|
|
|
|
|
|
Мислења
Албанците се поделија, на ред се Македонците
Слободан Најдовски
Рамноправниот третман на регионите во иднина ќе има силно влијание врз определбата на гласачите
Во претходната колумна пишував за поделбите во етничките политички партии по регионална припадност. Ја начнав темата за следните чекори на партиите на етничките Албанци во правец на зајакнување на нивното влијание во македонското општество, но и за меѓусебната конфронтација како резултат на влијанието на регионите на кои припаѓаат според седиштето или потеклото на нивните лидери.
Последните парламентарни избори покажаа дека ривалитетот меѓу партиите од албанскиот политички кампус, започнат на локалните избори во 2009 година, добива нов модалитет. Заедничко на сите им е што остануваат цврсти за зајакнување на позициите на Албанците во Македонија и сите постојано играат на картата на албанскиот национализам во функција на придобивање на гласачите. На тој план, разликата е што едни го прават тоа отворено, а други запакувано во одредена амбалажа. Но, кај сите е евидентно што увидоа дека обичниот македонски Албанец повеќе не се задоволува само со голи политички пароли од типот за наводно национално ослободување и освестување. Обичниот човек без разлика на етничката припадност започна многу повеќе да се интересира за задоволување на секојдневните потреби. Се' повеќе Албанците ја согледуваат и им пречи големата разлика во степенот на развој на подрачјата што се населени со граѓани од истатата етничка заедница.
Резултатите од последните парламентарни избори покажуваат дека големо влијание во нивната определба имало и местото од каде што потекнуваат или живеат лидерите на политичките партии. Иако е позната онаа изрека дека свештеник тешко проповеда во своето село, сепак, гласачите Албанци покажаа поголема доверба кон луѓето блиски до својата грутка земја со кои секојдневно ги делат своите проблеми. Една од причините за тоа е и што најверојатно веруваат дека многу повеќе ќе придонесат за својот просперитет гледајќи ги секојдневно како се борат со своите проблеми.
Колку и да сака некој да го негира ова тврдење резултатите се неумоливи. Така, ДПА и натаму за свое упориште го има Тетово, каде што во општински рамки освои 1.700 гласа повеќе од главниот политички конкурент ДУИ. Во некои средини, односно избирачки места што се наоѓаат во општината победата е изразена со значителна разлика во корист на ДПА.
Разликата во пратенички места ДУИ, пред се', ја должи на убедливата победа во кичевскиот и во регионот на Зајас и Осломеј. Фасцинантна е разликата во гласови во Зајас и во Осломеј, каде што ДУИ има сооднос спрема ДПА што би рекле некои, сто спрема нула. Во тој регион е идентичен соодносот и кога е во прашање споредбата меѓу ДУИ и партијата на Руфи Османи.
Упориштето на Руфи Османи како новоформирана партија е токму градот со кој тој вторпат раководи од позиција на градоначалник. Гласовите на гостиварци ги донесоа двете пратенички места на НДП.
Неизбежно е размислувањето дека политичките партии на Албанците во Македонија ќе се борат за секој глас на регионална основа и ќе мора да ги почитуваат барањата на сите без разлика каде живеат. Во спротивно, партијата на власт, во овој случај ДУИ, ќе се соочи со губење на гласовите во одделни средини, а со тоа во догледна иднина и со губење на победничките позиции.
Ако за партиите на етничките Албанци во Македонија може да се каже дека регионално се поделија и граѓаните ја согледаа потребата од рамномерен регионален развој, тогаш за партиите на Македонците се' уште стои дека центарот на одлучување е Скопје. Со исклучок на Социјалистичката партија, чие седиште е во Скопје, а конците се влечат од Кратово, главните партиципиенти на политичко партиската сцена во Македонија се во Скопје. На регионите се потсетуваат само за избори, но и тогаш првите места на изборните листи си ги резервираат за скопски кадри. Демек, во другите градови нема доволно изградени и препознатливи политичари што можат да го водат орото. Не мора ништо посебно да се пишува доволно е да се погледне составот на македонското Собрание според територијалната припадност на местото на живеење на пратениците пред формирање на Владата и на сите ќе ни биде доволно јасно каде се креира македонската политика.
Прерано е да се носи заклучок, но очигледно е дека полека се создава анимозитет спрема политиката на нерамномерното или нерационално вложување во регионите и концентрацијата во Скопје. Ваквата политика може да се смета како една од причините за постепеното вртење на грб на централната политика на последните избори. Се покажа дека иако владејачката партија во некои региони има личности со висок рејтинг, без разлика дали тој рејтинг е резултат на популистичка кампања и е нереален, сепак, или ги изгубија изборите или разликата од изборите во 2008 година е неутрализирана и е незначителна, која лесно може да се избрише на следните избори.
Така, во Прилеп и во Битола каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници за кои смета дека се со висок рејтинг, всушност, го доживеа и најголемиот пад на рејтингот во однос на 2008 година. Секако дека тие се жртва на својата популистичка пропаганда, но уште повеќе и на неадекватната регионална политика на Владата. За споредба, не случаен е добриот резултат на власта во Изборната единица број три. Всушност, најголемите ветувања, па и вложувања на ВМРО-ДПМНЕ, покрај Скопје, се врзани токму за тој крај. Само за пример, иако е погрешна политиката на ваков начин да се дисперзираат студиите, тоа и' донесе значителен бр��ј гласови на власта во овој регион.
Секако дека можат да се најдат и контраслучаи, но потребата од рамноправен третман на регионите во иднина ќе има силно влијание врз определбата на гласачите. Партијата кај македонските гласачи, која прва ќе го сфати тоа и вистински ќе го реализира во практика, ќе има и позитивни резултати. За жал, мојата ЛДП ја пропушти првата шанса на овој план. Иако прва и најмногу посвети внимание на децентрализацијата и регионализацијата, тоа не го материјализира на избори. Причината е што површно ја начна оваа проблематика и не беше пратена со адекватна кадровска регионална препознатливост.
Натамошната регионализација во Македонија е неопходна. Воопшто нема потреба да се плашиме од економско, но и политичко зајакнување на регионите ако тоа добро се организира и не го доведува во прашање унитарниот карактер на државата. Политичарите што го проблематизираат регионалното зајакнување, всушност, се следбеници на демократскиот централизам. Спречувајќи го зајакнувањето на регионите тие, всушност, ја чуваат својата позиција на политичка и финансиска моќ преку наметнувањето на стравот од распаѓање на државата по етничка линија.
Продлабочувањето на етничката нетрпеливост нема да биде предизвикана со креирање на буџетот врз основа на регионална избалансираност без разлика на етничката припадност на населението. Етничките недоразбирања сигурно ќе бидат потпалени доколку се креира буџет на национална основа.
(Авторот е поранешен пратеник)
|
#
|
Статијата е прочитана 2135 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: tetova |
Датум: 12.07.2011 00:42:29 |
|
Bravo, sekoja cest za analizata! |
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 12.07.2011 06:23:11 |
|
Toa znaci deka razvojnite komponenti treba da dominiraat.Zosto togas ne se podredat izbornite edinici spored plansko-razvojnite reoni i namesto veztacki sozdadenite 6 da imame 8 izborni edinici. Na ovoj nacin reonite bi dobile politicka osnova za ekonomski razvoj, a i celokupnata decentralizacija bi odela vo vistinski pravec. |
|
|
|
|
|
|
Од: do Slobodan |
Датум: 12.07.2011 06:55:21 |
|
Tvojata LDP propadna,pa sega sakas da propadne Makedonija so toa sto sakas regionalizacija.Toa bi znacelo federalizacija i zatoa nema da se dozvoli.Ako vo Makedonija malcinstvata bea pomalku od 10 %,togas bi mozelo da se razmisluva za regionalizacija,no vaka ne.Toa bi bilo zloupotrebeno od pobrojnoto malcinstvo koe e pretezno skoncentrirano vo eden del od drzavata.Tvojata zelba za dezintegracija ke ostane samo pusta,za srekja na nasata drzava.Baras regionalizacija,a navodno si za zacuvuvanje na unitarnosta.Sizofrenija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Igor |
Датум: 12.07.2011 08:19:16 |
|
Makedoncite se veke odamna podeleni so vakvi faci vo politikata koi za svoi licni interesi i ja rabotat politikata. So izjavi kako "ke jademe zivi luge" normalno e da ima podelenost. |
|
|
|
|
|
|
Од: Добра анализа, но со некои неперцизности |
Датум: 12.07.2011 09:49:08 |
|
Авторот добро ја забележува доминацијата на Скопјаните на изборните листи, посебно на оние на СДСМ (потомците на „црвената буржуазија“ од Водно!). Меѓутоа зачудувачки се резултатите во Третата ИЕ! Таму победи ДПМНЕ иако не е изграден ни еден км автопат, не е изграден ни помпезно најавуваниот аеродром во Штип, луѓето од ИМ масовно се иселуваат во Италија,така што таму масовно се шири „белата чума“, целиот регион, вклучувајки ги и кадровските решенија, е подреден на Штип(јаните), а, заслепените гласачи од останатите градови и села многу ефтино ги „продаваат“ своите гласови на ДПМНЕ и нејзиниот лидер, кој во општинските комитети поставува политички неписмени кадри, кои му се крајно лојални! |
|
|
|
|
|
|
Од: baki |
Датум: 12.07.2011 11:28:29 |
|
analizata drzi mesto. Mislam deka kaj nas treba da se primeni Slovenskiot model na decentralizacija i ramnomeren razvoj na regionite, t.e. dokolku saka nekoj da otvori biznis vo Skopje, togas danokot za nego bi bil pogolem i obratno, dokolku se otvora biznis vo ponerazvienite regioni, togas danokot bi bil pomal. So toa dolgorocno ke se obezbedi ramnomeren razvoj na site regioni vo drzavava. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ванчо |
Датум: 12.07.2011 13:42:16 |
|
За упсешна реализација на регионализацијата, односно децентрализацијата прво треба да се промени Изборниот законик. |
|
|
|
|
|
|
Од: spase avstralija |
Датум: 12.07.2011 16:45:41 |
|
E slobodane ke treba toa da mu go objasnis na Talevski konjanovski ako mozis bidejki si od SDSM tie nema da te i poslusaat a mozis i da si prav neli. Zalosno e edno ne deka protiv skopjani sum protiv ili istocna Makedonija od kade se vo ovie 20 godini site pretsedateli pretezno a nikoj od Bitola mnogu e zalno i bolno NIKOJA VLADA ne napravi nisto nikoj posebno za gradot koj sve e vrzano od Makedonsvoto i Patriotstvoto i Borbata za istrajnost na Maked.covek i gen grev i sram e toa. Ne da sum lut nego sto se slucuva denes e REZLULTAT na nedostatok na Bitolska mudrost da izlezeme od celiot Korsokak inaku ke bidime zaglaveni tamu kade sto sme sega bez bitolcani pravi a ne od tipot na Konjanovski koji i ne se bitolcani,i ne izrezilija kako ludje Makedonci -so mnogu talent darba i ostroumnost koj se kadri da resat site problemi, ovaj Talevski treba peglanje dobro da se osvesti sto pravi vaka tapka bitola vmesto. |
|
|
|
|
|
|
Од: Betoven |
Датум: 12.07.2011 17:02:12 |
|
Samo so promena na izborniot model i Makedonija da bide edna izborna edinica, samo togas ke ja imame vistinskata slika vo parlamentot i nema da ima nitu edna partija da pravi sto saka |
|
|
|
|
|
|
|
|