Број 3628  вторник, 12 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Заминувањето на последниот комунистички министер

Остана енигма што беше пресудно контроверзниот министер за правда, Михајло Маневски, цели пет години да биде човек од доверба на премиерот

Гордана Дувњак


Се одбројуваат последните денови од соопштувањето на имињата на новиот владин тим на старо-новиот премиер Никола Груевски, а актуелниот министер за правда, Михајло Маневски, се' уште неуморно работи на своите зацртани проекти. Агилен како и секогаш, склучува билатерални договори за екстрадиција, отвора нови судски институции, промовира законски новини. Секаде е присутен, патува, дава изјави, крои планови. Со елан и енергија на која можат да му позавидат неговите, неколку декади помлади колеги.

Но, тоа само ја дополнува сликата за 74-годишниот бивш обвинител, судија и антикорупционер. Личност што се доживува како политичар за сите системи. Ќе остане запаметен како последниот комунистички секретар за правосудство, но и министер со најдолг стаж во овој ресор во десничарската влада на портокаловите промени. Или, како што ќе напише во насловот наш колега во еден нед��лник: „Комунист во комитска одора“.

И додека се крои новиот владин „дрим-тим“, она што засега е многу извесно е дека ресорот правда преминува кај албанскиот коалиционен партнер ДУИ. Се враќа во рацете на партијата на Али Ахмети по цели пет години министерување токму на Маневски, кој на оваа функција беше вратен од пензија. Се' уште не е јасно кои биле мотивите на ВМРО-ДПМНЕ и лично на премиерот Груевски, така лесно да се откажат од овој важен ресор, кој е еден од врвните приоритети на македонскиот трнлив пат до ЕУ.

Дали е тоа жешкиот костен со четирите хашки предмети или, пак, намерата одговорноста за лошите состојби во судството да се префрли на некој друг? Се' досега, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, упорно се оглушуваше на сите критики и забелешки на работењето на Маневски, устоличувајќи го свесно или не, во човек од негова најголема доверба.

Груевски трпеше јавни критики од домашната јавност, која го обвинуваше Маневски за афери, партизација, како и за грубо мешање во работата на судската власт. Но, и критики од меѓународните фактори, кои при секоја директна средба со премиерот, недипломатски го изразуваа својот став дека најголемата реформа во судството би била смената на Маневски.

Ваквите забелешки, па дури и фактот што токму Маневски е посочен со име и презиме во Извештајот за напредокот на Македонија за ЕУ, како претставник на извршната власт што врши директен притисок врз судската, не беа доволни за смена на најконтроверзниот владин член во поновата македонска историја. Груевски молчеше и тогаш кога се откри дека министерот за правда неколку месеци земал и плата и пензија, кога јавно им се закануваше на судиите, кога сите тврдеа дека брачниот пар Маневски врши бескрупулозен притисок врз третата власт, ги елиминира оние што им се неистомисленици или не им се по волја. Кога лично Маневски поведуваше постапки за разрешување судии (случајот Виолета Дума), кога кумуваше на смени, го држеше под контрола Судскиот совет. Како минуваше време, така растеше уверувањето во јавноста дека Груевски, а не обратно, е должник на Маневски, штом толерира такво однесување, доведувајќи го во прашање дури и сопствениот рејтинг.

Запрашан како го оценува својот мандат и што планира да прави по завршувањето на функцијата, Маневски одговара резервирано. „Не е мое да го оценувам сопственото работење, но со оглед на моето долгогодишно искуство во правосудството, сигурен сум дека ќе помагам таму каде што од мене ќе се бара тоа“, вели Маневски во изјавата за нашиот весник. Впрочем, владејачката гарнитура не се откажа ни од услугите на неговата сопруга. Скопската апелациона судијка, Филимена, веднаш по пензионирањето е ангажирана од шефот на државата, Ѓорге Иванов, како прв човек на Комисијата за поплаки при неговиот Кабинет.

Маневски тврди дека не сака да се фали за сработеното, но затоа цело ова време обилно ја користеше секоја прилика да докаже дека реформите во судството почнале во 2006 година. Од моментот кога тој стана министер за правосудство. Кажува бројки колку судници биле реновирани, колку нови институции се отворени, зборува за драстично намалување на бројот на предмети ви судството, за информатичка револуција во судовите.

Експремиерот Владо Бучковски, кој важи за најголем критичар на Маневски, но и најголем виновник, за огромната моќ што ја доби министерот за правда со уставните измени изгласани во негово време е скептичен во однос на перспективите на третата власт.

