Број 3628  вторник, 12 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Бахура: Реформите да не бидат заложник на спорот со името



12.07.2011, 14:22

Македонија треба да ги спроведе потребните реформи за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и покрај тоа што не е решен спорот со името со Грција, затоа што на таков начин кога тој ќе се реши ќе се скрати времето за нивно затворање и придружување кон Унијата, смета полскиот амбасадор Карл Бахура.

- Реформите кои треба да се спроведат во областите како правосудството, јавната администрација и други области не треба да се чека да се реши оваа пречка туку да ги спроведувате на колку што можете посоодветен начин, дури и пред да почнат преговорите. Кога ќе се реши прашањето со името и ќе почнат преговорите, времето за нивно завршување ќе биде пократко и тоа ќе биде подобро за вас. Сметам дека реформите не треба да се држат како заложник за проблемот со името, рече Бахура појаснувајќи ја својата неодамне[на изјава дека доколку Македонија не може да влезе на една врата во ЕУ, да проба тоа да го направи преку прозорец.

Тој на претставувањето на приоритетите на Полска за време на претседателствувањето со ЕУ, повтори дека неговата земја смета оти не е прашање дали, туку кога Македонија ќе стане дел од ЕУ. Според него подобро е тоа што поскоро да се случи.

Бахура појасни дека еден од приоритетите на полското претседавање со ЕУ е постигнување напредок во спроведувањето на стратегијата на ЕУ за проширувањето, односно, како што рече, да се промовира принципот за условеност и обврска на сите земји аспиранти и кандидати да ги исполнат потребните критериуми, а процесот на проширување да се разбере како фактор кој ќе ја зајакне кохезијата на Унијата.

- Во рамки на фокусот на односите Западен Балкан Полска планира да го поддржи европските апсирации на овој регион. западниот Балкан е високо на агендата на нашите приоритети, рече Бахура.







#
Статијата е прочитана 407 пати.

Испрати коментар

Од: Grujo e vinoven!
Датум: 12.07.2011 17:35:26
Problemot e i kaj nashive politichari koi neznaat da ja objasnat pravnata priroda na problemot so Imeto. Pokraj stranite pretstavnici, principite na pravoto ne gi razbiraat ni mashive diplomati i rakovoditeli .Sega treba RM da im reche na stranite faktori deka nie ke go reshime problemot so IMETO na poinakov nachin! Ke pregovarame, ama ke pobarame vo septemvri i Sovetodavnoto mislenje (preku Generalnoto sobranie na OON) od Megunarodniot sud za legalitet na denominacijata BJRM i obvrska za razgovorite za imeto (praven identitet)! Znachi treba na stranite dipomati da se kazhe da pristapuvame kon pravno reshavanje na problemot i nema da primarno barame reshenie preku razgovori/pregovori za imeto!!

Најди! во Утрински
Насловна
Насловна
Зошто (за)доцни Владата?
Заминувањето на последниот комунистички министер
„Кралот на Ла Манш“ го покори и Охрид
Груевски не сака да преговара
Плаќајте радиодифузна такса, ќе почне присилната наплата
Музиката е еден јазик со повеќе дијалекти
„Кланица“ на Тур де Франс
Скопје не е само Вардар
Без кредити нема добри профити за банките
Лично спечалените пари се тешки, ама чесни!
Низ прозорец во ЕУ?!
Тојота корола 1,4 D-4D, избор вреден сам за себе!
Ги плаќаме ли гревовите на нашите предци?
Иванов
Албанците се поделија, на ред се Македонците
Со сигнален пиштол и' пресудил на сопругата
Санчез во Барса за 40 милиони евра
Карикатура
Франција ги повлекува воените сили од Авганистан
Стил
Избрани тројцата потпретседатели на Собранието на РМ
Братот на Велија тврди дека не е виновен
Прв допинг случај на Тур де Франс
Онлајн вести

"""