Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп
Свет
02.02.2012, 17:26

САД престануваат со војна во Авганистан во 2013

Обама сака да го намали военото присуство во Авганистан колку што е можно поскоро

Соединетите Американски Држави ќе се обидат постепено да ги запрат борбените операции во Авганистан во текот на 2013 година, повеќе од една година пред крајниот рок за повлекување, изјави секретарот за одбрана Леон Панета. Во изјавата дадена додека патуваше на самит на НАТО, Панета рече дека САД се надеваат дека ќе преземат улога за обука и поддршка на авганистанските сили. Неговите коментари се прв случај висок американски претставник да наведе временски распоред за преодот.

Околу 68.000 војници треба да останат во Авганистан по крајот на 2012 година. Сега таму има околу 99.000 американски војници, а 22.000 треба да се вратат дома во текот на годинава.

Досега немаше никакви информации како Пентагон планира да раководи со главниот дел од повлекувањето, туку само заложби за целосно повлекување на војниците до крајот на 2014 година.

„Се надеваме дека од средината до крајот на 2013 година ќе можеме да направиме преод од борбена улога на обука, совети и помош“, изјави Панета на пат кон Брисел, каде што се одржува самит на НАТО. Тој нагласи дека ќе останат опасности додека се обучат авганистанските сили да ги преземат безбедносните должности во многу области уништени од конфликтот. Секако, тоа е тежнеење, но е прв пат некој да зборува за значајна промена уште во 2013 година. Тоа е јасна индикација за желбата на администрацијата на Обама да го намали своето воено присуство во Авганистан колку што е можно поскоро.

За претседателот, кој ќе се натпреварува за реизбор на крајот на годината, тоа, исто така, е корисно. Барак Обама веќе заврши една американска војна, во Ирак.

Претседателот Барак Обама нареди „прилив“ на американски војници во Авганистан во 2009 година, во обид да ги заземе и да ги задржи областите под контрола на талибанците. САД се борат во Авганистан од периодот по нападите на 11 септември 2001 година, обидувајќи се да ги соборат талибанците поради нивната улога во заштитата на Ал Каеда. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 379 пати.

Испрати коментар



Новинар фаќа забелешки пред експонат на шведскиот уметник Клаес
„Вечерњи лист“ - НДХ имала и крал
„Блиц“ - Затетеравено витештво
Нови судири, вмешана и Ал Каеда
Бан Ки-мун нападнат со обувки и камења
Се бараат 15 милијарди евра за Грција
За неколку недели кандидатски статус за ЕУ
Маринци и во Црвено Море
Бугарија сака да ја заборави еврејската епизода
Европратеници туристи
Збогум оружје
Кој заслужил, а кој добил Нобел за мир

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Слаби снежни врнежи

Понеделник
Снег
Макс: -4°C, Мин: -9°C

Вторник
Снег
Макс: -3°C, Мин: -10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп |