Велосипедизам
Прв допинг случај на Тур де Франс
12.07.2011, 13:48
Русинот Александар Колобњев е првиот велосипедист кој падна на допинг тестот на 98-то издание на Тур де Франс.
Меѓународната велосипедска унија (UCI) објави дека примерокот на урина, кој на 6. јули е земен од Колобњев, содржел траги на хидорхлоритијазид, средство кое се употребува во лекување на хипертензија или за проблеми со срцето.
Веднаш по објавувањето на веста, Колобњев е суспендиран од трката, тој сега има рок од четири дена да побара анализа на Б примерокот, а во соопштението на неговиот тим Качуша се вели дека доколку и вториот тест биде позитивен, тогаш тој веднаш ќе заработи отказ од екипата и ќе мора на екипата да и плати обесштетување во висина на пет негови месечни плати.
Пред суспензијата Колбњев беше 69-ти во генералниот пласман, со 22,15 минути заостанување во однос на носителот на жолтата маичка Томас Веклер.
|