02.02.2012, 17:36 Бан Ки-мун нападнат со обувки и камења
Газа - Палестински демонстранти вчера на влезот во Појасот Газа го нападнаа со обувки и камења конвојот со кој патуваше генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.
Неколку десетици демонстранти се собраа на влезот на палестинската територија и почнаа да фрлаат со различни предмети кон конвојот.
Тие протестираат поради тоа што Бан Ки-мун за време на неговата посета не се сретнал со семејствата на Палестинците, кои се затворени од израелските власти. |