандидатски статус за ЕУ
САД престануваат со војна во Авганистан во 2013
Маринци и во Црвено Море
Бугарија сака да ја заборави еврејската епизода
Европратеници туристи
Збогум оружје



Kriteriumi si se kriteriumi, 03.02.2012 13:43:17
Ako odime spored zelbite na Nobel ,da nagradata za mir mu se dodeluva na covek koj pirodonesol vo razoruzuvanjeto i organiziranje na mirovni kogresi i konferencii, togas tie kriteriumi ne gi ispolnuvala ni Majka Tereza. A za Obama navistina e cudno obrazlozenieto , za unapreduvanje na medjunarodnata diplomatija, a tek stapuvase na dolznost pretsedatel na SAD

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Слаби снежни врнежи

Понеделник
Снег
Макс: -4°C, Мин: -9°C

Вторник
Снег
Макс: -3°C, Мин: -10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп |