02.02.2012, 17:26 Маринци и во Црвено Море
Две пловила на американските маринци, нуклеарната подморница „УСС Анаполис“ и разурнувачот „УСС Момсен“, минаа низ Суецкиот Канал и влегоа во Црвен Море. Иако нивната крајна дестинација се држи во строга тајност, многумина веруваат дека ќе сопрат во Персискиот Залив.
Преминот на пловилата беше тешка задача за администрацијата на Суецкиот Канал, бидејќи поради безбедност мораа да го затворат Каналот за целиот сообраќај, па дури и го затворија мостот поради кој меѓу бреговите немаше врска цели четири часа. Сообраќајот во должина на брегот на Каналот, исто така, беше намален, известува Интерфакс.
Не постојат информации за крајната дестинација на пловилата, но не треба да се заборави дека тие се разместуваат во моменти на многу студени односи меѓу САД и Иран. Постојат шпекулации дека „Анаполис“ и „Момсен“ се движат кон Персискиот Залив за да ги зголемат веќе постојните американски сили стационирани во тој регион. Моментно Американците во тој дел од светот имаат две групи носачи на авиони што примаат наредби од „УСС Абрахам Линколн“ и „УСС Карл Винсон“. Во март би требало да им се приклучи и „УСС ентерпрајс“.
Откако ЕУ воведе построги санкции и ембарго на увоз на иранска нафта, оваа држава повторно се закани дека нејзината војска ќе ја затвори Ормуската Теснина, најважен пловен пат на „црното злато“ во светот. На Американците очигледно ќе им се придружат и многу други арапски земји од Персискиот Залив, што би можело да се заклучи според изјавите на кувајтскиот функционер кој изјави дека имаат планови во случај на ирански обид за затворање на Ормуската Теснина.
Техеран им понуди на набљудувачите од Агенцијата за атомска енергија при ОН продолжување на мисијата и додаде дека се подготвени да докажат оти нивните нуклеарни амбиции се мирољубиви. (Индекс.хр) |