Број 3628  вторник, 12 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еконо��ија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Едиторијал

Скопје не е само Вардар

Роберт Димитриевски

Ако сега не му тргне на Вардар, нема никогаш. По повеќегодишно танцување на работ на амбисот, најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија конечно заплови во мирни води. Главниот град реши да го згрижи својот најпознат спортски бренд преку учество во раководењето и во финансирањето на клубот.

Петкратниот македонски првак и уште толку пати освојувач на Купот на Македонија, како и по еднаш шампион и куп-победник на некогашна СФР Југославија, од ребалансираниот градски буџет годинава ќе добие 15 милиони денари. Комисијата за спорт на Советот на град Скопје, како предлагач на одлуката, во образложението нагласува дека „успесите на Вардар оставија неизбришлива трага во поновата историја на градот Скопје и придонесоа за голема афирмација на неговото име низ светот. Затоа, во овие тешки моменти за клубот, градот има обврска да помогне во неговото закрепнување и повторно издигнување на реномето“.

Но, оттаму порачаа и дека нема вечно да го финансираат, туку само во наредните неколку години, а во меѓувр��ме ќе се обидат да му најдат на клубот приватни инвеститори, задржувајќи за себе само дел од раководните функции, за да не му се повтори никогаш повеќе голготата што заврши со испаѓање од Првата лига.

Желбата да му се помогне на најпопуларниот спортски колектив во Македонија не е спорна, посебно не за армијата навивачи на Вардар што во овие 64 години ги споделуваа и радоста и тагата со генерации фудбалери во црвено-црни дресови. Предолго трае агонијата на клубот што во поранешната држава претставуваше еден вид репрезентација на Македонија и кој по осамостојувањето за само еден гол не влезе во групната фаза на Лигата на шампионите, за да се остане рамнодушен.

Не е нешто ново и невидено ни паричната помош од градот за клубот што е негов заштитен знак на спортски план. Ако, на пример, Сплит не го земеше под своја закрила Хајдук, „белите“ годинава немаше да го прослават стогодишниот јубилеј од основањето, бидејќи немаше да постојат. Загреб, пак, од градската каса лани издвои пет милиони евра за Динамо!

Вардар доби дваесет пати помалку средства од градот, но за македонски услови тоа не е ни малку занемарлива сума. Дотолку повеќе што станува збор за повеќе од половина од годишниот скопски буџет за спорт од 27,5 милиони денари. Тоа е првиот „фаул“, бидејќи скопскиот спорт не го сочинува само фудбалскиот клуб Вардар. Прволигаши се и Работнички и Металург, а тука се и ракометните „перјаници“ Металург и Вардар про, кошаркарските Работнички и МЗТ Скопје итн.

Кога веќе е толку загрижен за клубот што се вградил во поновата историја на градот, зошто Скопје не реагираше и кога падна на колена ракометниот гигант Ѓорче Петров, освојувач на Лигата на шампионките во 2002 година, европски вицешампион во 2000 и во 2005, како и 17-кратен државен првак и 16 пати победник на националниот Куп? Зошто градот не мрдна со прст за да го спаси одбојкарскиот великан Работнички по повлекувањето на спонзорот „Фершпед“?

Секој вистински љубител на спортот не може да биде против поддршката за клубот што го носат во срцето илјадници луѓе и кој оставил траен белег во севкупниот општествен живот на градот, па макар и со парите на граѓаните. Проблемот е во тоа што, според критериумот афирмација, привилегиран статус како Вардар заслужуваат и други спортски клубови во Скопје. И Загреб го помага Динамо, но само со една петтина од градскиот буџет за спорт од околу 25 милиони евра, а остатокот од средствата ги делат ракометарите на Кроација осигурување, кошаркарите на Цибона, ватерполистите на Младост, како и фудбалерите и кошаркарите на Загреб.


