|
|
|
|
|
|
Поглед
Низ прозорец во ЕУ?!
Димитар Чулев
Добронамерен е советот, но несреќно е избрана поговорката како Македонија да влезе(ла) во ЕУ :
„Ако вратите се затворени, влезете преку прозорец“, порача полскиот амбасадор Карол Бахура деновиве кога неговата земја го зеде претседателството со Унијата. Во духот на старата полска поговорка, тој веројатно сакаше да пренесе дека ако домаќините (заради Грција н.з.) не ве пуштаат да влезете во редовна процедура во Унијата, вие реформирајте се (читај: најдете скали и друг начин) да го заобиколите главниот влез!
Но, стара македонска поговорка вели дека низ прозорец влегуваат само крадци или во најмала мера, непоканети гости, а таквиот обид за упад на туѓа територија не е цивилизиран. Доброто воспитание и балканскиот бонтон претпоставува најава или повик, подготовка (пристојна облека, шише вино или букет цвеќе) пред некој да се појави на нечија врата со јасна намера да го мине прагот. Домаќините се тие што според истите непишани правила, велат – повелете. И уште повеќе ви помагаат да се снајдете во антрето, по ходникот, ска��ите до приемната... Отсуството на движење од таа страна на вратата, неодговарање на ѕвонењето (тропањето) и неподвижната квака, никако не значат сигнал дека треба да се впуштите во непристојно ѕиркање низ окцето, насилно туркање на вратата или барање - алтернативен влез.
Се разбира, амбасадорот не го мислеше тоа. Само сакаше да пренесе дека треба земјава да е упорна на патот ЕУ. Но, што ќе се случи доколку некој амбасадор на некој иден претседавач со ЕУ не' подучи дека најубавите подароци, како членството во ЕУ, на пример, ги носи Дедо Мраз. Тој влегува - низ оџак, а ние сме големи да веруваме во Дедо Мраз. |
#
|
Статијата е прочитана 1597 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Владо |
Датум: 12.07.2011 00:15:11 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: steve |
Датум: 12.07.2011 02:04:40 |
|
Znaci i vratite ke se otvorat ako samo da se odkazeme od naseto biblisko ime,ke bidime ne makedonci i Makedonila da e snema i togas opa vo Evropa,arno ama koga ke ne prasaat koj sve vie - nie ke kazeme novi bez ime i , inditet Evropejci,aj nazdravje,e pa sto sakate i Evropa i imeto da go cuvate nemoze,treba sami sebe da se ponistime za da bidime evrounisteni. |
|
|
|
|
|
|
Од: kole |
Датум: 12.07.2011 02:51:31 |
|
Јас не сакам да влезам во ЕУ доколку морам заради тоа дасе изгубам себе по пат. Негледам дека ЕУ егаранција за добар живот. Еве ја Турција за пример, не е во ЕУ а сосема добро им оди. Добросостојбата е во наши раце.Само вредна и чесна работа, почитување на закони и успехот нема да не одмине. А ЕУ нека си ги спацува своите “деца“. |
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 12.07.2011 05:58:56 |
|
Se dodeka vo RM najprofitabilanata rabota se javnite nabavki, korupcijata i privilegii na onoi sto e na vlast, nema silen motiv za vlez vo EU, tuku obratno. |
|
|
|
|
|
|
Од: euro |
Датум: 12.07.2011 07:23:32 |
|
Tekstot pocnuva dobro,kratko i jasno i odednas prorabotuva sindromot ,,sekako ambasadorot ne go mislese toa,,Pa dobro a sto toa mislese, toj da dade izjava i si kaza toa sto ne trebase da go kaze.Mozam da zamislam kakov ke bese tekstot dokolku nekoj od nasite politicari tresnese zelena.Pa toa ke bese vadenje na tesko oruzje i koga ke se raspukase novinarov koj znae kogo se ke dofatese mislam da pogodi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Прекрстени не сакаме во ЕУ |
Датум: 12.07.2011 07:55:30 |
|
Не знам што мислел амбасадорот, ни сите тие од ЕУ, но тоа што ни го бараат за влез во ЕУ е едно големо потценување, па дури и понижување. Зошто Грците да бараат да си го смениме името, кога античките Македонци не биле Грци? Нека некој од ЕУ ми го објасни тоа. Ние сме генетски поблиски до Александар. Ние треба да влеземе во ЕУ на голема врата. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 12.07.2011 09:33:45 |
|
Site zboruvanja se Metafori, za taa vistina koja nema da ni dojde po istorijska pateka.
A ke ni bide sugerirano da krademe i lazime se do
EU. Taka ne se odi nikade. Nie Makedoncite ne ni treba nikakvi metafori za vistina koja e nase nasledstvo. Ako ne mozeme na vrata, (oti ne ne sakat) nema da im odime kao nekoj si so inakvo ime.
Tolku se providlivi so nijnite sugestiji, da ne mi se veruva, tie se akademici.
Neka si gi zakacat diplomite vo nuznikot.
Oste ne e roden toj, koj ne se plasi od vistinata.
Znam dvajca takvi, Aleksandar i Isusa.
Ha, ke vlezeme kroz vrtickata? ne nie Makedonci. |
|
|
|
|
|
|
Од: do branitelite na IMETO |
Датум: 12.07.2011 10:18:06 |
|
Dali ste svesni deka so imeto e zavrsena rabota samo se ceka moment kako toa ovcarot da go potpise a da bide so pomali potresi,svesen deka na taa karta gi dobiva izborite sega tesko mue no ke mora da odluci no jas velam tesko na onoj sto saka da ni go smeni imeto ke bide kaznet i zasekogas ke go snema od politickata scena. |
|
|
|
|
|
|
Од: мене до Еуро |
Датум: 12.07.2011 11:11:02 |
|
ne primeti cinizam vo tekstot... mora li vednas kavga |
|
|
|
|
|
|
Од: Ное |
Датум: 12.07.2011 11:37:15 |
|
Библиско име од 1945?!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Jovica |
Датум: 12.07.2011 15:34:20 |
|
сака да каже : бидете креативни , мудри , итри . престанете да идеализирате ( букети , врати , форми ) , и почнете да играте во новиот светски поредок . крст на чело оддамна не е доблест !!! |
|
|
|
|
|
|
|
|