Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп
Свет
02.02.2012, 18:32

„Вечерњи лист“ - НДХ имала и крал

Освен експертите по историја или оние кои современата историја на Хрватска ја изучуваат како хоби, на мал број граѓани на Хрватска им е познато дека Независна Држава Хрватска (НДХ) всушност била кралство. Сепак, историски факти кажуваат дека Анте Павелиќ, во рамките на договорот со Италија на Мусолини, во 1941 година за крал на НДХ го прогласил италијанскиот војвода Аимоне Роберто Маргерита Марија Џузепе Торина ди Савој. Тој официјално станува крал на НДХ на 18 мај 1941 година, кога во палат��та Квиринале во Рим, го именувал тогашниот крал на Италија, Виторио Емануеле Трети.

Аимоне ди Савој ја носел титулата крал на НДХ до 12 октомври 1943 година. По добивањето на круната го зел името Томислав Втори, како спомен на првиот хрватски крал Томислав. Интересно е дека, иако бил прогласен за крал, никогаш не стапил на тлото на Хрватска, па дури и одбил официјално крунисување во Томиславград. Според некои документи, Томислав Втори одбил да отиде во Хрватска поради кризата околу далматинското прашање. Една од причините зошто никогаш не дошол во Хрватска е и стравот за личната сигурност. Сепак, преовладува и мислењето, со оглед на начинот како владеел Павелиќ, дека договорот со Мусолини бил само политички трик за да ги расположи Италијанците и да ги оствари своите цели.

Со капитулацијата на Италија, Томислав Втори прво се повлекол на југот на Италија. Во тоа бегство ги напуштил сопругата и синот кои набрзо паднале во германско заробеништво. Томислав Втори емигрирал во Аргентина каде што починал во 1948 година.


Статијата е прочитана 343 пати.

Испрати коментар



Новинар фаќа забелешки пред експонат на шведскиот уметник Клаес
„Блиц“ - Затетеравено витештво
Нови судири, вмешана и Ал Каеда
Бан Ки-мун нападнат со обувки и камења
Се бараат 15 милијарди евра за Грција
За неколку недели кандидатски статус за ЕУ
САД престануваат со војна во Авганистан во 2013
Маринци и во Црвено Море
Бугарија сака да ја заборави еврејската епизода
Европратеници туристи
Збогум оружје
Кој заслужил, а кој добил Нобел за мир

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Слаби снежни врнежи

Понеделник
Снег
Макс: -4°C, Мин: -9°C

Вторник
Снег
Макс: -3°C, Мин: -10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп |