02.02.2012, 18:31 „Блиц“ - Затетеравено витештво
Навивачите во светот, особено кај нас и во опкружувањето, веќе одамна ги претворија спортските натпреви - тоа наследство од благородните средновековни турнири, во нивна спротивност. Тоа денес се' повеќе е место на омраза, зла крв во преносно и буквално значење на тие зборови. Уметници од ист регион веќе одамна воспоставија колегијални, дури и пријателски односи. Меѓусебно се посетуваат со свои претстави, изложби, предавања, дури и се радуваат на успесите на своите гости. Меѓу спортските на��ивачи натпреварувачкиот дух го замени омразата која води во вистински мали војни. Што да се прави е тешко да се одговори бидејќи се чини дека процесот не може да запре, посебно бидејќи моќниците кои имаат профит од спортот, дури и во такви околности не остануваат со празни џебови. Понекогаш е недоволно дури и излегување на полицијата. И тоа излегување на полицијата чини нешто. Ја чини државата, а профитот оди таму каде што е очекуван. Би било логично сметката да им се доставува на профитерите кои се богатат на лоши навики.
Имајќи го предвид животното искуство, апстрактно може да се констатира дека состојбата би се подобрила кога оние кои имаат материјална корист од спортот и материјално ќе одговараат за тоа што им го прават нивните навивачи. Секако дека тоа не е едноставно, но секој обид да се направи ред во се' покрвавите безредија на спортските настани е подобар отколку рацете да се држат во џебови. Омразата и крвта која паѓа меѓу навивачите е заразна болест што може опасно да влијае на пошироките меѓунационални односи.
|