„Си заминува најлошиот министер за правда, но ќе останат неговите проекти што ќе треба допрва да се имплементираат во текот на наредните две години. Сметам дека задачата на новиот министер за правда воопшто нема да биде благопријатна, бидејќи сите тие лоши решенија внесени во казненото право, изборот на судии, треба да се применат“, вели Бучковски. Тој е убеден дека нема битно да се сменат состојбите со доаѓањето на новиот министер, но повеќе од сигурен е дека доаѓа период на извесна релаксација во судството, кое нема да биде изложено на толку притисоци.

Исто како што тоа еднаш го направи од собраниската говорница, Бучковски и сега јавно признава дека згрешил кога застанал зад решението министерот за правда да биде по функција член на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. „Ниту јас ниту експертите не можевме да замислиме дека тоа може да се случи во олкав обем“, додава тој.




#
Статијата е прочитана 4308 пати.

Испрати коментар

Од: trpe od gradsko
Датум: 12.07.2011 00:16:07
Neka si odi posledniot komunisticki i nalos minister vo demokratska Makedonija...Bilo ne povtorilo se...minister koj nisto ne nepravi tuku rabotese selektivno, loso , minister koj doprnese sudstvoto da bide najlosa oblast vo koja grganite imaat najmalku doverba...Neka ide ovoj poveke od los minister koj samo pravi steta za Makedonija... Se nadevam deka Gruevski nema da saka povtorno da angazira za minister toa ke bide golema glupost i promosuvanje...Manevski odi ednas za sekogas dosta pravese steta na sudstvoto i pravadata vo Makedonija...i ne se vrakaj vo politikata bidejki si steta za Makedonija...
Од: Трпе
Датум: 12.07.2011 00:25:06
Си заминува вистинскиот Ханибал.Сигурно докторите му кажале дека за негови години,човечкото месо е многу штетно.Но правдата ако ја одбегнуваше на овој свет,сигурно ке го пронајде на другиот свет.А ова спечаленото со мака сигурно со него нема да си го понесе.
Од: Covek od Biblijata
Датум: 12.07.2011 00:45:38
Kako bre toa! Zarem nasiot " Metuzalem"i posleden komunisticki minister i poranesen komunisticki obvinitel ce odi vo penzija?! Toa nikako ne smee da se dozvoli. Predlagam amandman vo Ustavot Manevski da se proglasi za dozivoten minister za pravda. Pa covekot ima elan i volja!
Од: tulko drdeski,tetovo
Датум: 12.07.2011 01:23:30
Nema enigma vo rabotenjeto na osvedoceniot komunjar vo Vlada na DPMNE.,toj " pravno" gi osmisli site valkani raboti vo naseto drzavice.Kako zasluga za izvrsenata rabota bese cuvan do posledniot moment.Sega sepak brzo ke sleduva razvrskata i ke si dobie zasluzeno mesto megju velikanite na nasata istorija vo Idrizovo.
Од: viki
Датум: 12.07.2011 01:39:25
Имало Господ да се куртулиме ли од овој монструм?????? Нај одвратниот политичар ,да можам само да му судам ништо повеке несакам. Нека замине колку што е можно побрзо зошто неможам да го замислам. Ве молам утрински ова објавете го бидете доследни како и секогаш
Од: Марио
Датум: 12.07.2011 02:02:07
Комунистот го брани комунистот бе льуге !
Од: Lazo Stefanov
Датум: 12.07.2011 06:41:57
Najloso se pokazale ,,komunistite-komiti,, i ,,komitite-bolsevici,,. A takvi sme imale najmnogu. Ke dobieme li ednas eden ubeden demokrat za minister za pravda, koj posveteno ke raboti na zastitata na pravata na graganite, vazenje na pravoto i razvojot na demokratijata.
Од: Hari
Датум: 12.07.2011 08:01:02
Nema enigma, cetirite stana na mama i prikrivanje na kriminalot na familijata se pricina. Ovoj covek ne moze da si zamine tuku taka. Mora da odgovara za site zlodela.
Од: dedo dimo
Датум: 12.07.2011 08:06:43
A shto se ovie od SDSM.mozfa seFAZANI VO TUGI PERJA ?.Volkot Bojata na runoto mozi da e smeni ,a kutta ostanuva ista.Taka i so SDSM na chelo so Branko.
Од: Buntovnik
Датум: 12.07.2011 08:46:02
Neka se spremi za apsenje i pravec idrizovo
Од: Без срам и без перде