#
Статијата е прочитана 1438 пати.

Испрати коментар

Од: Никола
Датум: 12.07.2011 01:16:07
Работнички во кошарката е далеку повеќе од она што е Вардар во фудбалот. Потрофеен е и најстар кошркарски клуб во Македонија. А сепак, игра во мизерна сала, добива мизерни средства од општина Центар, чиј градоначалник приватно го финансира и ривалот МЗТ, а власта прави се’ за МЗТ да стане шампион. Единствено решение е, политиката надвор од спортот.
Од: Gox Ultras Skopje
Датум: 12.07.2011 03:48:12
Vo Zagreb postojat mal milion klubovi,od site sferi na sportot..Ama gradot go finansira samo DINAMO ZAGREB ! Istoto e i so Split,kade sto HAJDUK ima poddrska od gradot,istoto e i so Crvena Zvezda,a vo Belgrad ima klubovi kolku sakas i kakvi sakas...Si gi pomesal brzinite druze novinar...Gordosta na SKOPJE bila,e, i ke bide F.K. VARDAR...A ne deka nema mal milion niskobudzetni koi sto sakaat da gi dostignat velicinite na svetosta !!!
Од: Goran
Датум: 12.07.2011 08:09:31
Samo edna mala korekcija.Grad Skopje sredstvata gi izdvoi za FK Miravci ne za FK Vardar
Од: Igor
Датум: 12.07.2011 08:27:40
Veke vakvi tekstovi za Vardar se nepotrebni. Karavanot vrvi kucinjata laat. Na uzasno nisko nivo e sekakov sistem na vrednuvanje. Vo toa sekako i golem udel imaat i novinarite. Koga vie t.n. sportski novinari osven za fudbalot, kosarkata i rakometot ste pisuvale za drugi makedonski sportovi? Koga ve zabolelo vo tekot na godinata da posetite nekoja sportska federacija, da se zainteresirate za nejzinoto rabotenje i planovi i dostignuvanja? Pre bi da prevedete tekst od internet za devojkata na Ronaldo otkolku da istrazuvate i napisete nesto i za drugite sportovi. Normalno e toj nekoj koj ima pari da pomogne tamu kade sto veke se kreva galama za da go ima vo vesnici
Од: мене
Датум: 12.07.2011 09:24:24
и да бил гордост на скопје, сега со ова е негов срам, еден тим од едно село кога успеа да избори опстанок, нека ви текне каква е ситуацијата во вардар, а и срамота е ова со миравци шо направија, па колкава што сака гордост нека биде, тие ИСПАДНАА и сега таму(во втора лига) им е местото, па ако се избореа за влез во првата пеки ама вака... следен е претпоставувам ,,кометал" - п.с. и мене вардар ми беше омилен тим
Од: Novo Lisice
Датум: 12.07.2011 10:50:26
Grad Skopje go finansira Vardar zatoa sto e negov osnovac,a toa znaci deka mu e i majka i tatko i normalno deka treba da mu pomogne na svoeto cedo.Davam edno golemo LIKE za ovaa rakovodna garnitura na gradot za potegot sto go napravija so FK Vardar.

Најди! во Утрински
Насловна
Насловна
Зошто (за)доцни Владата?
Заминувањето на последниот комунистички министер
„Кралот на Ла Манш“ го покори и Охрид
Груевски не сака да преговара
Плаќајте радиодифузна такса, ќе почне присилната наплата
Музиката е еден јазик со повеќе дијалекти
„Кланица“ на Тур де Франс
Без кредити нема добри профити за банките
Лично спечалените пари се тешки, ама чесни!
Низ прозорец во ЕУ?!
Тојота корола 1,4 D-4D, избор вреден сам за себе!
Ги плаќаме ли гревовите на нашите предци?
Иванов
Албанците се поделија, на ред се Македонците
Бахура: Реформите во Македонија да не бидат заложник на спорот со името
Со сигнален пиштол и' пресудил на сопругата
Санчез во Барса за 40 милиони евра
Карикатура
Франција ги повлекува воените сили од Авганистан
Стил
Избрани тројцата потпретседатели на Собранието на РМ
Братот на Велија тврди дека не е виновен
Прв допинг случај на Тур де Франс
Онлајн вести

"""