Франција ги повлекува воените сили од Авганистан
12.07.2011, 14:42
Францускиот претседател Никола Саркози, за време на денешната ненајавена посета на Авганистан, рече дека до крајот на 2012 година од таа земја ќе бидат повлечени 1.000 војници, што претставува една четвртина од сегашниот контингент, пренесе Ројтерс.
Саркози рано утринава допатува во петчасовна посета на Авганистан, за време на која ќе се сретне со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и американскиот генерал Дејвид Петреус.
Француските војници од 2001. година, учествуваа во меѓународната операција во Авганистан која ја предводат САД и НАТО, а за 10 години, животот го загубија 64 француски војници.
Британската новинска агенција оценува дека повлекувањето на војниците, ќе ја зголеми популарноста на Саркози пред претседателските избори во Франција, идната година.
|