Датум: 12.07.2011 08:53:57
Му благодарам на Бога што си замина гробарот на македонското „правосудство“! Овој човек нема ни срам ни перде. Подготвен да гази по лешеви само заради остварување на своите кариеристички амбиции!
Од: jane.s
Датум: 12.07.2011 09:19:08
ovoj "minister" go izbrkale od doma i voedno bil bezglasna bukva,zatoa od nemajkade si gi lecel frustraciite vo ministerstvoto za pravda bozem e nekoj "strucnjak" za krivosudstvo vo R.M - a sto nekoj mu bil borglija toa e druga prikazna
Од: so-lo
Датум: 12.07.2011 09:25:21
Mozebi e posledniot minister so komunjarsko minato ama za zal nikako i posleden komunist na politickata scena na RM.Takvi kameleoni seuste ima i tie izigruvaat najgolemi borci za covekovite prava i slobodi i se kolnat deka odsekogas bile demokratski orientirani.Nivnoto vlijanie vo politickiot zivot na drzavata e seuste golemo.Koga stana jasno deka totalitarniot rezim vo SFRJ definitivno zavrsi tie pobrzaa da se piknat vo novoformiranite demokratski partii i vednas ja zaboravija vernosta kon komunistickata partija i drugarot Tito!! Toa se vika cvrst karakter!
Од: Rezzilov
Датум: 12.07.2011 10:16:50
Уште да си оди и последниот комунистички претседател на партија,бивш претседател и премиер на држава,можеби работата ќе ни тргне.
Од: А,бре дедо,улав дедо!
Датум: 12.07.2011 11:36:02
Дедо Димо,каде во текстот прочита нешто за СДСМ и Бранко? Ептен си збрлавен!
Од: Pile
Датум: 12.07.2011 11:38:15
Noviot minister za pravda i Javniot obvinitel navreme neka si gi zasucat rakavite,ako sakaat uspesna borba so kriminalot i korupcijata i neka mu ponudat na ministerot vo zaminuvanje da go vklucat vo programata za zastiteni svedoci, a ke prifati, moze i samiot da se ponudi, neka pobrza mozebi drugi ke go pretecat
Од: Петре од Прибилци
Датум: 12.07.2011 11:38:45
Што сте навалили на човекот кој целиот свој живот го даде за правото и правдата на македонскиот народ кој секој ден е посреќен и посреќен и незнам како ќе го преживее заминувањето на овој праведник.Лично не верувам дека ќе замине од судството туку така има добри наследници кои со своите животи ќе ги следат неговите патокази и нема да ги изневерат неовите препораки. Се надевам дека Господ иако е презафатен ќе најде време да погледне и кон нашата Македонија и ќе ни помогне.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 12.07.2011 13:15:48
Komunisticki minister!A doaga kako minister od VNRO DPMNE!Ne stima nesto?Kolizija,kontradiktornoi!No,vo sekoj slucaj,ADIO!
Од: vojislav
Датум: 12.07.2011 14:53:53
fala bogu za nego nemam zborovi (on je prica za samok sebe i okolina u kojoj zivi )
Од: забеган.
Датум: 12.07.2011 16:30:53
Ама едвај го прочитав НАСЛОВОТ.Се скапав од плачење леле тешко нас а потешко на Државата.Ќе си одел некој кој не требало нити да биде,,,,,,,,.Па дури и министер.
Од: kire usa
Датум: 12.07.2011 16:36:45
Ocigledno bese deka mora takva smena da se napravi za da si go socuva zadnikot maliot GLUJO.

Најди! во Утрински
Насловна
Насловна
Зошто (за)доцни Владата?
„Кралот на Ла Манш“ го покори и Охрид
Груевски не сака да преговара
Плаќајте радиодифузна такса, ќе почне присилната наплата
Музиката е еден јазик со повеќе дијалекти
„Кланица“ на Тур де Франс
Скопје не е само Вардар
Без кредити нема добри профити за банките
Лично спечалените пари се тешки, ама чесни!
Низ прозорец во ЕУ?!
Тојота корола 1,4 D-4D, избор вреден сам за себе!
Ги плаќаме ли гревовите на нашите предци?
Иванов
Албанците се поделија, на ред се Македонците
Бахура: Реформите во Македонија да не бидат заложник на спорот со името
Со сигнален пиштол и' пресудил на сопругата
Санчез во Барса за 40 милиони евра
Карикатура
Франција ги повлекува воените сили од Авганистан
Стил
Избрани тројцата потпретседатели на Собранието на РМ
Братот на Велија тврди дека не е виновен
Прв допинг случај на Тур де Франс
Онлајн вести

"""